FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.105
23. Κυνόδοντας / Dogtooth (2009)

1650830463020.png

Кога двајца ќе пишат дека филмов е умоболен, и ќе му дадат 2/10 оценка, а и по тоа што знам дека уште мал милион други имале сличен впечаток, плус и дека знам колку е мрднат Лантимос после The Lobster и The Killing of a Sacred Deer, очекував дека ќе биде тешко срање и дека ќе се мачам да го изгледам. Ама јас гледав баш enjoyable филм! Како што имав прочитано од порано, инспирацијата на Лантимос му дошла по некоја расправија со негови пријатели кои штотуку се венчале. Лантимос спорел дека не верува во бракот и семејството и дека истите не можат да донесат ништо добро. Тогаш му дошла идејата - што би се случило кога главата на семејството би бил екстремно overprotective кон сопругата и децата, до таа мера да ги затвори и потполно отсече од светот кој може да ги расипе. И го добивме Dogtooth!

Морав да го споредам со Room, многу пе потсети на него, иако ова оди во далеку поголеми екстреми. Кога го гледав Room нели се појави приказна дека нешто вакво слично имало и во Хрватска или Босна, не се сеќавам баш точно. Плус веројатно повеќето се сеќаваат на случајот на Џозеф Фрицл од Австрија кој 24 години ја чувал заклучена, ја малтретирал и сексуално злоупотребувал својата ќерка (за тие кои не знаат за ова: https://www.youtube.com/watch?v=jhLuEKZj1oo). Снимката од босанскиот или хрватски случај не можев да ја најдам. Ама овде ги немаше тие емоции кои ме преплавија по Room, зашто Dogtooth го видов повеќе како комедија. На сцената
кога синот стоеше клекнат покрај косилката во дворот загледан во нешто, и и викна на мајка му дека нашол 2 зомбија пошто оваа му рече дека зомби било мало жолто цвеќе
се смеев ко мрднат. :pos: Јас викам: којзнае што прави овој лудиов, ни на крај памет не ми текна за зомбијата! :pos::pos::pos:

Не знам, за мене ова беше многу забавно филмче и покрај сета налудничавост за која знаев дека ќе ја има, пошто Лантимос, нели. По The Favourite, за мене ова е негов најдобар филм. Плус може да отвори интересна дискусија за бракот, за семејството, за родителската заштита и сл. Во таа насока, имаше и една интересна епизода од Black Mirror, подоцнежните сезони, со мајката која вгради чип во ќерката за преку апликација да ја прати каде е, која ме потсети на овој филм. Генерално многу позитивен впечаток ми остави - интересно, оригинално и нормално: налудничаво филмче - 8/10 од мене.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.528
Поени од реакции
13.852
#5 Грција

Apples (2020) /Μήλα /

1650835570365.png

Четвртиот, последен и воедно најдобар грчки гледан филм.
Прекрасна, бавна, топла драма за тешкиот живот на човек болен од амнезија. Една вечер ке се најде во автобус без да знае како и од каде се нашол во него. Ке биде префрлен во установа во која ги третираат луѓето како него и чекаат некој близок да дојде да го собере. После некој перод во кој тој не е посетен од никој решаваат да употребат нов метод врз него со кој тој ке почне нов живот. За стекнување на нов идентитет тој ке треба да изврши неколку битни работи кои ке му помогнат да го изградат како нов човек и ке го стимулираат да се развива.
Одлична глума, предобра камера и атмосфера. Баш пријатен филм за пратење. Најдобриот од целото патување.

4/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.105
#5 Грција

Apples (2020) /Μήλα /

Прегледај го приврзокот 329913

Четвртиот, последен и воедно најдобар грчки гледан филм.
Прекрасна, бавна, топла драма за тешкиот живот на човек болен од амнезија. Една вечер ке се најде во автобус без да знае како и од каде се нашол во него. Ке биде префрлен во установа во која ги третираат луѓето како него и чекаат некој близок да дојде да го собере. После некој перод во кој тој не е посетен од никој решаваат да употребат нов метод врз него со кој тој ке почне нов живот. За стекнување на нов идентитет тој ке треба да изврши неколку битни работи кои ке му помогнат да го изградат како нов човек и ке го стимулираат да се развива.
Одлична глума, предобра камера и атмосфера. Баш пријатен филм за пратење. Најдобриот од целото патување.

4/5
Филмов го има на HBO Max, инаку, за тие кои не сакаат да се замараат со симнување, а имаат претплата.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Ја одам низ земјиве каде што сте биле откога ќе помине гужвата :D

Азербејџан, Градината на Калинките

Многу убав филм, многу квалитетен. Приказна за семејство, разочарување и втора шанса, во еден ултра смирувачки и медитивен тон, најмногу поради камерата и тие преубави кадри и внимателни и одмерени движења на камерата.
Дедото многу кул, харизматичен и супер одглумен лик.
Грузија има мандарини, Азербејџан има Калинки.
Препорака за филмов, посебно за љубителите на драми. 8/10

За утре купив карта за Грција, после би требало во новата земја и здравје до Црногорците да се тркне ако има некој аранжман
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Грција, Eternity and a Day (1998)

Следиме неколку денови на Александар кој е болен, испреплетени со позначајните спомени и сеќавања од неговиот живот, особено од жена му, инаку чиста убавица. Исто тука е и едно мало дете бездомник со кое се зближува.
Сѐ беше на високо ниво, глума, кинематографија, музика, со голема доза на меланхолија. Според чувството ќе му дојде ко некоја мешавина на Wings of Desire, Wild Strawberries и Фелини.
8/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Miss Violence (2013)

Филмот започнува со прослава на 11 роденден на Ангелики која за некој момент подоцна ќе изврши самоубиство фрлајќи се од тераса. Во продолжение го следиме животот на едно семејство сочинето од татко, мајка, ќерка (самохрана мајка) и нејзините 3 малолетни деца.

Внимавајте на филмови каде ликовите немаат имиња туку едноставно се наречени како Мајка, Татко, Тој, Таа и слично.

Знаев дека ќе биде нешто слично на Dogtooth ама не очекував вакво нешто. На вас што не ви се свиѓа и сте ужаснати од Кучешкиот заб, заобиколете го филмот. @Erich Zann ти повели.
Не знам што да пишувам во продолжение за да не откријам спојлери иако со самиот тек на филмот некако и се наговестува крајот и целата приказна на семејството ама пак те тера да размислуваш и на нешто друго. Поента има, не е безвезе филм во секој случај.

Само би прашал едно ЗОШТО?

Многу брзо ми помина, има убав тек иако дејсвието е во главно низ станот на семејството, сцените се кратки и без многу замарање. Искрено се мислам дали 7 или 8 да му дадам. Не сум сигурен зошто 7 а истотака не сум сигурен ни зошто па 8.

8че ќе му дадам на крај краева, пошто ќе го памтам филмов а нејќам да ми се изгуби у милионите 7ци на летербокс.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Црна Гора, Златне Чакље

Во духот на предрасудата за Црногорците, го пуштив првиот филм што ми дојде од тука, а го има на јутјуб, иако знаев што ме чека.


1/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Digger (2020)

Ова е драма, спора, мирна. Станува збор за еден човек кој живее мирен и скромен живот во едно планинско село и води сопствена војна против една корпорација односно рударска фирма кои во близина на неговата куќа вршат некои работи и ја уништуваат природата и сакаат да му го откупат земјиштето за да ја прошират работата. Човекот води инает и не попушта, се бори сам против сите во обид да ја заштити природата и сечењето на шумата.
На тие проблеми се надоврзува и неочекуваното пристигнување на неговиот син кого го нема видено преку 20 години, син кој живеел со својата мајка а сега, по нејзината смрт, доаѓа да си го земе делот што му следува, односно половина имот од татко му и 20.000 евра за да ја спаси куќата во која живеел со мајка му.

И тука цело време е присутен тој татковско-сински однос, судирот на карактери, себичност, инает, попуштање, љубов, изгубено време и слично.

Добар е, неам некои замерки, остајте тоа што пишува вестерн, т.е може да е некоја модерна верзија ама сепак далеку од вестерни какви што знаеме. Ова повеќе личи на некоја ладна скандинавска драма во сенковита мокра и студена планина.
Ко што кажав, неам замерки ама неам ни некои пофалби, нешто ми фалеше, малце динамика и емоции, вака многу праволиниски некако. Мислам дека вреди да се погледне, можеби на некого повеќе ќе му се свиѓа.

Од мене, само 6ка.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Грција
#11. Ulysses' Gaze / Погледот на Одисеј (1995)

Грчко-италијанско-француска продукција на Тео Ангелопулос во времетраење од скоро 3 саати.
Филмот започнува со кадри од „Tкајачките“ (Баба Деспина) на браќата Манаки и изјавува дека тие се првите Грци сниматели и први сниматели на Балканот.
1650986133347.png
Не знам која му е поентата на Грков, али браќава се Власи (Аромани) родени во Грција што не ги прави Грци.

Потоа продолжува со пристигнувањето на еден грчки режисер во родниот град во Грција по повод излегувањето на некој негов филм што предизвикал доста контроверзии. Тука режисеров изјавува дека браќата Манаки имале 3 неразвиени ленти кои што по смртта на Јанаки, Милтон ги продал и режисеров тргнува да ги бара низ цел Балкан, од Грција преку Албанија, низ Македонија, Бугарија, Романија, Србија, сè до бомбардираната Босна. Главниов лик е игран од Харви Кејтел, другиве ликови ми се непознати.

Крајно досаден филм, глума ништо посебно, освен добрата фотографија не видов ништо добро или интересно.
Од што ми беше досаден го гледав 3 дена по еден саат. Не препорачувам.
Оцена 2/5.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Worlds Apart (2015)
Enas allos kosmos


Грциве полн погодок испаднаа кај мене. Одлични филмови најдов. Никад не би ги гледал да не беше предизвиков, што уште еднаш докажува дека е полн погодок.

Станува збор за драма поделена во три сегменти каде ги следиме приказните на тројца индивидуалци кои на некој начин ќе се впуштат во љубовна авантура со странци кои ќе ги сретнат сосема случајно.

Во првиот сегмент ја следиме Дафне која ќе биде нападната од улични бандити во сред мигрантската криза која ја зафаќа Грција тие години. Ќе биде спасена од Фарис, избеглица од Сирија, подоцна сосема случајно ќе се сретнат повторно и ќе започнат авантура. Татко и на Дафне е огорчен од понашањето на избеглиците и е член на герилци (како и да ги наречам) ликови што се собираат и ги тепаат луѓево се со цел да ги избркаат од тука.

Втората приказна започнува така што Јоргос игра сони со син му и дознаваме дека тој воопшто не е среќен во бракот. Подоцна во кафич се запознава со Елиза, новодојдена скандинавка и тие двајца брзо завршуваат во кревет, започнуваат авантура и тука Јоргос се обидува да го балансира приватниот живот со авантурата која пак е поврзана со неговото работно место кое виси на конец поради големата економска криза што ја зафаќа Грција, па и Европа.

Џ.К Симонс е наратор во филмов и главен лик во третиот сегмент каде тој е германски историчар Себастијан, кој ќе се сретне и заљуби во Марија, просечна домаќинка која работи во супермаркет и се наоѓа во некоја средовечна криза, незадоволна од бракот и сопругот, и без некој особен предизвик во животот.

Убава, емотивна пријатна романтична драма. Реалистичен приказ на социо-економската криза и влијанието врз просечниот и обичен индивидуалец и неговата борба со самиот себе.

Цело време ми движеше околу 7 и 8, и пак сум на дилема каква конечна оценка да му закачам. Сеа ќе му пишам 7.5 и ќе видам во следното гледање кога (најверојатно) ќе биде предложен во филм клубот, како ќе се понаша тогаш.

7.5.

Мислам дека тука завршувам со Грција, симнав уште 2 на Ангелопулос ама по муабетиве за него најверојатно нема да ги гледам пошто, прво ќе неам време (искочи Better Call Saul) второ ме мрзи да глеам спори и дугачки филмови.

Одлична Грција.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Грција
#12 The Counterfeit Coin (1955)

Филмов е еден од најдобро оценетите грчки филмови на ЛБ, а според некој коментар и еден од најдобрите.

Еден чесен гравер (ваљда така се вика тој што гравира натписи на прстени, часовници) заведен од млада и убава вдовица прави фалсификат лира и од тука го следиме патот на лирата и приказната на луѓето што ќе налетаат на неа.

Има 4 приказни, првата за граверот беше интересна, втората за питачот што глумеше слеп беше исто смешна, третата за молерот беше тажна, ама добро изведена и четвртата за млад брачен пар беше поприлично досадна.

Немам некои големи замерки освен што по првите две приказни што беа повесели, смени тон во две тмурни приказни и крајната веќе ми беше досадна.
Оцена 3.5/5

#13 Eternity and a Day (1998)

Втор филм од Ангелопулос. Трет не верувам дека би гледал.
Убаво започна. Ми се свиѓаа сцените каде писателов се присеќаше на жена си (како што кажа Гранде права убавица), музичето што на почетокот свиреше и после неколку пати се пројавуваше низ филмот исто одлично, ама после саат, саат и десет-дваесет минути ми здосади филмот и од мене добива само 3/5.

Со ова завршувам со моето патување низ Грција, имав симнато уште 2 филма, ама во некоја друга прилика.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.917
Поени од реакции
37.105
24. Μια αιωνιότητα και μια μέρα / Eternity and a Day (1998)

1651094151424.png

Се додека не се појави репликата: „Колку трае утре? Вечност и еден ден.“ мислев дека филмов се вика така зашто гледајќи го добиваш чувство дека трае цела вечност. Плус еден ден! Сосема се согласувам со @Shawn Spencer овојпат. Првиот дел од филмот, кога се запознавме со ликовите, со приказната, беше далеку поинтересен од вториот кога веќе знаевме што ќе следи, што да очекуваме, и некако ко да почна да тапка во место, или да се врти во круг. Технички се беше совршено тука, и морам да се согласам и со описот на @grande-juve , ова личеше ко да е омаж на Вендерс, Бергман и Фелини, или ко некој чуден микс од тројцата. Мене особено ми се допадна начинот на кој беа решени сеќавањата, и секако - секоја сцена со жена му. Ама во сцените со малиот некако ми се губеше и не можев да го протолкувам. Имаше тука и други филозофии за кои веројатно ми требаше поголема концентрација за да сврзам крај со крај. Вака, генерално очекував повеќе. Досаден филм, во глобала и ништо повеќе од 6/10.

Не сум сигурен дали ќе успеам да гледам нешто друго од Грција до истекот на времето. Симнати ми се и Гркот Зорба и Ифигенија (многу сакав да го гледам заради The Killing of a Sacred Deer на Лантимос, за да направам некоја паралела), а сакав да го гледам и Apples на HBO Max, но утре сум речиси целодневна на работа, па така веројатно ќе чекаат некои подобри времиња.
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
Dogtooth
Сум гледал fucked up филмови, ама овај лесно влегува во конкуренција за топ 5. Од почетокот кога ќе ја донесе таа типката за син му, преку целиот филм до последната сцена цело време бев во втф елемент. Многу ме изнервира само што имаше многу нелогичности, пример што беше со мајкава, како така ладно го имаше прифатено овој начин на живот. Не само тоа, туку беше потчинета на лудаков дури до степен да се спушта на "4 нозе" и да лае со децата кога ја бараа едната ќерка на крај. И што се деси на крајот, цел филм ги чуваше во стаклено звоно, му избега оваа и сабајлето ладно си замина на работа, без ни малку страв кај ќе замине керка му и дека ќе се открие што прави со семејството.
Ќе му дадев повисока оценка, ама за ваков тип на филм овие нелогичности многу ми сметаат, така да 6/10.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Јас мислам дека Грција ќе ја пропуштам, сепак. Обично бирам филм од тие што ги кажувате дека се добри, или пак кој ќе ми дојде под рака, ама ништо не ме заинтересира.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.506
Поени од реакции
990
Super Demetrios 2011
Во време на будење на националната свест на Македонците ,Грците се загрозени од Фиром соседот северен и прават филм налик на Marvel Суперхеројски Супер Димитри протиф Капетан Фиром ,филм ундергрунд без буџет од студенти кој као станал култен филм у Грција ,дејствието е во солун е наш и као детски ефекти пародија комедија аматери актери најефтина продукциа , на крајот замалку ќе се степаја ама на каптауин фиром дојде бабаму нешто му реце не разбраф нема превод и завршу битката и толку.Капатин деметриус одржа некој говор на кулата знамето го развеа во града солуна итоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom