Француска лига 1 - Ligue 1 2021/22

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
3391-monpelje.jpg

Монпеље е новиот шампион на Франција

Монпеље е новиот, сензационален шампион на Франција, прва историска титула во Лига 1 за овој клуб изборена пред богатиот ПСЖ.
Монпеље со 2-1 славеше на гостувањето кај Оксер и со победа ја завери првата историска титула во францускиот шампионат.

Натпреварот против Оксер во неколку наврати беше прекинуван, домашните фанови незадоволни од испаѓањето на нивниот клуб фрлаа на теренот тениски топчиња, хартија и домати.

ПСЖ славеше пирова победа на гостувањето кај Лориен, богатиот француски клуб не успеа во првата сезона под водство на шеиците, па најавени се нови големи вложувања во летниот преоден рок.

Заслужена титула за Монпеље, сезона од соништата за малиот клуб.

На Оксер кој во минатото коло ги загуби шансите за опстанок, по вечерашните натпревари во втората лига ќе му се приклучат и Каен и Дижон.
 
Баш ќе биде интересно да се види Монпеље ово ЛШ.
А Оксер што отпаднаа :facepalm:
 
Оксер нели играше ЛШ пред некоја сезона или ми се чини?
да,иначе беше единствен клуб кој немаше настапувано во втората француска лига значи цело ова време играл во првата лига
 
Оксер нели играше ЛШ пред некоја сезона или ми се чини?
Играа лани.:)

Иначе заслужена титула за Монпеље. А за наредна сезона во ЛШ ќе видиме како ќе поминат летово со трансфери. Се најавува заминување на главната тројка Жиро, Белханда и М'бива така да, доколку не се засилат соодветно не очекувам ништо освен испаѓање уште во фазата по групи (не дека и со овие играчи би направиле нешто повеќе).;)
 
Разлика во испишани страни од темата за ПЛ и темава за француско :ROFLMAO::ROFLMAO:
 
како ли само му успеа на Монпеље сезонава да ја освојат лигата - секоја чест :cuc:
 
Можеби сте го виделе клипов, претседателот на Монпеље ја офарбал косата во боите на тимот бидејки ветил дека ќе го стори тоа ако станат шампиони.:D
 
Можеби сте го виделе клипов, претседателот на Монпеље ја офарбал косата во боите на тимот бидејки ветил дека ќе го стори тоа ако станат шампиони.:D


Moжам да замислам Реми што ќе прави сега лудакот :D
 
Морав да менувам аватар во негова чест :)
 
годинава PSG ке биде шампион во француската лига а?

бедно е што сеа ке се појават многу големи фанови на PSG кои нели од секад навивале за нив, само они од летово тоа го сфатиле всушност:tapp:
 
годинава PSG ке биде шампион во француската лига а?

бедно е што сеа ке се појават многу големи фанови на PSG кои нели од секад навивале за нив, само они од летово тоа го сфатиле всушност:tapp:
Ете тоа е страшното,наеднаш сите се за анжи,псж,сити а пред тоа сигурно не ни знаеле од која држава биле.Ауу што сакам да им опнат уште едн секс на псж,да се појави некој тим како лани монпеље и да им ја лапне титулата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom