Нишо бе, се е супер
Само јас видов дека на Оливија и помина куршум низ мозокот? Некој нека ми помогне овде, пошо ќе ми експлодира главата и ќе треба да го барате Волтер да ме склопи. Порано, во старите добри времиња, овие работи ги решаваа со тајм травел фори. Демек мртва е, ама ќе го вратиме малку сатот па ќе средиме. Кој може да е против тоа? Се фино, лепо, уредно.
Ама сега не. Сега вадиме куршуми од мозок, со жици и клешти. Нема веќе заебанции. Тајм травел - Тајм шравел.
Постои еден лимит за тоа колку бисери може да проголта една публика, па макар и во Sci-Fi. Очигледно авторите на Фринџ го туркаат тој лимит и со право, пошто ако го земеме соодносот на форумов, само јас не можам да го сварам ова што бидна. Сите други се ок. Нема разочарана публика и тоа е супер.
Се надевам дека ако има уште 10-тина епизоди, Оливија ќе ја исецкаат на парчиња и ќе ја склопат, а кравата на Волтер ќе прозбори и ќе им направи пудинг.