баш вчера зборевме на оваа тема...
што е животот? сплет од убави и неубави моменти... живеам за убавите, а знам да уживам и во неубавите (мазохист

)... баш ко што реков вчера, го сакам животот, заради тие
моменти... кога цела ноќ нема да ја проспиеш само за да го видиш изгрејсонцето, и после тие 5-6 минути си најсреќен.. кога цел ден си го поминал у парк со луѓето што ги сакаш и кога правиш - ништо, а се осеќаш
толку убаво, кога ќе го видиш синото небо, а иглолисните дрвја недоволно го затскриваат сонцето, кога ќе дојдеш
дома и има храна, кога ќе му дадеш 5 денари на просјакот, кога на радио ќе ти ја пуштат омилената песна, кога ќе и касни автобусот на лошата професорка

, кога ќе те станат на табла да одговараш и ѕвони, кога играш брканица низ школо и се прскаш со вода, кога плачеш за глупости, кога сфаќаш дека некој те сака, кога....
а која е причината за нашето постоење? мама и тато се плеснале без кондом. толку.