Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Прво и прво, приказната во Дорн продожува да тече како шо беше очекувано. Секоја епизода е поглупа. Со Џејми не беше толку лошо, можда оти тоа едвај траеше една минута. Ама на кој идиот му дадоа да ги пишува Сенд Снејкс? Одамна немам нешто толку лошо видено.

Ако го тргнам тоа настрана, епизодата сепак беше многу просечна. Цела сезона ми оди многу споро. Постојано читам на интревјуа велат дека имаат испланирано само уште две сезони, а петтата е полна со повеќе филер од втората сезона на Walking Dead.

Ама добро, дефинитивно беше подобра од минатата и секоја епизода има по некој хајлајт. Пример, Џонатан Прајс секогаш беше одличен, ама денес имаше повеќе фокус на него и пак се докажа дека е еден од најдобрите актери оваа сезона. Ми фалеа таквите сцени меѓу Тајвин и Олена, ама еве најдоа со друг такви сцени да снимаат. А и со Серси беше многу добро. Врти-сучи, Лансел пак најде начин да ја дупи.

И нормално, не можам да останам без коментар за Станис: ќеф ми е дека конечно ја шутна Мелисандре.
 
И тоа го забораив во Дрон,колку несвојствено за серијата. Му го даде противотровот бе:pos:
А за станис сеа некако ќе ја напраат работава ради тоа да го јаде. Иначе следна епизода на трејлерот глеам има доста сцени со Џон па вајда ќе биде интересна.
 
q2jtIhY.gif
 
Единствено нешто добро што видовме во Дорн епизодава беше последната строфа од Dornishman's wife :pos: Добро, и уште нешто :cool: Можам да се кладам што ќе се случи во следната (y)
 
Знаеш дека ГоТ падна на дното кога пола епизода им е секс сцена со Сем и Гили. Кој битен фактор во серијата понатаму ќе излезе од нив жити се. :mad:
 
И тоа го забораив во Дрон,колку несвојствено за серијата. Му го даде противотровот бе:pos:
А за станис сеа некако ќе ја напраат работава ради тоа да го јаде. Иначе следна епизода на трејлерот глеам има доста сцени со Џон па вајда ќе биде интересна.

Да, да, сцените со Џон и ноќната стража се една од ретките работи шо се добри во сезоната. Само пак серат врз ликови шо беа одлични во претходната сезона. Како шо рече ти, Ализер за ништо пак почна да го замара Сем, а лани тој виде ептен многу развивање како лик. Одличен беше во епизодата со битката против дивјаците. Ама еве, сега пак е генеричен лик кој треба да ги претставува промените на Ѕидот откако замина Џон.

Знаеш дека ГоТ падна на дното кога пола епизода им е секс сцена со Сем и Гили. Кој битен фактор во серијата понатаму ќе излезе од нив жити се. :mad:

Филер е најбитниот фактор во која било популарна серија. Ако е срање, пак ќе ја гледаат луѓето. Одвреме-навреме ќе уфрлиш и нешто шо треба да е интересно, ама ќе штедиш на таквите моменти за да ја туркаш серијата до бескрај. Еве пак за пример ќе ја земам The Walking Dead. Првата сезона беше супер. Ама кога видоа дека можат да привлечат над 10 милиони гледачи секоја недела со фармата, така продолжија и во третата. Така и овие праат. Ние ич не им значиме шо се жалиме, сепак 90% сме пирати, ама и тие на НВО шо ја гледаат истото го зборат. Ама пак недела навечер ќе седнат пред телевизор за да можат еден саат подоцна уште да се жалат.

Тажно е, ама и ГоТ стана една од тие it's so bad, it's good серии.
 
Освен делот со Сем и Гили епизодата беше многу подобра од претходната. Добро е што нема да го изгубиме Брон убедливо најдобар хумор ни носи во серијата. Литлфингер е како измислен за позицијата што ја држеше Варис ептен добро му дојде внукот на Серси за пазарењето со Олена. Мене искрено приказната со фанатиците ми е многу глупа.
 
@Alex Baratheon
Хах да. Се жалам а реалноста е дека немам фрлено ни денар за серијава. :LOL:
Сепак, едвај ги чекам понеделниците, така да и не ми пречат до толку филериве, само да има од дрогава. За жал уште 3 епизоди, па поново чекање.
 
Ко другоме јаму копа... :D

Не ми е јасно, ако сега Томен не им влезе и ги разбуца, не знам што да кажам. :D
 
Нема што да ја коментирам епизодава, малку на повисоко ниво беше од претходните.

Сакав да кажам само дека сум се заљубил во ова девојчево од Дорн што го спаси Брон. Само еден месец е постара од мене, па уште и Италијанка е...крај. Ја женам.:love:
 
Како го викаат момето? :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom