Конечно пред една недела успеав да го направам Едиторот да проработи , и сега можам на раат да играм со 11 Октомври во мак лигата . Нормално дека со Едиторот поправив/додадов некои работи во тимот , но не претерував
, а исто така ја средив и мак лигата да биде подобра за играње , со тоа што направив да има по 7 замени на натпревар наместо 5 како што е на оригиналниот фајл на мак лигата . Исто така направив да има парични награди за 1во , 2ро и 3то место во лигата и за финалистите на Купот , како и пари од тв права за натпреварите кои одат на тв ( по 2 натпревари од секое коло ) . Нормално дека сите овие парични награди и пари од тв права не ги направив којзнае колку високи , но сепак доволни за клубовите да земат по некое евро
. Што се однесува до 11 Октомври , не претерував којзнае колку во поправањето и додавањето на пари или играчи . Како прво го направив клубот да биде професионален , наместо полу-професионален и малку му ја покачив репутацијата ( но не за многу ) , потоа малку ја поправив инфраструктурата на стадионот Гоце Делчев во Прилеп бидејќи од старт е прилично лоша . Исто така ставив и пари во балансот на клубот како и пари за трансфери но не претерував ( балансот ми беше трет , а пари за трансфери четврт во мак лигата , зад Шкендија , Вардар и Работнички ) . Додадов и неколку играчи во клубот , бидејќи од старт во 11 Октомври има само 10 или 11 играчи во првиот тим од кои само 3 или 4 се колку толку добри за во мак лига а другите кој лош кој бетар
. Играчите кои ги додадов преку едитор се играчи кои од старт се слободни играчи така што воопшто не наштетив на ниеден друг клуб , а и тие слободни играчи што ги додадов се македонски фудбалери и тоа просечни освен еден кој е одличен
. Исто така додадов и неколку луѓе во персоналот на тимот , бидејќи нема ништо од старт во 11 Октомври , освен некој измислен асистент , и затоа ставив реален асистент , двајца тренери , физиотерапевт и двајца скаути , сите Македонци освен физиото кој е Србин и скаут Бугарин
.
Засега не ми оди лошо , моментално на полусезона сум втор , но во врат ми дишат Турново и Вардар кој се на 1 и 2 бода зад мене , а Брегалница е прва и ми бега 6 бода . Во Купот стигнав до четврт финале и отпаднав од Куманово
, но сам сум крив бидејќи му играв со вториот тим освен 2-3 од првиот тим . Се надевам дека ќе успеам да останам барем до 3то место на крај , за да излезам во УЕФА Куп за да заработам некое евро плус .
Уф , одамна немам напишано толку голем пост , и веќе се заморив
. Ако има и некој друг што игра со мак клуб нека сподели искуства .