Fringe

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Абе ќе има, никој не вика дека нема, ама баш ме интересира како ќе се извадат од калта (да не кажам гомна) (упс:)). Јас читав некои интервјуа со Џошуа (Питер), ама искрено ништо не разбирам од тоа што го збори типот.

Ќе ги гледам првите 4-5 епизоди, ако ми вртат некои забегани приказни како Lost, одма ќе ја баталам. Во септември мислам дека излегува новата сезона.
 
Оти бе толку потат со 3тата сезона, уште пола ми остана да изгледам а не ми се почнува.
Инаку оваа е за сите ЛОСТ фанови. Или кои бараат слична на ЛОСТ.
 
Во која смисла потат? Според мене, третата сезона е подобра од првите две, освен крајот секако. :)
 
Во која смисла потат? Според мене, третата сезона е подобра од првите две, освен крајот секако. :)

Скокањето од овде во таму фрекфентно. Ме потсеќа на ЛОСТ со алтернативната како шо ја викавме. Инаку ради дефинирање на карактерите, таму некој лош овде добар и обратно, и тешко ми паѓа да навивам. До 10та сум стигнат од 3та, еве чекам утре нов лимит за да ја продолжам.
 
2 сезони оп стоп. Следи 3 сезона и возбуден сум како малолетничка кога гледа Млади Бунтовници. Pozzz <3
 
Конечно некој почнал да ја гледа серијава.
4та сезона дури во октомври/ноември :(
:)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
*SPOILER*

Mое мислење дека ќе е привремено, од тоа што го понудеа до сега, ретко бегаат накај екстрими, плус секад фураат среќен крај така да.. ќе им затреба како нормален пак.

Само мене не ми работи спојлерот изгледа упм. -.-
 
Серијава е стварно mindfuck, а финалето на 3 сезона иако можеби на некого не му се допаѓа, никој не може да каже дека не остана со отворена уста кога заврши епизодата (подобро е така да заврши отколку како некое видено клише)
Иако има слаба гледаност (американциве по се изгледа не се доволно паметни да ја разберат), сепак е продолжена за нова сезона и самото тоа кажува дека серијата вреди многу!
 
Серијава е стварно mindfuck, а финалето на 3 сезона иако можеби на некого не му се допаѓа, никој не може да каже дека не остана со отворена уста кога заврши епизодата (подобро е така да заврши отколку како некое видено клише)
Иако има слаба гледаност (американциве по се изгледа не се доволно паметни да ја разберат), сепак е продолжена за нова сезона и самото тоа кажува дека серијата вреди многу!
Дека неја гледаат покажа и фактот дека ја преместија во петок од ударниот термин во четврток, а толку е добра ама ајде ним им е битно во америка што се глеа, тие реднековци што гледаат ...
 
dr. Bishop: That is correct Asterix.
Astrid: Astrid ...

:pos:цар

Серијава ептен ми се допаѓа, опфаќа Се што ме интересира од областа на сајнс фикцијата ( генетика, паралелни универзуми, патување низ времето и ред други мајндфак работи ), има и некои хорор елементи, едноставно класична американска серија зачинета со мистерија, твистови доволно за да го привлечат вниманието на оние кои сакаат ваков тип на жанр.

Голем фан сум на x-files, голем фан сум на работата на J.J. Abrams така да не е ни чудно што одма се навлеков на серијава иако морам да признаам дека пилотот не ме импресионираше се до последната сцена од истиот.

Моментално сум на почеток од 2ра сезона, ги немам читано постовиве на темава за да не налетам на некој спојлер, али и по бројов на страни нема да ми биде проблем да се вклопам во муабетов. :)

p.s. Oдлична концепција за рекламирање за нареднава сезона ( постот на Дарк Кинг погоре ).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom