Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Оваа серија ја имаше таа несреќа да биде снимена и да заврши во време кога интернетот и добата на социјални медиуми го достигнаа својот пик. Инаку немаше никогаш да посведочам дека ликови кои што до вчера гледаа турски серии сега во стори ставаат кадри од GOT.
Ова е комплексна серија која што бара одредени предзнаења за да може да се гледа. Има еден куп ликови кои што се појавуваат во приказната и на ист начин исчезнуваат, а се важни. Ова е цел еден свет на фантазија, слично како делата на Толкин.
Претходно имав споменато дека Господарот на Прстените ја имаше таа среќа да биде снимен во време кога информациските медиуми не беа на ова ниво како сега.
Веројатно не е место, почит кон фановите на GOT ама и официјално можам да кажам дека барем за мене Breaking Bad е најдобра серија која што сум ја гледал. Знам дека се различни жанрови. Понатаму нема да навлегувам.
 
Заврши како заврши. Но ГоТ ќе биде една од најдобрите серии со тапа крај за долго време ми се чини. После ваква серија, се осеќам како да фали дел од мене, како празнина, налик депресија. Не знам дали е заради приврзување за ликовите, воодушевувањето со приказната или пак сооживувањето со настаните. Или пак reality kicks in во генеричениот живот каде што човек работи, јаде и спие ама без ГоТ. Како и да е. После секој крај на добра серија, филм или книга, го имам ова shitty feeling. И го мразам. Верувам не сум сам.

Истово сакав да го пишам, ваљда премногу се имам соживеано со цело ГоТ царство, со книгите и серијата која од премногу добри сцени, attention to detail, глума, музика, костимографија и се живо, дури и сфаќам дека одбивам да ја критикувам и покрај тоа што многу работи беа утнати и нелогични на крај. Па цел ден ги слушам Light of the Seven, The North Remembers, The Night King, Dragonstone, Khaleesi и осеќам некоја празнина, класика shitty feeling :D


Најинтересното на советот ми беше шо поголемиот дел на претставници (Aryn, Tully, Tarly) одсекогаш биле Stark supporters освен Greyjoy и Martell :pos: било кој од Старковите да се посегнеше за да биде крал/кралица, ќе беа изгласани без око да му трепне :pos:

Тарли од увек беа поттрчковци на Тајвин, така да увек беа и против Старкови, али за другите си во право.

Ја сум ја читал само првата и впечатокот ми е генерално од серијата. Сите серии/филмови/книги од овој жанр завршувале со борба против главниот антагонист(пр. Најт Кинг), и од таму претпоставував дека и во ГоТ ќе биде истата формула употребена. Едноставно во серијата имаше премногу натприродни елементи и доколку решиш да ја тераш во друга насока имаш премногу нелогичности во приказната. Кога имаш лик како Најт Кинг како противник не е логички да мислиш на тронот, типот беше секунда одалечен од тоа сите зомбиња да ги напраи. Али серијата од секогаш терала на тоа да биде уникат, само ете овој пат на повеќето не им се свиѓа :)

Се слагам, и јас мислам дека тука ја утнаа, финалето ќе беше многу поепско ако завршеше со последна и одлучувачка битка помеѓу Ice и Fire.
 
Последно уредено:
Најдобар крај за Џон ќе беше да изврши самоубиство.
Како нај цврст лик, кој секогаш бил прорачунат во своите постапки и кој се вратил од мртвите со цел да ја исполни мисијата, убивајќи ја жената што ја сака само за да го спаси светот ќе беше најлогично одма после таа сцена да се самоубие, да ја следи во задгробниот живот. Нешто скроз антиклимактично од него но поетско.
Вака неговиот лик испадна без сврха.. :toe:
Кој задгробен живот кога самиот му кажа на Тирион дека не видел такво нешто додека беше умрен, не е глуп да умри за џабе, барем тој виде дека задгробен живот нема :D
 
Кој задгробен живот кога самиот му кажа на Тирион дека не видел такво нешто додека беше умрен, не е глуп да умри за џабе, барем тој виде дека задгробен живот нема :D

Можеше да провери уште еднаш. :D

Која идеа, Џон да се самоубиел. Уште дотолку мутав да го направеа му фалеше на кутриот.
 
Можеше да провери уште еднаш. :D

Која идеа, Џон да се самоубиел. Уште дотолку мутав да го направеа му фалеше на кутриот.

Па уште подобро, барем не ќе мораше да биде онаков депресиран цел живот и онака нема мисија во животот повеќе. И последните зборови му беа You'll always be my queen, значи до последно ја сакаше.. И онака тој веќе умре еднаш, вака ќе го исплатеше долгот за тоа што беше оживеан.
 

Голем број на благороднички куќи, секоја со своја историја и еден куп нивни членови. Серијата имаше огромен опус на ликови, на моменти беше предизвикувачки сите да се запомнат. Се споменуваа карактери од минатото, па дури и настани кои што се случиле пред дејствието а беа директно поврзани со него. Самиот факт дека на темава се испишани над илјада страни со различни мислења и теории го потврдува она што сакам да го кажам, за комплексноста на серијата. Имаш еден куп различни толкувања за различни настани и ликови. Ако направиш само една грешка веднаш хард кор фановите ќе отворат fandom и ќе ти речат дека змејот блуе оган со температура од 2000 степени фаренхајтови. Притоа ќе те обвинат за богохулие и ќе те прогласат за нискоинтелигентно битие оти си толкувате работи без врска.
 
Како и да заврши серијава... се надевам во иднина ке излезат со некоја добра идеја за добар филм/серија.... но со оглед како се одвива филсмката индустрија последните 5 години ширум светот многу сум песимист
 
upload_2019-5-21_6-55-50.png
hhhh

Читам и други го фалат кадарот кога змејот замафтува со крилјата позади Калиси и испаѓа како она да има крилја.
Само јас ли помислив во втората секунда од тој кадар дека е чизи?
 
Проклети да се колку ме исхајпаа во втора епизода со :

Кој пто сака нека каже али цела ГОТ публика ја засака серијава преку скриените детали кои носат некакви последици (добри или лоши). Во оваа сезона таква ситуација имаше само со лудилото на Дани другите дејствија како да оставија празнина во приказната...
 
Последно уредено:
Game of Thrones: Fan perfectly explains why season 8 'feels different'

Одличен текст, супер сумирано, зошто пати причата, и зошто биле принудени вака да заврши серијата и како тече креативниот процес. Ете за сите што сакаат да звучат како експерти, малце insight.

Текстов погоре е прекрасен.

За надопопнување еве и изјава од ЏРРМ

The Wrap: 'Game of Thrones': George RR Martin on the 'Real' Ending.
https://www-thewrap-com.cdn.ampproj...nes-and-his-progress-on-the-last-2-books/amp/

Sent from my SM-G920F using Tapatalk
 
Во недела ќе го емитуваат документарецот The last watch, тогаш емоциите ќе бидат пуштени на најјако.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom