Философијата на животот

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што никој од нас со сигурност не знае зошто постоиме, каде и дали одиме негде после смртта и сл., ни останува да се фокусираме на животот овде и меѓу луѓето, а тука подразбирам живот во кој ќе научиме да сочуствуваме, во кој ќе си ја култивираме потребата да повредуваме и да поседуваме по секоја цена, во кој нема да дозволиме предрасудите и нетолеранцијата да го убијат човечкото во нас и да ни го заматат погледот, и во кој ќе можеме да мислиме на нешто повеќе од самите себе, голото секојдневие, полниот стомак и краткотрајните задоволства. И, според мене најважно, јасно да согледаме дека секоја наша постапка носи и последица, и да бидеме способни да сносиме одговорност за постапките.
PS. Сега кога го препрочитав напишаново, ми заличе на плакат со хуманистички фрази но, во тоа верувам, т.е го сметам за највисока цел која стои пред мене, за да можам да речам дека сум човек во вистински смисол.
 
Ако почнеме да филозофираме нигде нема да стинеме пошо никад нема да дознаеме.Не создале и мора да живееме.А шо сме,како сме..еден ден ке дознаеме МОЖДА
 
ехехе. Секој се запрашал барем еднаш до сега што е животната философија. Секој различно го толува животот и секој различно го цени. Секој си има своја дефениција за животот и своја цел пред себе. Која е философијата никој не ќе може да одговори зашто секој си има свој индивидуален одговор на ова прашање. НАјчесто е не знам. :) Барем за мене е ова точно.
 
Вчера налетав на нешто кое, според мене, во две реченици ја сублимира филозофијата на животот на прекрасен начин. Имено, се работи за епитафот на гробот на Кант, кој гласи(во слободен превод :):
"Постојат две нешта кои го исполнуваат мојот дух со се поголем восхит и почитување, а тоа се ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене. Тие се доказ дека над мене постои Бог и во мене постои Бог."
Зарем е потребно повеќе?
 
Live together, die alone. :pos:
Не, немам некоја посебна животна филозофија... Секој треба да си го живее сопствениот живот и да ја насочи својата енергија кон себеостварување, а не „интервенирање“ во туѓи животи, каде што од него не била побарана помош. :icon_bigg Да научиме да си ги контролираме страстите и да ги ограничиме така да не би повредиле некој друг, да научиме да живееме во хармонија со другите луѓе и како основна цел да си ја поставиме сопствената среќа и среќата на оние кои ни се блиски. Да не газиме преку се` за да си ја оствариме целта, ама сепак да бидеме упорни и да го направиме она што е потребно... :toe:
 
If I can't be beautiful, I want to be invisible.
 
„Саливен, каде се сите?” запраша тивко, веќе владеејќи со телепатијата која глаебите тука ја користеа наместо крештењето и гракањето. „Зашто не` нема повеќе? Таму од каде што доаѓам имаше...”

„... илјадници и илјадници галеби, знам.” Саливен кимна со главата. „Единствениот одговор што го знам Џонатан, е дека ти си практично единствен меѓу милиони птици. На многу од нас ни требаше многу долго време додека стигнеме овде. Преоѓавме од свет во свет иако тие по ништо не се разликуваа. Ама, ние не памтевме од каде доаѓаме, а не не` интересираше ни каде одиме. Живеевме за моментот. Можеш ли да замислиш колку животи мораа да поминат пред за прв пат да помислиме дека во животот има нешто повеќе од борбата за храна и надмоќ во Јатото? Илјадници животи Џонатане, десетици илјади! А тогаш уште стотици додека не откривме дека постои совршенство и уште стотици додека сфативме дека смислата на нашите животи е да го пронајдеме тоа совршенство и да го поделиме со другите. Секако, истото правило се однесува и на нас тука: својот нареден свет го бидаме во склад со тоа што ќе го научиме на овој. Ако не научиме ништо, наредниот свет ќе биде ист како овој па ќе мораме повторно да се бориме со ограничувањата како со оловни тегови.”





Слободен превод на дел од „Галебот Џонатан Ливингстон” од Ричард Бах.
 
Погорната философија ја сметам за точна (со мали измени). KohlBass мислам дека знаеше каде да гаѓа :)
 
Браво Колбас добар цитат и нешто што јас би напишал. Ричард Бах е еден од најголемите модерни хуманисти и оптимисти за човечкиот род кој исто како Вонегут не се прави слеп на мрачните делови на човековата природа, иако 'Галебот...' не е дело каде што неговите видувања се најочигледни. Прекрасна идеја и симпатично доловена иронија на животот, на (без)целноста на илјадниците животи, нешто што фали во повеќето философии. Се преклопуваат идеите за еволуција, хуморот во залудноста на постоењето за нешто што ќе дојде многу многу време во иднината. Но, се исплатува затоа што на крајот не се е совршенство. :wink:
 
За животот неможам да филозофирам. Тој е само за живеење и тоа е. А за мене знам дека сум никој и ништо и подобро да останам таков барем за сега.
 
dzimej напиша:
За животот неможам да филозофирам. Тој е само за живеење и тоа е. А за мене знам дека сум никој и ништо и подобро да останам таков барем за сега.

Интересна филозофија.
 
Подобра му е таа во потписот. :)
 
Пулс. Папочна врвца. Светлина. Дишеш. Плачеш. Те боли нешто што уште не знаеш за што служи. Цицаш. Мочаш. Спиеш. Јадеш. Сереш. Спиеш. Учиш да одиш и да зборуваш. Мама и тато ти ги отвораат очите кон светот и кон сопствените комплекси. Во оваа точка не се прашуваш. Впиваш.
Градинка. Други деца. Лоши/добри воспитувачки. Прва тепачка. Болка. Зошто? (Првото животно прашање од поголема важност) Концепт на победа и пораз. Натпревар.
Забавиште гледано низ призмата на ривалство.
Школо. Учиш/не учиш. Петки/кецови (и се помеѓу) Зошто? Мораш. Принцип на обврска.
Бегаш од часови- добиваш укор. Принцип на општествена присила.
Ти се продлабочува гласот. Ти расте ташакот. Брада. Први знаци на примарни полови обележја. Дркање. Поврзување на самиот чин со привлечноста кон девојчето од трета клупа/тетката од порничот. Принцип на либидо.
Сива зона на средна школа, кадешто пробуваш да играш на принципот на натпревар, да го задоволиш принципот на обврска, да го избегнеш принципот на општествена присила и да го задоволиш принципот на либидото. Или не.
Матурирање. Момент на вреднување на резултатите од изминатиот период од 18-тина години. Победници, губитници, пропалици, надежни деца, јебачи, клошари итн.
Општествена класификација...
Остатокот е само мастурбација. Што човек направил со себе до моментот кога е обележан и класифициран, програмиран и ограничен од мноштвото влијанија и интеракции на горенаведените принципи (кои се далеку од единствените фактори во игра), тоа ќе го следи долж остатокот на неговиот беден, краток живот. Може да се обиде да се бори со всадените Павлови рефлекси со кои што се здобил благодарение на функционирањето во систем чиј интегрален дел е самиот, но многу, МНОГУ тешко може да ги победи.
Животот каков што е, не е претерано отворен кон филозофирање. Филозофијата е многу поширока и посеопфатна од вулгарниот механички процес низ кој поминуваме од раѓањето до смртта.
Но пак од друга страна, таа е способна преку навидум дури алхемиски процес да претвори мундани, банални појави во возвишени, идеализирани и чисти верзии на истите. Со други зборови, филозофијата е алатка со која истовремено си ја продлабочуваме мизеријата, бидејќи ни дава одблесок на она што никогаш нема да го имаме. И можеби е тоа подобро, бидејќи секој излет, па макар и за момент, надвор од морето со лајна во кое сите пливаме, ни наликува на откривање на Рајските градини, бидејќи во него го идентификуваме идеалното, кое е далеку од идеално, но многу, многу подобро од плутање во фецес. Неизбежното повторно понирање во Лајносаното Море потоа ни изгледа уште погрозно, а излетот надвор од него уште побожествен, така да учиме да го цениме искуството ако повторно ни се укаже шанса да го доживееме, и така ad infinitum.

Ако сакате да ја дознаете причината за постоењето, прашајте го Господ, бидејќи ниеден човек нема моќ да ви ја соопшти.

Sith
 
На страна од вашите преписки... која е целта да имаме се повеќе кога всушност сакаме се помалку. Зошто постојано сме во депресија кога всушност ги имаме сите алатки за да не бидеме депресивни. На сите ни е најубаво кога сме сами во четири зида четири дена, а 4 часа поминати во соба со четири електорнски играчки не прават уморни и нерасположени. И покрај тој факт кој го знаеме одбираме да бидеме живееме брзо, да пратиме e-mail да гледаме вести, да фатиме такси... Зошто африканците ни завидуваат нас а ние им завидуваме на европјаните кога јасно е дека не е тоа што ни треба. И сега пак ќе кликнам горе десно, ќе препрочитам и нема да ми се допадне... и ќе продолжам исто иако одамна ме боли главата... А да технологијата оди напред, и ние сме во чекор со времето. Не, само умираме...
Без трошка сила сме, без трошка морал и без грам мозок. И ако деновиве не се почуствувам лошо... ќе створам проблем... и ќе уживам во него. Бидејќи така одат работите. Прво е сонце, па е дождот па потоа пак сонце. А ако нема дожд... мора вештачки да се наводнува...
Идиоти сме... порекнувајте до утре... немам поим што правиме тука, што сакаме и каде одиме. Амбициозните се изгубени во илјада правци... мрзливите не сакаат да тргнат ни по еден, сите заедно сме изгубени тотално...
Господ? Втората најпаметна работа што човекот ја смисли по септичката јама. Времеснкиот редослед не е важен. Важно е дека со едното со полниш со другото се празниш. И тоа е се што ти треба откако ќе се најадеш добро...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: uma

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom