FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

The Innocents 1961
Стра школа филм според роман ,начинот на глумењ различен и дејствието е во неко викторијански временски период со замоци палати ,типчна домашна аристократска атмосфера, мек хорор со типично детско плашење .као влезен дух во детето па соби резидент евил темници бркање ,не ме е исплаши многу.6.5
 
The Innocents (1961)

Не ми легна воопшто филмот. Го гледав незаинтересирано и не ми привлече внимание, ниту со приказната, ниту со музиката, глумата... Немаше ни некое тензично чувство кај мене како да гледам хорор филм. Како времето да го прегазило и повеќе не може да го извлече она чувство на возбуда кај гледачот.

5
 
The Innocents (1961)

Ниту јас ги имам гледано останатите филмови, ниту ја имам прочитано книгата. Но филмов многу ми се допадна. Целата викторијанска естетика, од костими до атмосфера и самиот замок со големата градина.. каква грациозност и елеганција оддава филмов! Уживав! Црно-белиот контраст и играта со сенките и светлината даваа посебна драматичност на филмот која оди во прилог на жанрот. Не би рекла дека беше страшен, но некои сцени беа hella creepy: очите на Квинт кои се пресликуваа во Мајлс, песната која се провлекува низ целиот филм (која исто ко џонтра, мислам дека ќе ја сонувам и хмкам утре), скулптурите во градината, Квинт на прозорот...
Со оглед на времето во кое се снимал филмот и техниките кои ги имал на располагање, мислам дека е одличен!
Гумата на децата ме воодушеви! Посебно на Мајлс. А и дикцијата на сите ликови, која ми се чини можеш да ја забележиш само во британските филмови... сепак, акцентот си го прави своето.. :love:
Што се однесува до вистината која ја спомнавте погоре.... мислам дека сѐ беше произлегло од главата на гувернерката.. И мислам дека на тоа укажува првата сцена од филмот, кога е таа на интервју кај чичко им: првото прашање што ѝ го поставува е дали има имагинација, на која таа потврдува..

8/10

И што беше побогу оној бакнеж на крајот? :confused:
 
The Innocents

Гледан ми е пред 9-10 години, отприлика памтев нешто ама деталите ми беа заборавени, така што скоро како да гледав нов филм.

Многу ми се допадна повторно. Од хорори најмногу ги сакам психолошките зашто полека ти влагаат под кожа и повистински ми го доловуваат чувството на ужас, за разлика на пример од слешери и другите поджанрови, иако има одлични филмови и таму.

The Innocents од сам старт со црн екран и морничава песна и мелодија, те внесува во 100 минути скоро без прекин тензична и максимално морничава атмосфера, на почеток потивка и како што одминува филмот се повеќе билда за на крајот да кулминира.
Ептен језиви сцени овие мртвиве кога се појавуваа.

Одлично снимен и монтиран за да придонесе на морничавоста. Правилна одлука да се врти истата песна низ цел филм за додатно да ти влезе у психа.
Децата многу зрело и добро одглумија, али ѕвездата е срцката Дебора Кер, растури со улогава.

Класичен пример за морничав филм, одлична глума и атмосфера, за малку му избега 8иполката која ќе му донесеше срце на летер.. ептен јака 8 од 10
 
The Innocents
Предобар хорор ко за 1961. Веројатно основа за многу хорори.
Супер монтажа и кадри. Главната актерка одлично ни ги долови сите емоции како што треба. Децата исто така одлични и мнооогу крипи.
И што беше побогу оној бакнеж на крајот? :confused:
Прочитај го постот на Сецуко.
 
Последно уредено:
The Innocents (1961)

Ги немам глеадано филмовите што ги спомнавте погоре, ама филмов беше солиден. Држеше внимание цело време иако ич не сум љубител на овој жанр. Ако треба да го споредам со нешто од поновиов период, филмов е далеку подобар од се што имам слично изгледано. Се сложувам дека децата беа одлични, а главнава актерка беше подпросечна. Приказната не ме воодушеви искрено, ама признавам дека е нешто поразлично од она што сме навикнати да гледаме. Музиката е единственото нешто по што ќе го памтам филмов. Ќе ми одекнува во уши ко она на Били Боб од Слинг Блејд мхмммм.
Навистина не можам да дадам реална оценка, сеуште процесирам дали ми се бендиса филмов или не.

Нека оди 7/10.
 
Еј и дајте бе некое feel good филмче или нешто полабаво макар и анимиран ко Soul што го имавме лани. Последниве 3-4 филмови ептен тешки за гледање.
Не би се сложил дека е добро да влијаеме на изборот на филмови, ќе ми нема поента клубов ако е така. Сепак треба кој што сака да предложи, наше е дали ќе го гледаме. :D
 
Не би се сложил дека е добро да влијаеме на изборот на филмови, ќе ми нема поента клубов ако е така. Сепак треба кој што сака да предложи, наше е дали ќе го гледаме. :D
Не сакам да влијаам на изборот туку на редоследот. Колку што знам Злате веќе ги има филмовите, па барам да добиеме некое повесело филмче. Точно е дека наш е изборот дали ќе го гледаме или не, ама ако приметиш активноста во клубов оди надоле. Се помалку активност има од кога заврши регуларниот редослед.
 
Не сакам да влијаам на изборот туку на редоследот. Колку што знам Злате веќе ги има филмовите, па барам да добиеме некое повесело филмче. Точно е дека наш е изборот дали ќе го гледаме или не, ама ако приметиш активноста во клубов оди надоле. Се помалку активност има од кога заврши регуларниот редослед.
Мене уште не ми е јасно што е со редоследов и зошто Злате ги има филмовите :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom