Идеме на број 2. "Краток филм за љубовта".
Поезија, магија, уметност. Тие зборови први ми доаѓаат на памет. Кишловски е еден од големите филмски поети. Кога гледаш негов филм, знаеш дека гледаш негов филм, те носи на некое друго место... Филмов ми е веќе еднаш гледан кога го гледав Декалогот(лектира, заедно со Боите), само таму е пократок 20тина минути и крајот е различен. Еден филм е голем кога и после повторно гледање пак ти влијае на емоции, пак ти е нов и свеж.. A Short Film About Love е таков филм. Се прикажува комплексноста на љубовта и осаменоста од поинаков агол. Томек е заљубен и верува во љубов, ама дали е љубов или обично воајерство со телескоп, може ли да биде заљубен без другата страна да е свесна за тоа. Магда е повеќе пати разочарана од нејзините врски, цинична е околу љубовта, и затоа го понижува Томек кога се заедно кај нејзе дома, инаку прејака полна со набој сцена. До тој момент Томек е опседнат со Магда, а после тоа ситуацијата е обратна. Потоа следи обидот за самоубиство на Томек и преиспитувањето на Магда, за да финишира со прекрасниот крај, Магда сфаќа што Томек почувствувал кога ја видел како плаче(кога раскинаа со папучарон, каков лик
), и го замислува покрај неа. Преубав, преубав крај.
А интересно беше што и Томек, и Магда, и бабата што беше со Томек, сите во еден дел од филмот беа опседнати со ѕиркање во туѓите животи, секој со различен мотив.
Исто мора да се спомне и саундтракот, ушите уживаа. Нормално, и очите, во кинематографијата, и во Магда
.
Одличен!
9/10