FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.299
Преку Езерото (1997)

Го планирав на јутуб да го гледам ама вчера случајно видов дека вечерва ќе го има на МТВ па го глеав на телевизија.

Годината е 1950та и станува збор за вистинска љубовна приказна на Константин Бочваров од Охрид и Елена Златарева од Корча, Албанија. Поради диктатурата на Енвер Хоџа, Комунистичка Албанија е затворена за влез и излез од земјата. Елена и Константин се верат и потоа тој со чамец преку езерото нелегално влага во Албанија каде останува заробен (повремено по затвори) 40 години.

Филмов е многу спор и досаден, не нуди некоја возбуда ниту пак успева да ти разбуди некои емоции за судбината на двајцата љубеници. Но, затоа има феноменална музика. Врвна. На рангот на Енио Мориконе, сериозен сум. Таков е и стилот на композициите. Една многу потсеќа на ова, 1-2 секунди.
Штета го нема на јутуб чисто ко саундтрак да го чујат тие што не планираат да го гледаат филмов. Вреди да се изгледа само поради музиката што им дава посебна магија на тие досадни и спори сцени.
И поради Ањешка Вагнер, една полска прелепотица. Многу убава девојка. Глумачки тапа ама преубава стварно, да ти е мерак да ја гледаш само. Никола Ристановски си е океј, он ми е у сите филмови ист.

Ради музиката и плавушава и ради тоа што е наш филм а таквите малце поблаго и подарежливо ги оценувам, ќе му дадам 6ка.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.299
Деца на Сонцето (2014)

Владо Јовановски во улогата на Кале, семеен човек што живее со жена, деца, татко (Мето) и мајка.
Држи некој бар на плажа кој ќе биде запален од локален мафијаш што сака да отвара јахт клуб.
Жена му сака да ја омажи најстарата ќерка за некојси сомнителен богаташ од Германија (Енес Хаџихафизбеговиќ) а оваа пак е заљубена и во врска со еден од криминалциве од бандата погоре спомната.
Крал (Мето Јовановски) е опседнат со тоа дека под сплавот кајшто живеат има заборавено злато од дамнешни времиња.

Горе доле тоа е филмот, семеен портрет на љубов, себичност, алчност бла бла.

Глуп филм у главном, не ни вреди да се анализира подетално пошто е тиња све. И приказната, и сценариото, и глумата од одредени актери, фактички од сите актери со исклучок на Владо секако.

Он ми е најјак коа е нервозен, паднат, разочаран од све. Ваљда ми е и омилен македонски актер, штета што отиде у политика, се избламира и си го испрља името.

Кец од филм е ова ама ај реков малце сум поблаг за наши филмови, па ќе добие 4ка. Мада и не заслужува со оглед на тоа што е напукан со оценки на имдб.

@Peja989 го начекав како статист у одјавната шпица и тоа е се што треба да знаеме за филмот. Но тоа не е се, има еден додаток кој вели дека испаднал од финалниот рез. Требало да го има у некоја сцена со Сашко Коцев у кафич нешо, ама нема такво нешто.

4/10
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

Не да земеш нешто саглам, ми земаш Деца на сонцето. Што е следно, кршот ‘Како лош сон’? o_O

П.С.Пак не очекувај. :giggle:
AE5648CF-0063-41C6-8CEB-363A3CB05492.jpeg
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.299
Не да земеш нешто саглам, ми земаш Деца на сонцето. Што е следно, кршот ‘Како лош сон’? o_O

П.С.Пак не очекувај. :giggle:
Прегледај го приврзокот 333650
Па на имдб ги барам, по гласачи и оценки.

Следни се Среќна нова 49та и најверојатно Големата вода, а може и Медена ноќ.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Па на имдб ги барам, по гласачи и оценки.

Следни се Среќна нова 49та и најверојатно Големата вода, а може и Медена ноќ.
Сите три се топ филмови, мада мислам нема да ти се допаднат. Особено не Големата вода, амa surprise me. :noze:
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.299
Среќна Нова `49та (1986)

48ма година во време кога Титова Југославија влага во спор со СССР на Сталин, Драгослав кој студирал во Москва се враќа назад во Македонија заедно со својата девојка Вера.
Дома го пречекува татко му со двете помали браќа и сестри, мајка на смртна постела и брат кој е оттргнат од семејството поради криминалот во кој е навлезен.
Набрзо Драгослав го апсат поради сомнеж дека е шпион испратен од Русија, за тоа време брат му му ја ќарува женската. Овој искача од затвор, и се распаѓаат сите.

И толку. Тоа е тоа за сите 2 саати влечкања натака навака. Имав големи очекувања од филмов, мислев ќе биде смешен и барем интересен ко другите на Столе Попов како Тетовирање и Џипси Меџик. Овој испадна досаден и не многу потребен филм. Ништо посебно. Мех.

6/10
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Баш ме интересира што мислење би имал за Збогум на 20-тиот век :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Мене за гаќите на другарката Оливера Срезоска. :aplauz:
Во срце ги носиме тие гаќи со морално и општествено уважение. Морници ме лазат кога ќе помислам на нив, се Јежам. :P
 
Последно уредено:

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.299
Баш ме интересира што мислење би имал за Збогум на 20-тиот век :D
Нејќам да го гледам овој. Го ѕирнав на јутуб малце за да ја проверам снимката и одлучив да го заобиколам за да не се нервирам.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.252
Поени од реакции
3.176
Преку Езерото (1997)

Горе доле го имам истото мислење со Џонтра. Многу спор, не знам дали им било проблем лепењето на звукот, па затоа толку малку зборуваат или се одело на уметнички пристап, ама иритира, гукнете нешто упм. Приказната за човеков што го преминал езерото за да биде со љубовта и се што попатно му се случило може да биде направена во одличен филм, но овој за жал не е таков.

6/10
 
Kajgana Shop

На врв Bottom