И не така лошо филмче, се` на се`.
Љубител сум на одредени црнобели адаптации од книги (особено Ремарковите романи и „Птицата подбивница“ на Харпер Ли), ова ми беше интересен mind travel на меѓучовечки односи, сторијата слична на онаа со Брдмен (стара актерка ја пука криза пошо друга помлада сака да ја замени). Би рекол дека е ставен акцент на тоа повеќе кој со кого се врзува, а причината за растурање поради отимање на нечива слава е еден вид на decoy за да поебе публика да мисли дека се` се работи заради Eve. По малку цинично е претставен тој холивудски извештачен свет, како постарите се трудат да опстанат на сцена додека помладите изиграваат аматери и се „адаптираат“ на се` што погорниве ќе им предложат. Тука е неизбежно да се нагласи врската на секој со секого, машко-женските одности (на некој начин малку застарени за денешно време), од друга страна широката лепеза на ликови, секој различен на свој начин. Така релацијата меѓу Бил и Марго иако по малку либерална е многу поцврсто од што се мисли, за разлика од онаа на Карен и Лојд каде и двата лика делуваат поопуштени. Централното место секако го завзема Eve (no shit Sherlock!) која на почетокот е мила и симпатична личност.
Епизодната улога на Мерлин е вишок по мене. Никогаш не сум ја сакал како појава, многу прав се крева за ништо освен можеби фотогеничност.
Дијалозите се врв, особено последните меѓу Де Вит и Eve, како и сцената во кафулето меѓу 4цата неразделни другари/ки и онаа подоцна во lady`s room меѓу Карен и Eve.
Марго мене ми е посимпатична како лик подоцна во филмот, особено откако ќе сфати дека животот не е само до театарот, има уште многу побитни ствари. Наивноста на Карен од друга страна ме жестеше, толку фина и симпатична, а можеше да го извлече најдебелиот крај во филмот.
Шир Кан од увек бил животиња и знаел како да им го спопика до крај,
Се` на се` 4/5 му давам на филмот, и радо го препорачувам заедно со Breakfast at tiffany`s.