Fringe

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Имаше глупи грешки али фората со бродот беше објаснета. Нели Питер го гледаше бродот? Па му рече на пилотот на хеликоптерот, да се приближи неколку метри, баш над тоа место кај што паднаа. Така да, не знам што проблем гледате околу тоа.
.
Ај постели едно ќебе на асфалт и скокни од втори спрат? :)
 
Што те мачи Ио? :D

Nina се думаше од старт, ама тоа што Питер го гледа бродот а они не, и потпомогна.
Како Хаус кога има просветление.
 
Ај постели едно ќебе на асфалт и скокни од втори спрат? :)
Епа ај ти премини во паралелниот универзум :D
Такви се какви што се, добри се :) Иако подобро ќе беше да ја остават Олив да умре, а да ја спасат наредната сезона :D Ама веројатно, сакале да се осигураат доколку серијата не биде продолжена да нема некој без врска крај.
 
Што те мачи Ио? :D
Нишо бе, се е супер :)

Само јас видов дека на Оливија и помина куршум низ мозокот? Некој нека ми помогне овде, пошо ќе ми експлодира главата и ќе треба да го барате Волтер да ме склопи. Порано, во старите добри времиња, овие работи ги решаваа со тајм травел фори. Демек мртва е, ама ќе го вратиме малку сатот па ќе средиме. Кој може да е против тоа? Се фино, лепо, уредно.

Ама сега не. Сега вадиме куршуми од мозок, со жици и клешти. Нема веќе заебанции. Тајм травел - Тајм шравел.

Постои еден лимит за тоа колку бисери може да проголта една публика, па макар и во Sci-Fi. Очигледно авторите на Фринџ го туркаат тој лимит и со право, пошто ако го земеме соодносот на форумов, само јас не можам да го сварам ова што бидна. Сите други се ок. Нема разочарана публика и тоа е супер.

Се надевам дека ако има уште 10-тина епизоди, Оливија ќе ја исецкаат на парчиња и ќе ја склопат, а кравата на Волтер ќе прозбори и ќе им направи пудинг.
 
Јасен ми е концептот со бродот, ама како треснаа мислев коски ке испокршат. Ај Кортекси Грл може не, ама Питер плус и имаше скршена рака. Не дека јас сега се фаќам за ситници, ама таквите работи ми дадоа чувство дека избрзале кога ја смислувале епизодата. Сепак, објаснив веќе дека оправдувам се' што се случи поради неизвесноста во која се наоѓаа сценаристите.
 
Нишо бе, се е супер :)

Само јас видов дека на Оливија и помина куршум низ мозокот? Некој нека ми помогне овде, пошо ќе ми експлодира главата и ќе треба да го барате Волтер да ме склопи. Порано, во старите добри времиња, овие работи ги решаваа со тајм травел фори. Демек мртва е, ама ќе го вратиме малку сатот па ќе средиме. Кој може да е против тоа? Се фино, лепо, уредно.

Ама сега не. Сега вадиме куршуми од мозок, со жици и клешти. Нема веќе заебанции. Тајм травел - Тајм шравел.

Постои еден лимит за тоа колку бисери може да проголта една публика, па макар и во Sci-Fi. Очигледно авторите на Фринџ го туркаат тој лимит и со право, пошто ако го земеме соодносот на форумов, само јас не можам да го сварам ова што бидна. Сите други се ок. Нема разочарана публика и тоа е супер.

Се надевам дека ако има уште 10-тина епизоди, Оливија ќе ја исецкаат на парчиња и ќе ја склопат, а кравата на Волтер ќе прозбори и ќе им направи пудинг.
Не си сам :)
Во почетокот, серијава ме освои комплет. Сега, не чувствувам повеќе ни љубопитност да ја проверам кратката содржина за да одлучам дали да губам време со Фринџ или да прочитам неколку страници од книга.
 
Абе никој не се сеќава на lemon cake-от што го направи Волтер, пред оваа епизода? И сеа плачето оти не може на Оливиа мозокот така да се изрегенерира XD
 
Па Оливија се регенерира, незнам што те буни концептот. Беше демонстрирано со лемоновата торта. Незнам во кој универзум ова не се голта како сајфај. Човеците-ежови беа пореални, aj. 1000 пати имаа будено мртов од по цел час да разговараат, оваа коретексфанката што се регенерира и поседува еден куп моќи - несмееше да се разбуди.

Бродот ви стоеше нереално оти во тој универзум не се гледаше, и далеку стоеше водата.

Женски мислења овде не им се дава важност. :)
 
Епа ги будеа, мозокот додека не им беше распаднат. Ова ни Супермен не го може, реално. Не мислев дека гледавме superheroes серија. Не брмчеа едно време дека е многу опасно ова чупево да преоѓа од еден универзум во друг, нешто со здравјето воа-ноа...? Сега види ја ти неа, ни мозок не и треба.

Плавуша.
 
Aма не беше толку активна тогаш, а они се грижеа за нејзинто general safety being. Вака во последните епизоди Бел со ДРЏ ја активираа и што се не правеше ради кортефиксанот. Also, Walter ова го знаеше поради тортата со лимон. Другите ги будеа дур им работеше мозокот, исто и Оливија, само што оваа се регенерира, плус ова беше инстантно, не после пола час, ден или дури со некој откопен.
 
Смртта на Оливија беше избрзана работа бидејќи имаше огромна можност серијата да биде укината. Знам дека постојано се повикувам на таа причина, ама ја земам и тоа како во предвид поради последната епизода. Сакам да кажам, бидејќи уште пред десетина епизоди од Септември дознавме дека Оливија треба да умре, серијата не сакаше ова да остане да виси во воздух, во случај да заврши, па го изведоа како можат. Да знаеја дека ќе има петта сезона мислам дека ова прашање се' уште ќе беше отворено. Зошто мислам така? Бидејќи во 319 епизода (во анимираниот филм) Оливија го виде човекот кој ќе ја убие , а тој човек не беше Волтер. Што значи дека мене не ми смета што ја утепаа, па одутепаа. Колку-толку барем разрешија една мистерија.
 
Според тоа што го кажаа до сеа, Оливија ќе ја утепа овој:

fringe_lsd_manx.jpg

Е сеа, не знам дали мислат дека имаат фанови кои памтат работи ама мора да се покаже овој некаде.

Иначе кај тој типот што работи во кугланата? Јака фаца беше во 3тата сезона а сеа го немаше ама ич...
 
Било како си направија материјал за нова сезона, добар крај ќе речам, и дај забога нека и тргне на Олив со моќите :@
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom