Црна Гора ја посетија 8 патници, гледаа вкупно 15 филма и им дадоа средна оценка 5,21, што е најслабо рангирана држава до сега. Или поединечно:
1.
@Zlatikevichius - 4 филма, просек 5,00
2.
@Keyser - 3 филма, просек 5,66
2.
@Filip Telford - 3 филма, просек 5,00
3.
@Shawn Spencer ,
@Shutmanga ,
@Mark Renton ,
@Violetova и
@zmija1 - по 1 филм, просек 5,25
@devilko ,
@Dumbledore ,
@The Cooler King ,
@grande-juve ,
@moongoses ,
@Corvus и
@Imperatorot - останаа кој во Норвешка, кој на хрватското приморје, кој во Баку. Да видиме дали грчките плажи или грчките филмови ќе бидат доволно привлечни за нив. Се надевам.
ГРЦИЈА 22.04-28.04.2022
Грција има долга и богата филмска историја, со многу интернационални успеси. Два филма на грчки режисери (Коста-Гаврас и Теодорос Ангелопулос) имаат освоено Златна палма во Кан:
1. „
Missing“ (1982) (ова е американски филм, да не се разбереме погрешно)
2. „
Eternity and a Day“ (1998) (и ова е копродукција со грчко учество)
Вкупно 5 грчки филма имаат освоено номинација за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје:
1.
„Ilektra“ / „Electra“ (1962) - Михаел Какојанис
2.
„Ta Kokkina fanaria“ / „The Red Lanterns“ (1963) - Василис Георгиадис
3.
„To homa vaftike kokkino“ / „Blood on the Land“ (1965) - Василис Георгијадис
4.
„Iphigenia“ (1977) - Михаел Какојанис
5.
„Kynodontas“ / „Dogtooth“ (2009) - Јоргос Лантимос
Ниту еден од нив нема освоено Оскар, сепак.
Првиот грчки филм е филмот
„Golfo“ (1915) на Костас Бачаторис. Во 1912 е основана првата филмска компанија (Атина филм). Иако корените на грчкото кино датираат уште од раните 1900-ти, првите зрели филмови се од 1920-тите, од после грчко-турската војна. Филмовите од овој период се најчесто емоционални мелодрами со многу фолклорни елементи во нив. Филмот
„Daphnis and Chloe“ (1931) се смета за првиот европски филм во кој има сцени со голи актери. По грчката граѓанска војна режисерите како Григорис Григориу и Стелиос Татасопулос, инспирирани од италијанскиот неореализам создаваат филмови во кои глумат непрофесионални актери. Во педесетите и шеесетите години грчката кинематографија го доживува својот процут и златно доба, почнувајќи со филмот
„Stella“ (1955) на Михаел Какојанис. Филмот
6.
„Poté tin Kyriakí“ / „Never on Sunday“ (1960)
бил номиниран во 5 категории за Оскар (но не и за најдобар странски филм) и освоил Оскар за најдобра музика. Главната актерка во филмот, Мелина Меркури освоила награда за најдобра актерка во Кан. Во 1960 година е за прв пат одржан филмскиот фестивал во Солун. Во 1964 година, филмот на Какојанис
7.
„Alexis Zorbas“ / „Zorba the Greek“ (1964)
освоил 3 Оскари: за најдобра споредна женска улога - Лила Кедрова, за најдобра кинематографија, и најдобра уметничка режија и сценографија (по ново: production design). Бил номиниран уште во 4 категории меѓу кои и за најдобар филм (!!!) и режија, како и главна машка улога за Ентони Квин. Но секако - не и за најдобар странски.
Во 1969 година уште еден филм на Коста-Гаврас (но повторно не грчки) е номиниран за Оскар за најдобар странски филм и најдобар филм, но како претставник на Алжир (дури и го освојува Оскарот за најдобар странски филм за Алжир):
8.
„Z“ (1969)
Цензурата на грчката хунта од 1967 (диктаторски режим кој владеел во Грција од 1967 до 1974) предизвикала пад на грчкото кино. По ре-обновувањето на демократијата во Грција, повторно процветува кинематографијата, а водечки режисер од тој период е
Тео Ангелопулос, чии филмови имале невиден интернационален успех и го прават до денес можеби најуспешниот и најпознатиот грчки режисер до денес. Во 1990-тите младите грчки режисери прават доста поекспериментални филмови, се до неодамнешниот успех на филмови од режисерите Јоргос Лантимос, Панос Кутрас и Атина Цангари чии филмови се познати под името „Грчки чуден бран“.
Има уште многу да се пишува за успесите на грчките филмови, кого го интересира, подетално може да отвори на Википедија:
https://en.wikipedia.org/wiki/Cinema_of_Greece
Еве некои листи на филмови, за инспирација:
A Guide to Greek Cinema - најголемата листа на Letterboxd со грчки филмови, тука има скоро се грчко снимено до сега.
Greek submissions for the Academy Award for Best International Feature Film
“Greece” is the word: The Essential Collection of Greek Cinema
The Best 70 Greek Movies
Welcome to Greece
Cinema 100 - Greece
Sixties Greece - листа со грчки филмови од 60-тите
Greece - Cinema around the World
Greek films
Од тоа што гледам од листите, јас до сега сум гледал само 3-4 грчки филмови, па така не можам да ви дадам којзнае каква препорака, но верувам дека нема да ви биде тешко да најдете филм сами.
απολαμβάνω