FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

The turin horse

Aludira na bela tar, dolgi kadri, dosadno
Плус на еден од избеглиците тој филм му е омилен :LOL:
Не сум го гледал, затоа не ми беше познат. Што знам, кога ќе размислам, на @wot може и да му се допадне тој филм. Во едно сум само сигурен: @Filip Telford има да псуе... :pos:
 
Coach Carter

Добар тренеров, добри мотивирачки говори и среќа шо имал многу жени во животот иначе немаше да ги знаат акциите неговите пулени.

Филгуд спортска драма, генерално се знаеше што ќе понуди филмов, инспирирачка порака за градење на една комплетна и добра личност, а не да се цели на слава преку ноќ, важноста на образованието, верувањето во себе, почитта... Сето ова пренесено во кошаркарско опкружување.

Самуел Џексон го носеше филмов, не знам дали ќе функционираше без него.
Можеби вишок беше парот што се туфкаше дали ќе имаат бебе или не.
Имаше и стандард клишеа али не сметаа нешто посебно.

Како голем следач на кошарка, посебно американска, немам некои замерки за кошаркарскиот дел, сосем културно изработен.
Ми се допадна на крај што не победија. Во филмски контекст ќе ми беше премногу холивудски, а плус после јака беше сцената кога Коуч ги крена од разочарувачкиот пораз и почнаа да скандираат, у тој момент станаа 100% тим.

7/10
 
Како голем следач на кошарка, посебно американска, немам некои замерки за кошаркарскиот дел, сосем културно изработен.
Читав дека целата актерска екипа 5 месеци пред да почне снимањето на филмот биле на training camp за кошарка, на кој вежбале некогаш и по повеќе од 8 часа дневно. За некои актери било навистина тешко. Ова е прв филм во кариерата на Чејнинг Татум, на пример, а за него веројатно сте слушнале дека пред тоа работел како стриптизер (тоа беше најчестиот муабет кога беа актуелни Magic Mike филмовите зашто скоро секогаш ги окаратеризираа како негови биографски), и немал баш некој талент за кошарка, па навистина му било тешко да се вклопи. Дополнителна тежина за цела екипа била што режисерот сакал скоро секоја сцена додека играат кошарка да ја сними од различни агли со различни камери, па така некои сцени (акции, додавања) ги повторувале десетици пати, одново и одново.
 
Ја будала плаќав да одам по такви кампови да ми ја црпат душава, нив тешко им билo...
 
Coach Carter

Мене филмов ми беше апсолутен очобол. Од почеток до крај. Го изгледав само за да немам црно квадратче.
Да, поентата е супер, многумина познати спортисти, а и актери не го дозавршиле ни средното образование. И уште полошо беше што дури и родителите на кошаркариве не ја гледаа иднината на своите деца подалеку од кошарката. Cudos за Carter. Таквите тренери и наставници се ретки на денешницава.

Не знам што друго да напишам, филмов ми беше некако плиток. :(

4/10
 
Coach Carter (2005)

Го гледав во тинејџерските денови кога тренирав кошарка по препорака на тогашниот тренер. Поентата му беше да ни каже дека образованието треба да ни е на прво место, а не да не одиме на школо поради тренинзи. Омилен филм ни беше на сите од тимот во тој период и сум го гледала повеќе пати. Монологот Our Deepest Fear го знаевме на памет. Сигурно и фасцинацијата кон Channing Tatum од Step Up имала огромна улога исто така. Samuel L. Jackson сепак го износи филмот. Високата оценка на letterbox е пресликана од imdb на времето.

Сега не го репризирав (одвоив повеќе време за серии и Оскаровци), знам дека беше полн клишеа, но имаше убава порака и ме потсеќа на убави времиња. Оценката од денешна перспектива би била 7/10.
 
Јас само што го изгледав Coach Carter и беше тоа што ми требаше во моментов, лабав филм за во Недела вечер.

Инаку од кога го изгледав ги прочитав мислењата од тие што го гледале пред мене и буквално истото сакав да го пишам, што сите веќе го напишале, па нема да должам многу. The good old ghetto shit амбиент, и улога створена само за Samuel L. Jackson. Класика од клишеа сцени, што и се очекува за ваков тип на филм и не ми сметаше многу тоа. Носеше добра порака и знаеше да ми пробуди емоции на емпатија со ликовите.

Се на се, задоволен сум од филмскиот избор за овој круг, ги сакам ваквите nice and simple филмчина, а за Coach Carter едно солидно 7че од 10.
 
Coach Carter

Имав чувство дека гледам серија од 2000s, а не игран филм. Не знам зошто ама такво чувство ме пратеше уште од самиот почеток. Филмот, како што веќе сте нагласиле е крајно предвидлив и секое можно клише го содржи во себе. Пораката беше јасна и очекувана. Впрочем, како повеќето спортски драми, и овој носи слична порака, па не ме воодушеви многу во тој аспект. Баш пред да го изгледам него, го гледам Moneyball кој е далеку подобро и поквалитетно остварување од Картер.
Она што ми се допадна најмногу е носталгијата која ми ја пробуди кон 2000-те, хип-хоп и поп музиката беше одлична, слушнав доста познати песни од тој период, Black Eyed Peas, Ciara и уште неколку познати се провртеа низ сцените. Секое дете кое растеше тој период ги знаеше песните. А, и самиот сет-ап, дијалог и начинот на кој се одвиваа настаните "вриштеше" 2000-ти.
Од друга страна, морам да се сложам со некои членови овде дека филмот ми се виде доста плиток и навидум неинтересен, како да не понудува ништо ново, освен, убаво поминато време од 2 и нешто часа во гледање на лабав филм во Недела вечер.

5
 
Тренерот Картер (2005)

Ова е филм од типот тренер/наставник/старешина тренира група новајлии кои потоа стануваат најдобри во тоа што го вежбаат. Многу ме потсети на филмот „На господинот со љубов“, можеби и првиот од ваквите филмови. Иако таму се работеше за расна нетрпеливост, во суштина беше исто: нов наставник кој треба да се справи со проблематичен клас од надмени и незаинтересирани ученици.
Во принцип овие филмови се секогаш добредојдени за гледање, затоа што ретко има антагонисти - борбата е со себе, а секогаш се со позитивна порака и исход и исполнуваат со позитивни чувства.

Малку ми пречеше оваа другата сижејна линија со бременоста на девојката, ми делуваше некако вишок. Разбирам дека сакаа малку да ја разбијат монотонијата на тренерскиот дел, но мислам дека филмот подобро ќе функционираше без оваа споредна приказна. Тоа време можеа да го искористат за да изградат поголема неизвесност за време на натпреварите.
Музиката беше воглавно од актуелни песни од тој период, ми фалеше малку подраматична музика за време на натпреварите.

Фалат луѓе како тренерот Картер.

7/10
 
Coach Carter

Сосема симпатичен филм во овој жанр каде што реализиран човек претставува некаков учител на група деца тргнати по лош пат. Има ли поджанр ова? Како се вика? Во секој случај, тие 2 саати (или повеќе) воопшто не ги осетив, брзо ми поминаа и солидна вожња понуди филмов иако секој момент од него беше предвидлив и шаблонски, всушност овој елемент кај филмови мене почесто отколку не, дури и ми се допаѓа кога треба да пуштам мозок на пасење и да го оставам дејството да ме вози. Малку одвишок ми беа сцените со тие двајцата со бебето, како и тој со братучедот, апсолутно who gives a fuck. Ме нервираа и тие мештаните што му се мешаа на тренеров у штипки и методи, иако имаше комплетна поддршка од тимот. Кој сака ваков тип на филмови нека го гледа Take the Lead со Бандерас.

7/10
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom