Fringe

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Ееееј, за малце си помислив WTF, ми ја ликвидираа Олив :(
 
Па тоа и очекував, во специјалната епизода ја немаше Оливија и сите го кривија Бел за тоа. Мислев ова е тоа.
 
И јас исто мислев, и дури бев спремен на такво нешто. Од Fringe можеш да очекуваш се', ама потоа кога Бел го удри ѕвоното ми текна на моментот со питата од лимон од претходната епизода. Ама ете, барем се оствари пророштвото на Септември.

Инаку, добро што ја продолжија серијава, бидејќи ако ова беше последна епизода немаше да биде на арно.
 
Who da fuck is coming??!!! NAZI-obs или Бел :sneaky:

И јас исто мислев, и дури бев спремен на такво нешто. Од Fringe можеш да очекуваш се', ама потоа кога Бел го удри ѕвоното ми текна на моментот со питата од лимон од претходната епизода. Ама ете, барем се оствари пророштвото на Септември.
Инаку, добро што ја продолжија серијава, бидејќи ако ова беше последна епизода немаше да биде на арно.
Без јавувањето на Септември, можеа комотно да ја завршат серијата. Вака е поарно.
 
^Можеа да, некако на брзина се' испадна во ред (освен тоа што Бел е уште тука некаде), ама ова беше класично финале на сезона, а не на цел серијал од 4 години, во кој си вложил и време и нерви. Сега е моментот да направат 13-те епизоди да бидат врвот на серијалот, без никакви филери, никакви споредни дејства и неважни случаеви.
 
Волтер и медицинската сестра, немаше појак момент во финалево. :pos:

tumblr_lg6cmizNaV1qf3bmlo1_500.jpg
 
До пола од финалето, публиката е изгубена. Никој ништо не сваќа, и тогаш бум - нарација: Нина се вози во хеликоптер и уз пут све и се разбиструе. Кортексифан, скокање измеѓу светови, енергии... наеднаш се станува гола вода. Решение? И тоа не е проблем: Питер, Оливија, Ламбе - скокајте! 100% нема да се удавите и 102,3% посто ако има брод под вас, ќе паднете на меко.

Генијално!

Ама тоа не е се:
Волтер, упуцај ја Оливија во чело. Бееез гајле, ќе ја спасиш попосле.

И се разбира: she's pregnant! Музика за хепиендинг еврибади!!!

Чекај... малце глуп крај а? Да додадеме малку мистерија? Викни го Септември, нека гугне нешто криптично. Волтер, овој пат ти биди глуп и не разбирај ништо...

3595-i-dont-want-to-live-on-this-planet-anymore.jpg
 
Абе и онака сите се мртви all the time :)
 
Не можам да кажам дека крајот беше глуп, ама можам да кажам дека беше незадоволителен. Тоа е пред се' бидејќи ова е Fringe и затоа сме навикнати секоја сезона да завршува with a bang. Четвртата заврши некако, не знам, тивко. Тивко, ама истовремено и многу избрзано. За 10 минути се решија од Бел, ги спасија двата универзума, ја упукаа Оливија, ја воскреснаа Оливија, Оливија дозна дека е бремена и Септември се избаци со пророштво.

Плус, имаше и многу непотребни елементи, како на пример брзото оздравување на Аспирин (за која мислев дека ја упукаа у срце), бегството на негативецот (колку да може повторно да се појави Леонард), скокот врз бродот од другиот тајмлајн (?!), црвената и точакот.

Сепак, бидејќи продуцентите имаа ептен мал простор за маневар, до некаде ги сфаќам. Беа приморани набрзина да завршат серија (поради веројатноста од откажување) со огромна митологија, огромен број на мистерии и плус среќен крај на ликовите. Што значи, не им замерувам, туку само се надевам дека наредните 13 епизоди ќе бидат темелно осмислени. Знам дека наредната сезона ќе се фокусира на приказната од 419 епизода, ама тоа не значи дека треба да отфрлат се' што до сега се случило и да почнат од почеток. Исто се надевам дека се запознати со галамата која се дигна после Lost, па нека научат нешто од туѓите грешки.
 
Не се туѓи “грешките“ :)
 
Не се туѓи “грешките“ :)
Туѓи се, на Линделоф и Кјуз. Знам дека мислиш на Џек Џеј, ама и претходно имам пишано дека главните одлуки за правците во сериите не ги носи тој. Абрамс е само продуцент т.е. иницијатор, потоа работата си ја тераат showrunner-ите. Не дека треба да го ослободам од секаква одговорност, ама тој не игра којзнае каква улога. На пример, Абрамс со Lost расчисти во прва сезона и понатаму немаше никаков удел, ниту во сценариото, ниту во режијата. Според мене, тој да го имаше кормилото во Lost, ќе гледавме друга серија.

А што се однесува до грешките/ „грешките“, тоа ептен е релативно кога станува збор за Lost, ама ај да не идам оф-топик. :)
 
Зашто е тогаш ставен како WRITER на серииве? Знам дека не е САМО тој, ама па дека не игра никаква улога некако не ми се верува, иако само другиве ги има по емсии.
 
Да, сценарист само на првите две епизоди, т.е. на првата дупла епизода. Понатаму не е дел од тимот сценаристи, туку го пишува само како creator. Види ги двете полиња на IMDb - creator и written by. Под creator се подразбира оној кој го измислил концептот на серијата, а под второто, оној кој ја напишал епизодата.

И што е финтата што денеска ми тргна со темите за Lost и Fringe?! (Корун ова не се однесува на тебе)
 
На кого се однесува? :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
Не можам да кажам дека крајот беше глуп, ама можам да кажам дека беше незадоволителен. Тоа е пред се' бидејќи ова е Fringe и затоа сме навикнати секоја сезона да завршува with a bang. Четвртата заврши некако, не знам, тивко. Тивко, ама истовремено и многу избрзано. За 10 минути се решија од Бел, ги спасија двата универзума, ја упукаа Оливија, ја воскреснаа Оливија, Оливија дозна дека е бремена и Септември се избаци со пророштво.

Плус, имаше и многу непотребни елементи, како на пример брзото оздравување на Аспирин (за која мислев дека ја упукаа у срце), бегството на негативецот (колку да може повторно да се појави Леонард), скокот врз бродот од другиот тајмлајн (?!), црвената и точакот.

Сепак, бидејќи продуцентите имаа ептен мал простор за маневар, до некаде ги сфаќам. Беа приморани набрзина да завршат серија (поради веројатноста од откажување) со огромна митологија, огромен број на мистерии и плус среќен крај на ликовите. Што значи, не им замерувам, туку само се надевам дека наредните 13 епизоди ќе бидат темелно осмислени. Знам дека наредната сезона ќе се фокусира на приказната од 419 епизода, ама тоа не значи дека треба да отфрлат се' што до сега се случило и да почнат од почеток. Исто се надевам дека се запознати со галамата која се дигна после Lost, па нека научат нешто од туѓите грешки.

Имаше глупи грешки али фората со бродот беше објаснета. Нели Питер го гледаше бродот? Па му рече на пилотот на хеликоптерот, да се приближи неколку метри, баш над тоа место кај што паднаа. Така да, не знам што проблем гледате околу тоа.

Иначе, јас задоволен. Немаше голем БУМ али и цела сезона е така. Андеркавер, без многу жртви како порано. Поповлечен Fringe видовме во цела сезона. Очекував следната сезона, иако пократка да биде поопширна и стварно да заврши како што треба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom