R
Rigel Kent
Гостин
Спојлер си е спојлер , дали бил најдиректен или индиректен или којзнае каков подвид , сепак е спојлер .Многу сте чувствителни, ко да ви кажале некој лик дека умира наредната епизода. Се станува спојлер одеднаш.

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Спојлер си е спојлер , дали бил најдиректен или индиректен или којзнае каков подвид , сепак е спојлер .Многу сте чувствителни, ко да ви кажале некој лик дека умира наредната епизода. Се станува спојлер одеднаш.

Ако било каква информација надвор од тоа што го гледаме во тие 40-50 минути е спојлер, тогаш нема ама баш никаква причина темава да постои.Спојлер си е спојлер , дали бил најдиректен или индиректен или којзнае каков подвид , сепак е спојлер .![]()
Ако било каква информација надвор од тоа што го гледаме во тие 40-50 минути е спојлер, тогаш нема ама баш никаква причина темава да постои.
Има секакви луѓе и ја неам време ни желба да водам сметка за нив (ако не морам).White Walker (Other) и Wights не е исто.
Ако секој кастинг, најава за ликови, најава за филм е спојлер тогаш секоја тема на потфорумов за било која серија е преполна со спојлери.Затоа и постои темава , а сите додатоци дискутирајте си на други форуми , блогови итн.
Ако секој кастинг, најава за ликови, најава за филм е спојлер тогаш секоја тема на потфорумов за било која серија е преполна со спојлери.
Не може за серија која се базира на целосно измислен свет за кои авторот има извадено илјадници и илјадници страници со географски и историски податоци и дообјаснувања да не може да се дискутира за нив. Бидејќи тие не менуваат апсолутно ништо во расплетот, туку само ги дообјаснуваат односите. Затоа и истите излегуваат во специјални изданија и од ХБО.
Смешен пуританизам е да се инсистира дека ништо од тоа не смее да се спомене.
Правила:
1. Отворен спојлер во оваа тема е втор најбрз начин да добиете бан на Филм и ТВ, после јадење бурек на фан-клуб Ане. Секој спојлер мора да биде ставен во таг.
2. На темава влегувате на сопствена одговорност. Во превод, ако не сте ја изгледале последната емитувана епизода, голема е веројатноста да налетате на спојлери. Затоа наш предлог е да ја посетите темава откако ќе ја изгледате епизодата. Всушност, зошто и би ја посетувале, нели?
3. Под спојлер се подразбира информација за дејството во следните епизоди или сезони. Вашите теории за што може да се случи не се спојлери, ако при тоа не ги земате книгите како извор.
4. Љубителите на убавиот пишан збор можат да си чатат ОВДЕ. Темава е за серијата.
Ако ми кажеш нешто што не е во епизодите а истото подоцна излезе во серијата, си ми кажал спојлер.
И покрај тоа што признавам дека овие аргументи имаат некоја логика, држам до тоа дека информација од додатоците на HBO, не е споилер (особено ако се однесува на историјата). Така да, останувам на кажаното во мојот предходен пост на темава.И сега од каде знам дали ќе бидат во идната сезона ?.
Ти мислиш дека е комплетна трагедија тоа што си дознал дека Оберин има ќерки, други веројатно не гледаат ништо фрапантно во тој податок, се додека некој не напише што тие ќе прават. Тоа веќе би било спојлер, според моите стандарди за спојлер.Јас ја гледам серијата , ова е тема за серијата а не за книгата и за кастинзи . Што ти објасни во односите кастингот за ќерките на Оберин , јас не се ни сеќавам дека тој рекол колку ќерки има а уште " протекло видео" , ма немој да ме зафркаваш.
јас не се ни сеќавам дека тој рекол колку ќерки има а уште " протекло видео" , ма немој да ме зафркаваш.
Како бе мајката само на оваа тема не смее да се прави муабет за кастинзи, нови продуценти, интервјуа што ги дале на кај ќе тече серијата, интервјуа во кои МОЖЕ да има и некој несакан спојлер...а во секоја друга тема за филм/серија може ? о.О
Строго сум против спојлери..и се гледаат спојлерите од немајкаде, ама ги гледаат само тие што веќе ги читале книгите..и ако тие што ги читале книгите не посочат, кажи ми ти од кај ќе знаеш дека е спојлер ?
Разграничете.. пример :
Сандра Булдог можно е да ја превземи улогата на The Hound ( извор BBC ) - НЕ Е СПОЈЛЕР
Сандра Булдог ќе ја превземи улогата на The Hound од наредната сезона, кога во финалето Арија ќе му го отсечи пенисот --- СПОЈЛЕР![]()