Friends

Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Драга. Јас не ги хејтам, туку ги жалам тие шо не ги допира FRIENDS. Хуморот не застарува. Нема рок на траење. А тоа песничката уводна е баш уникатна мелодично и има одличен природен вајб.
Благодарност до хејтерот шо ме потсети да си ја слушнам после подолго време.
Драга, Friends and Love is all we need. :ljubove:
И од време на време зелено чајче.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Драга, нема потреба Џои да е генијалец. Он си е уникатен. За џабе не снимаа серијалче по него.
...Туку Драга заборавив "зеленото чајче" да го ставам у наводници. Патем видов дека чајчето е од Конехаген, Денмарк у комшилк на Швецка. Поздрав до Швецка. ;)
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Серијата е култна и безвременска. Класика! Неколку пати ја имам гледано и можам одново и одново пак да ја гледам. Хуморот секој нареден пат ми го има истиот ефект ко првиот. И секој лик си е приказна сама за себе.

Инаку Чендлер и мене ме нервираше, ама обично тие што ме нервираат на крај највеќе си ги засакувам. Сарказмот, зајадливоста и иронијата на чоеков се врв. Најдобрите реплики во серијава ги има он! Па како се споени со Моника, мислам дека 5 и 6 сезона ми се најинтересни од сите баш заради нив. Моника ми е контрол фрик и перфекциониста. И многу убава! Поубава од Џенифер.

Рос исто ми се допаѓа многу иако на моменти е многу мутав. Дејвид ми е одличен глумец. Заради него почнав да ја гледам Band of Brothers. Инаку кога ќе ми спомне некој Рос од friends, прво што ми паѓа на памет е реченицата "we were on a break". :D

Рејчел не ми се свиѓа, многу ми е драматична и несмасна и ич некако не ми е за Рос. Уствари генерално Џенифер ми е антипатична и не сакам да гледам нејзини филмови.

Фиби ми е блесава и најмалку симптатична од сите. Не ми се допаѓа многу нејзиниот лик.

Џои ко да не ми е Италијанец, туку типичен Балканец. Само на секс и храна размислува.

Значи, дефинитивно една од најдобрите серии на сите времиња. Зачеток на модерниот ситком!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Gifov e odlicen primer na toa sto sakam da go dolovam.
Ништо не долови. Не знам како може некој да ги сака Пријатели а да не го сака Чендлер. Тие две работи не одат заедно.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Ги имам трипати гледано, си ги сакам, али сепак сметам дека е преценета ко серија.
Моника и Чендлер, и ко пар, и ко лик од двете групи, машки и женски, ми се омилени.
Фиби ми беше најоф за поврзување, али само она одлично би се вклопила во денешнава шема на инклузивност, веганство, антиваксери, зборење со духови во мачки, итн. Добро е што актерката беше симпатична и интересно ја глумеше, иначе тотално иритантен лик.
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228
Вчера ја спуштив по незнам кој пат. Ова ги премина сите граници, нема смисла веќе. Па и колешката е фан, секој ден ни е тема на разговор на работа :D
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Нема зошто да се хејта Friends. Не би рекол дека е најдобар ситком на сите времиња ама е ептен rewatchable и хуморот нема изгубено на квалитет низ годините. Баш напротив, во иднина како што одат работите ќе немаме веќе вакви серии каде може да се прават зафрканции на секакви теми. Сега со оваа woke култура се некој се наоѓа навреден од нешто, сите станаа со тенка кожа...

Инаку од ликовите отсекогаш Чендлер и Џои ми биле најјак тандем и најсмешни ликови. Од друга страна не се сеќавам Моника некогаш нешто посебно да ме насмеала...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom