VoniVaraS
Искусен :)
- Член од
- 20 април 2009
- Мислења
- 543
- Поени од реакции
- 328
Концептот на ЈЈ Абрамс му е ист во серии кои ги имам гледано од него.Од Lost до Fringe има светлосни години разлика, а и различни тематики се обработуваат, овде концептот е различен и сега за сега .
Ќе те сватев да кажеше 70 до 80% од работите се објаснети, вака јок, Лост до последна сезона беше мистерија, тука веќе по 3 сезони знаеш за што всушност се работи, скоро Се е убаво исцртано.
Изгледани ми се Алиас, Лост и Флешфорвард а Фринге ја гледам четвртата сезона.
Искрено јас тотално се разочарав од човеков.
Концептот на серија со СФ (со делумно научно пткрепивање) фантазија и мистерија ми е омилен за гледање, но што досега добивавме од ЈЈ.
Прва сезона те навлекува со интересни мистични и СФ дешавки и појави кои те навлекуваат на гледање на серијата.
Втора и трета сезона за да придобие поширок спектар на публика воведува малку драма (го сака не го сака, ќе се ќарат нема да се ќарат и слично ала романтична тинејџ комедија)
Четврта и неколку следни сезони во зависност од интересот на публиката продолжува со драмата но воведува малку повеќе акција (ала акциона крими серија)
И после на крај ти дава толку банален и одбивен крај да си речеш УПМ за ова ли изгубив толку време.
Флешфорвард му ја укинаа и ај да речеме немаше крај, ама потполно истото го видов и во Алиас и во Лост.
Секоја втора епизода е така да речам ОФФ Топик (пополнување на време за да се истераат 20-на епизоди по сезона).
Во мистериите и скриените работи кои ги прикажува а ние као демек треба да си тупиме глава „што сакал да каже и зошто е некој битен“ по некое време и самиот се губи и на крај наместо одговори и објаснувања ти дава еден банален крај. Со “објаснување“ „да тоа сакав да поентирам“.
Во ниедна од сериите не објасни се до крај, демек остава на гледачите сами да си донесат заклучоци и да си дадат одговори.
Ниедна серија му нема асален крај.
Престанав да се замарам со барања на одговори и сега си ги гледам епизода по епизода онака, колку да видам до кај ќе тера.