The Sound of Music
Убав филм! Мојот 65 од 93 освојувачи на Оскар за најдобар филм. Симнат одамна, негледан заради должината. Ама помина брзо, иако го гледав со еден прекин, кој, за среќа се погоди баш за време на Intermission-от, но мојот Intermission мораше да потрае неколку часа. Искрено, тој втор дел и помалку ми се допадна, зашто малку го го смени тонот во нешто помалку ведар. Ме потсети на Mary Poppins на Heidi и малку на Bedknobs and Broomsticks (заради сцената кога скокаа на спалната од Марија). Ми се допаднаа сонговите, иако се повторуваа, нешто што е многу често во мјузиклите од овој период, овојпат не ми сметаше толку многу и не ми беше досадно. Приказната малку стереотипна, ама тоа ваљда од денешна перспектива, што знам? Инаку, прв пат го гледам Кристофер Пламер како млад актер, жално е што годинава го изгубивме, актериште беше! И не знам што повеќе да кажам за филмов. Не е некој филм кој ќе отвори којзнае каква дискусија, ама е дефинитивно вистински одмор по неколкуте тешки приказни кои ги гледавме минатине неколку недели. 8/10 од мене.