Немам прочитано ниеден пост на темава скоро 2 недели бидејќи сакав да си оформам мислење за крајот независно од некој друг. Знам дека горе долу сите се незадоволни, можам да кажам дека и јас спаѓам во таа група.
Серијата започнав да ја гледам пред 7 години и во сите сценарија околу нејзиниот крај, секогаш се замислував дека последната епизода ќе ја следам со возбуда и многу емоции. За жал, уште во почетокот на сезонава се покажа дека ќе биде огромен фејл. И тоа чувство на разочараност ме следеше и вчера, уште пред да ја почнам епизодата знаев дека на крајот ќе бидам разочарана и ја гледав со голема индиферентност. Епизодата иако последна, не разбуди трошка емоција во мене. Ниеден момент, ниедна сцена.
Дали имав високи очекувања? Дали незадоволната публика која пишува петиции има високи очекувања? Нормално дека има, кога серијата постави стандард кон кој се држеше долго време. Не можам да преминам преку фактот дека имаше толку многу плодна почва и потенцијал за развивање сценарија, толку заплети , толку многу приказни и ликови кои ги заборавија се со цел да се заврши се во 6 епизоди. Никој апсолутно не може да ме убеди дека одлуката последните две сезони да се скратат и донесе добро на серијата. Приказната е ЕПСКА со толку многу потенцијални заплети и изненадувања, и многу сум разочарана што како крај се одбра сценарио кое НИКАКО не одговара на текот на целата приказна. Многу нелогични одлуки во текот на цела последна сезона, заборавени приказни, ликови итн.
Не добив никаков одговор на приказната со WW, иако уште од самиот почеток, првата факинг сцена е со нив. Winter came and went, 7 сезони се влечкаме со приказната за на крај да заврши се без никакво објаснување во 3 секунди. Доколку веќе се одеше на таков пристап, можеа гледачите да имаат closure од типот на Ходор, кога во моментите пред смртта имаше визија и кога видовме која му била улогата во цела приказна. Затоа ја засакав серијава, бидејќи за секое делче од приказната имаше некоја причина зошто е така.
Нелогичностите од типот патувања од еден крај на друг во една епизода исто ми сметаа. Овој проблем се провлекува уште од 6та сезона.Кога ќе поставиш некое движење на настани, држи се до тоа. Нелогично е змеј да го разруши цел град, и покажуваш кадар НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ ПОДОЦНА, градов како нов. Видовме исто како ѕидот беше уништен за да преминат WW, последниот кадар ѕидов гланц! Нема врска што некој друг го градел со години, нема врска што зимата ПОМИНА па не може ни да се формира таква ледена обвивка. Не може така другари.
Околу крајот....за Дени очекував дека ќе умре, па горе долу и начинот на кој умре не ме изненади. Знаев од старт дека Џон, без разлика колку и да заслужи да биде на тронот, нема да биде крал. Овој дел не ми смета. Ми сметаат цела низа на нелогичности поврзани со овој крај. Северот заслужи да биде посебно кралство, но логиката на Санса дека северџаните

се премногу уморни и горди да клекнат пред нов крал ( иако кралот е факинг Старк ) ми нема воопшто смисла.
Ѕидот ( со никаква функционалност со овој тек на настаните ) сега му припаѓа на северот, а не на Кралството, па автоматски праќањето на Џон таму од страна на Бран ми нема никаква смисла. Многу нелогични потези, развивање ликови за на крај да немаат никаков допринес кон текот на приказната,и премногу холивудски моменти.
Кога почнував да ја гледам на почетокот дечко ми ме зафркаваше со спојлер, ми викаше стално "Ја глеаше последната?Умре ГоТ." Епа стварно умре. Позабавни ми се мемињата кои произлегоа од последнава сезона отколку самата серија, за жал.