Завршивме со нашата ни драга Македонија! Иако имавме 2 недели на располагање, не очекував дека ќе го надминеме рекордот на изгледани филмови од Хрватска, но УСПЕАВМЕ! Новиот рекорд е (минимум) 33 филма! Минимум зашто од мислењето на
@zmija1 не сфатив баш дали гледал сега некој од тие филмови кои ги спомнува, не сфатив ни кои се дел од филмовите кои ги спомнува и како ги оценил. Останатите:
@Mark Renton овојпат најдобар со 6 филма, средна оценка 10,00
@Zlatikevichius ,
@Filip Telford и
@Варвара - по 5 филма, средна оценка 6,8 (без филмовите на
@Варвара кои беа неоценети)
@Keyser - 4 филма, израмнување на неговиот личен рекорд, средна оценка 7,5
@Imperatorot - 2 филма, средна оценка 6,5
@devilko ,
@Shawn Spencer ,
@The Cooler King ,
@Violetova и
@Darling (добре дојде во автобусот низ Европа) - по 1 филм, средна оценка 7,33
Или вкупно 33 филма, со средна оценка 7,72 со што нашата Македонија е највисоко оценета држава до сега.
@Dumbledore е уште е во Осло,
@Shutmanga и
@grande-juve во Лисабон,
@moongoses во Софија, а
@Corvus во Загреб. Се надевам ќе не стигнат.
_______________________________________________________________________
Стигнавме до крајот на првата десетка (првата петтина од државите во Европа). Како десетта држава, рандом генераторот ја избра:
ЧЕШКА 03.06 - 09.06.2022
Првиот чешки режисер и кинематограф бил (се надевам точно ќе ги транскрибирам имињава, ако не
@Комита Ултрас , помагај) Јан Криженецки кој снимал кратки документарци во Прага во 1898. Првата постојана кино куќа била основана од Виктор Понрепо во 1907 во Прага. Првиот позначаен период од чешкото кино бил помеѓу двете светски војни, кога помеѓу најпознатите режисери биле Карел Ламач, Карл Антон, Сватоплук Инеман, Премисл Пражски, Мартин Фрич и Густав Мачати. Првиот чехословачки филм со целосно синхронизиран звук бил
Když struny lkají (When the Strings Wailed) (1930). Малку постар филм,
Tonka Šibenice (Tonka of the Gallows) (1930) бил снимен како нем филм, а подоцна во Париз било додадено аудиото.
Во 1933 било основано Барандов филмското студио кое направило вистински бум не само во Чехословачка, туку и во цела Европа, каде било и едно од најголемите филмски студија.
За време на Втората светска војна, многу предвоени режисери продолжиле да снимаат филмови, како: Отакар Вавра, Мирослав Цикан, Мартин Фрич, Јан Свитак (кој бил убиен пред крај на војната), Владимир Славински, и др.
По војната, многу проминентни чешки уметници ја напуштиле државата, затоа што биле сметани за колаборационисти на Нацистите. Во 1943 била основата Чешката филмска архива. Во 1945 целата филмска индустрија била национализирана. За време на овој период е снимен најгледаниот чешки филм на сите времиња:
-
Pyšná princezna / The Proud Princess - Боривој Земан (1952)
Тоа е народна бајка која според Википедија ја гледале вкупно 8 222 695 луѓе. Филмот освоил награда за најдобар детски филм на фестивалот во Карлови Вари. Меѓу најпознатите филмови од 50-тите (најчесто фантастични и авантуристички филмови) се уште:
-
Cesta do pravěku / Journey to the Beginning of Time - Карел Земан (1955)
-
Dobrý voják Švejk / The Good Soldier Schweik - Карел Стекли (1956)
-
Císařův pekař a pekařův císař / The Emperor and the Golem - Мартин Фрич (1951)
-
Princezna se zlatou hvězdou / The Princess with the Golden Star - Мартин Фрич (1959)
-
Vynález zkázy / The Fabulous World of Jules Verne - Карел Земан (1958) (познат и под неколку други наслови, кој се смета за најуспешен чешки филм интернационално, зашто веднаш по излегувањето бил дистрибуиран во 72 држави и имал забележителен успех насекаде низ светот).
Чехословачкиот „Нов бран“ најчесто се поврзува со делата на Милош Форман, Вера Читилова, Јири Менцел и др, иако делата на други, постари чешки режисери, како Карел Качина и Војтех Јасни се исто така сместени во оваа категорија. Тоа е правец од 60-тите години на 20 век, кога се снимени голем број на филмови од различни стилови, но сите ги поврзува некој стилизиран, авангарден пристап:
-
Démanty noci / Diamonds of the Night - Јан Немец (1964)
но има и многу комедии, најчесто полни со импровизации, како:
-
Hoří, má panenko / The Firemen's Ball - Милош Форман (1967)
Сепак, најчест мотив во филмовите од овој бран се апсурдноста, црниот хумор, и проблемите на обичните луѓе најчесто соочени со политички или историски промени. Најчесто биле инспирирани од италијанскиот неореализам и францускиот Нов бран.
Во 70-тите и 80-тите години на 20 век продолжуваат со работа некои од постарите режисери, како Отакар Вавра и Јири Менцел. Овој период во Чешка се нарекува „период на нормализација“, кога по Варшавскиот пакт само филмови кои од чешките власти биле сметани за „безбедни“ биле одобрувани. Класичната бајка:
-
Tři oříšky pro Popelku / Three Wishes for Cinderella - Вацлав Воричек (1973)
станал Божиќен класик не само во Чехословачка и некои други источно-европски држави, туку и во Германија, Швајцарија, Шпанија, Шведска и Норвешка.
Дури 9 чешки филмови биле номинирани за Оскар за најдобар странски, а 3 го освоиле Оскарот:
1.
Obchod na korze / The Shop on Main Street - Јан Кадар и Елмар Клос (1965) -
ОСВОИЛ ОСКАР
2.
Lásky jedné plavovlásky / Loves of a Blonde - Милош Форман (1965)
3.
Ostře sledované vlaky / Closely Watched Trains - Јири Менцел (1966) -
ОСВОИЛ ОСКАР
4.
Hoří, má panenko / The Firemen's Ball - Милош Форман (1967)
5.
Vesničko má středisková / My Sweet Little Village - Јири Менцел (1985)
6.
Obecná škola / The Elementary School - Јан Сверак (1995)
7.
Kolya - Јан Сверак (1996) -
ОСВОИЛ ОСКАР
8.
Musíme si pomáhat / Divided We Fall - Јан Хребејк (2000)
9.
Želary - Ондреј Тројан (2003)
Два други филма предложени од Чешка за Оскар за најдобар странски филм, се сеќавате, ги гледавме во Клубот:
-
Šílení / Lunacy - Јан Шванкмајер (2005)
-
Nabarvené ptáče / The Painted Bird - Вацлав Мархул (2019)
За тие кои ги немаат гледано препорака да
не ги гледаат.
2 филма од Чешка имаат влезено во кратката листа од 9 филма пред номинацијата за Оскар:
1.
Nabarvené ptáče / The Painted Bird - Вацлав Мархул (2019)
2.
Šarlatán / Charlatan - Ањешка Холанд (2020) - гледан, ОК е, ама не е нешто од што ќе паднете на газ.
И секако, за наајдобар филм во Чешка на сите времиња неколкупати е прогласен:
1.
Marketa Lazarová - Франтишек Влацил (1967)
Освен сите погореспоменати, еве уште некои листи кои ќе ви помогнат во изборот:
Czech
Czechoslovak New Wave
Czech submissions for the Academy Award for Best International Feature Film
The Top 300 Czechoslovakian films (as rated on CSFD.cz)
Highlights of Czech Cinema
Top 100 Czechoslovakia Cinema
Czechoslovakian Cinema
The Criterion Channel | Czechoslovak New Wave
Czech Fairy Tale Movies
Czech Horror
Czech animation