FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Ајде пиши ме и мене...слабо сум по форумов во последно време, ама ќе гледам да пратам ова најмногу што можам.
 
Член од
22 октомври 2015
Мислења
33
Поени од реакции
9
И јас сакаааам да станам член, а можам и предлози да давам :P Инаку предлог да се гледаат повеќе филмови барем 1 неделно.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Денес го изгледав All About Eve.Морам веднаш да признаам, да не беше предлог тука, тешко дека во други околности би го гледал. Сепак, сакам да нагласам дека имам одредени предрасуди кон постарите филмови. Истото ми се случи кога почнав да го гледам и All About Eve, па се запрашав дали ќе можам да го издржам до крај. Ама не беше толку страшно. ;)
Мислењата за филмот ми се поделени. Филмот бил одличен, ама за 1950 година. За денешно време не сум баш сигурен. Затоа мене ми е тешко да создадам позитивен став за филмов, кога сум навикнат на поинкави стандарди за глумењето, сценариото, обработката на приказната и самиот филм воопшто.
Според мене филмот е непотребно издолжен со непотребно „оцртување“ и „потенцирање“ на карактеристиките на ликовите. На сите јасно ни стана уште во првиот дел од филмот дека Ив не е толку фина и стерилна како што се прикажува. Преку ликот на Марго (за кој сметам дека е најдобро одглумен и претставен) е прикажана една вистинска дама и ѕвезда со голем број на каприци. Иако на почеток не ги собра моите симпатии, до крајот на филмот успеа во тоа. Марго е театарска дива која 99% од филмот ја гледавме со цигара во рака. Вистинскиот проблем на Марго е стареењето. Па од тој проблем произлегува несигурноста, љубомората и стравот дека кариерата и е на измак. Само нејзиниот лик успеа да си поигра со моите емоции и тоа сосема добро.
Дијалозите на моменти се долги, сувишни и досадни, на моменти интересни и забавни. Сепак имаше и такви кои ми оставија силен впечаток. Би ги издвоил следниве мисли и дијалози:
1.
Бил:You have every reason for happiness.
Марго: Except happiness!
2.
Адисон: We all come into this world with our little egos equipped with individual horns. If we don't blow them, who else will?
3.
Марго: Everybody has a heart - except some people.
Според мене ова е типичен „женски“ филм, ако воопшто можат филмовите да се поделат на машки и женски. Женски затоа што обработува таква тематика, односно ја прикажува „борбата“ во женскиот свет, полн со интриги, замки, клеветења, уцени и газења преку лешеви за стигнување до успехот. Па уште кога на крајот се појавува новата Ив (Фиби) мислам дека постереотипно прикажување на жената која е болно амбициозна не би можело да се изведе. Претерано наивно според мене...
Машките ликови во филмов се комплетно запоставени и делуваат збркано, па до некој степен и Лојд и Бил се стереотипно претставени.
Глумата на двете хероини околу кои се врти заплетот според мене не е на исто рамниште. Бет Дејвис е многу подобра и поприродна во глумењето од глумицата која ја глуми Ив. Сепак, тешко е да се оцени глумата, затоа што денес имаме многу различни стандарди за добра глума.
Не би можел да кажам дека ова е лош филм, туку само дека мене не ми остави одличен впечаток. На моменти се почувствував како лично да ги познавам ликовите. Отимање. Целта ги оправдува средствата. Газење на себеси и другите за да се стигне до сопствената среќа. Филмов како да е од современиево... :)
И за крај само збор-два за Мерлинка... мерак за очи, па макар и црно бело!!!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.772
Поени од реакции
36.706
Ја почнав темава од почеток откако и јас го изгледав "All About Evil", зашто претходно ги прескокнував мислењата на оние кои веќе го гледале. Сигурно забележавте сега, по лајковите. :P Ќе почнам со реплицирање на некои од вас:
Она што мене ме освои во филмот е самокритичноста како кон себе така и кон бекстејџ Холивуд. Меѓутоа со комичен тон акцентирајќи го gap-от на тој dog-eat-actress свет на луѓето во театарот и платното кои се пред пензионирање во однос со новите, ентузијастичните. Таа транзиција oд владеењето на старците до соборувањето од новите. The queen is dead, long live the queen! Притоа punch-line-от бидувајќи затварање, односно почнување на истиот тој круг одново и одново. Тоа што му ја осигурува позицијата на филмот меѓу најдобрите освен назад опишаното е квалитетот во стандардните аспекти, глума како од главни така и од споредни ликови, а истите тие ликови така фино потковани со дијалози и позадина. Тоа е големата слика, внатрешната интрига и не е баш посебно битна, но сепак работи одлично да ве донесе до крајот без ниту на момент ви стане досадно. Како и се во филмот, се работи како што треба. 4.5 од 5.

Одлично отварање на клубот! (y)
Конечно напиша мислење на кирилица. Fuck, yeah! :vozbud:
Гледајќи го филмот, бев воодушевен исто и од фактот на каков начин се водени дискусиите наспрема денешните филмови каде што дијалогот е толку прост. Како секоја изговорена реченица да содржи некоја мудрост во себе. Не би можел да бидам сигурен дали и во вистинскиот живот, секојдневието, луѓето тогаш разговарале на тој начин, но едно е сигурно, ние сме подредени наспрема нив кога е во прашање културата.
Same here, иако не ми е прв пат. Ако не си ја гледал Downton Abbey серијата на BBC, ти ја препорачувам, затоа што во денешно време такви дијалози и толку елоквентен начин на изразување тешко се наоѓа. Истото ми се случи кога го гледав нашиот „Мирно лето“ на Димитрие Османли - толку убав македонски јазик и такви дијалози денес се научна фантастика.
Се на се одличен филм, зимава ќе се изгледаат многу класици.
Ако не си го гледал, мој предлог за Божиќ - седни му на "It's A Wonderful Life" на Френк Капра. ;)
Филмот бил одличен, ама за 1950 година.
Јас пак мислам дека толку „пресврти“ нема ни во најдобриот денешен трилер. :P
_____________________
Прекрасно отворање на клубот, @grande-juve ! Филмов одамна ми беше во watchlist, уште од 1997, можеби, кога прв пат слушнав за него (Титаник тогаш собра 16 номинации за Оскар, со што се изедначи на врвот со „Сѐ за Ева“ (Миланка :P)). Ми се допадна буквално сѐ тука - нималку предвидлив, убава приказна, перфектна глума (и не, не се согласувам дека Ен Бакстер е полоша од Бет Дејвис - и двете беа перфектни: одличен говор на тело, гримаси, емоции... - со нив две сметам дека филмов би функционирал и да бил снимен три-четириесетина години порано, без звук). Мене не ми е најстариот филм кој сум го гледал, сум гледал и многу постари од него.

За приказната и ликовите - мене исто како @ob1 Ив успеа да ме измами со глумењето наивност, некаде сѐ до средината на филмов. Тоа само ја засили одбивноста кон неа која растеше со приближувањето на филмов кон крајот. Секоја чест и за ликот на дечкото на Марго - денес тешко се наоѓаат такви. Да му се понуди некоја како Ив на било кој маж денес (вклучувајќи не и нас на форумов, демантирајте ме ако грешам), тешко дека би останал со кренати панталони. :P Марго пак растеше обратно од Ив: од почеток ми беше антипатична, делуваше разгалено, како некоја ѕвезда, а дури подоцна допрев до нејзиното срце, но јас секогаш ги проценувам погрешно луѓето, и во реалноста, не само на филм, па можеби е само до мене.

Не знам што друго да додадам, уште сум под импресии. Можеби ќе имам уште зборови кога ќе ми легне малце.

9/10 од мене. Во мојот начин на оценување и нема некоја драстична разлика меѓу деветките и десетките. И едните и другите се награда само за исклучителни филмови. Десетки давам само на оние кои ми пуштиле солза, што не сум можел со денови да ги заборавам од после, што сум ги сонувал по гледањето, што ме насмеале како ништо друго претходно, и за кои, по гледањето сум морал да изгубам уште неколку часа во гуглање за филмот, актерите, да отплеткувам делови од приказната, и сл. Само колку да биде појасно зошто сум дал само деветка. ;)[DOUBLEPOST=1451827136][/DOUBLEPOST]@Spiegel , @MyloXyloto , @RectumAnale , @Џонтра Волта , @ManUtdChampions , @Mich0MKD , @Bojan Van Buuren , @Луси_Лу , @Chovek , @џимеј , @Erich Zann , @AniMagus (видов дека ти е гледан, само фали коментар тука :P), @Iceboy , @Продиџи , @Saladin , @Хефест - само да ве потсетам дека уште точно 7 дена имате. ;)
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.724
Поени од реакции
43.783
Ќе го гледаме, ќе го гледаме.. Се мислам дали за вечер или за утре... :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ќе го глеам и ја вечер или утре, не се секирај, не ја пратам темава да не јадам спојлери. А нејќев минатата недела пошто го чував за 2016та. :D
 
Член од
27 јуни 2015
Мислења
124
Поени од реакции
97
Синоќа планирав да го гледам ама ме предумисли The Hateful Eight пошто го немав гледано па за вечер го оставив или евентуално до после
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
@Zlatikevichius , Ја изгледав цела, ми остана уште божиќниот спешл. Одлична серија, топла препорака од мене, само што истата е тотално различна од филмов, немаат допирни точки.
Мирно Лето, од друга страна,не ми е гледан, баш ќе го побарам на нашиве тракери дали го има.
—---—-
За делот, кога сопругот на Марго ја одби Ева, е уште една разлика од денешново опшество, каде ретко кој, во таква ситуација би можел да остане прибран и да одбие. Сите ја испофаливте Мерлинка за нејзиниот изглед, но и Ен Бакстер е прекрасна и не е ништо пониско од неа.. За мене дури беше и поубава. Очите не ги тргнав од неа, скроз ме заведе и измами. :D
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Се извинувам вака шо навлегувам ама утре одам надвор од државава па незнам дали би имал интернет за да предложам филм (јас сум на ред после гранде-јуве). Така да ја уште од сега да си го кажам мојот предлог па коа ќе дојде време нека се менува насловот.

A Short Film About Love (1988)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.772
Поени од реакции
36.706
Се извинувам вака шо навлегувам ама утре одам надвор од државава па незнам дали би имал интернет за да предложам филм (јас сум на ред после гранде-јуве). Така да ја уште од сега да си го кажам мојот предлог па коа ќе дојде време нека се менува насловот.

A Short Film About Love (1988)
Ќе те барав утре, ама nevermind. Ќе беше изненадување така. ;)
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Oбичнo мрaзaм црнo-бели филмoви, не знaм зoштo aмa ете oдбивни ми се и зaтoa вoлку дoлгo ми требaше зa дa се нaкaнaм дa гo изглеaм филмoв aмa ете кoнечнo сoбрaв сили и гo гледaв.
Првите пoлa сaaт ми беa предoсaдни, се мислев дaли дa прoдoлжaм дa гo глеaм или не. Пoсле пoлекa пoчнa интересен дa ми стaнувa. Мaргo oд aрoгaнтнa и лик кoј не мoжев дa гo смислaм нa крaјoт испaднa ликoт сo кoј сoчувствувaш, Ив oбрaтнo.
Oдличнa прикaзнa сo неoчекувaн пресврт нa нaстaните, ни нa крaј нa пaмет не ти дoaѓa декa Ив јa измислилa живoтнaтa прикaзнa штo јa кaжувaше нa пoчетoкoт нa филмoв и декa уствaри се oднaпред и билo смисленo. Изгледaше и се oднесувaше премнoгу нaивнo зa дa мoже дa се види кaквo ѓубре е уствaри.
Интереснo ми зaврши филмoт, Фиби = нoвaтa Ив, или бaрем јa тaкa гo сфaтив тoa.

Шo знaм aкo требa генерaлнa oценкa дa му дaдaм нa филмoв би рекoл... 7.5 зoштo нејќaм црнo-бели филмoви и зoштo првите 30 минути ми беa дoсaдни.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Како и поголемиот дел овде, па така и јас ретко гледам филмови во црно-бело, до душа повеќе би рекол ги избегнувам. Едноставно ми ја немаат таа динамика како поновите филмови иако Казабланка ми е еден од поомилените :icon_mrgr:

Во врска со филмот, изборот на актерите, нивната глума и тематиката ми беа одлични. Замерка имам во тоа што траеше предолго и на момент изгубив целосен интерес за филмот, ама успеав да се вратам назад највеќе ради дијалозите.
На почетокот Ив ми изгледаше доста уверливо, пред се затоа што одлично ја долови улогата на невино, искрено девојче кое го запознава својот идол, а можеби и зошто не тргнав очи од неа па ме зашемети, каква убвавина мајко мила. За нејзините скриени намери почнав да се сомневам уште кога го побара Бил во име на Марго, демек да не заборавела оваа, my ass. Во глобала се сте кажале и се сложувам со поголемиот дел од вас, ќе надоплнам само дека Лојд ми беше најслаб лик од сите, некако најмалце се поврзав со него.

Во врска со филмчево шо го препорачал дрогирашот, гледан ми е и тоа мислам дека беше по негова прочитана рецензија во темине за предлог. Интересен и пократок филм, кој мислам дека ќе ви се допадне. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom