FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.826
Поени од реакции
36.846
Иако мразам историја и го гледав со предрасуди (ич не ми е гајле за west/east germany, социјализам, комунизам)
Кога некој за работи на кои се сеќаваш дека се случиле во твое време ќе каже дека се историја, знаеш дека си стар. :place:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
@dejan_k ајде сакам осврт и од тебе.
Некако другиве ми го промашија моментот кога момчево цело време ја лаже мајка му и после се дознава дека и мајкава ги лажела... како треба да се чувствуваш во тој момент? Дали имаш право да си лут? Дали можеш да го победиш егото во тој момент и си речеш „не смеам да се лутам, истото го правам и јас“?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Закон си е филмот. Знам дека првпат го сретнав тука главниот лик како глумец и ептен ми се допадна глумата. Потоа се заинтересирав и изгледав уште неколку филмови со него и можам да речам дека е на добар пат и со избор на филмови и со глума и иднина.

Што се однесува до филмот, ми беше онака комплетен и по второ гледање од повеќе аспекти. И од политички (кој покажува една врска со распаѓањето на еден систем и доаѓањето на друг), па се до оној драма момент кога ликот се обидува на најразлични начини да го сочува мирот на неговата мајка, почнувајќи од паковањето на работите според едно постаро време, до снимањето на вести (тука ми беше воедно и доста смешно). Германија е опишана таква каква што е, со сите свои предности, недостатоци и мани. Според мене овој филм го има едно од најоригиналните сценарија. Мислам дека го видов на форумов пред неколку години и мислам дека Интериста го имаше пишано како предлог и тогаш го изгледав и не зажали. Не жалам и сега по вторпат. За да биди комплетен, совршено им е ставена музиката во сцените, онака како целосно убава аудиовизуелна хармонија. Taка да песната е јаготка на шлаго, кој не го слушал Јан Тирсен под итно да го раслуша. Еден од најгенијалните композитори од новово време.

8 од мене.

 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Се извинувам на каснење, моја обврска беше да го сменам филмот неделава, воедно и да изберам.
Но темата не е тоа што е без воведите на Златиквасвасасвчуис.
Сакав многу филмови да ставам на тапет, од dancer in the dark, inland empire, holy mountain... нели темата требаше да е предизвик да гледаме различно, па после сведов на the reader и phoenix пошо не отековте со воени драми, стално да плачеме и да не ве мачам по 3 часа уметност, па ај еден различен кој само гранде го има гледано

Гледаме The Congress (2013)

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.826
Поени од реакции
36.846
Еве ме и мене назад. Јас се извинувам што не можев да стигнам навреме за да се подготви теренот за новиот филм, зашто викендов + вчера имав неколку слободни денови кои ги искористив далеку од сајбер просторот, малку да одморам и да наполнам акумулатор. Е сега вака:

Знаев дека ќе дојдеме до овој момент, кога почнуваат одмори, кога сонцето не ни дозволува да седиме дома пред екран, па така гледаноста на филмовите паѓа. Воедно и им се извинувам (иако не дека сум јас лично крив за нешто) на предложувачите кои ќе се погодат да предложуваат во овој период што нивните предлози нема да имаат барем 12+ гледачи и рецензенти тука. Прв кој го „вкуси“ ваквиот горчлив расплет за неговиот предложен филм беше @Bojan Van Buuren чиј предлог, Goodbye Lenin! го гледавме само осуммина, што засега е неславен рекорд. Ако ја броиме и седмицата на @grande-juve кој пак не не почести со мислење - 9 гледачи, што пак е лошо. На @Spiegel , @џимеј , @ob1 и @Хефест ова им е веќе втор по ред неизгледан филм, па знаете дека тоа е „работ на попустливоста“. Со третиот неизгледан, го губите статусот „полноправен член“, иако можете да си го вратите кога сакате. Тоа му се случи овојпат на @Iceboy на кого ова му беше трет по ред неизгледан, па ако сака да му простиме, ќе мора да изгледа барем еден, било кој, може еве новиов, не мора некој од овие три по ред неизгледани. ;) Не го гледаше и @Џонтра Волта , а и @Leo Bonnie и @dejan_k на кои ова им е првиот пропуштен филм воопшто!

Јас искрено се надевам и посакувам да си ги консолидираме редовите и полека да се вратиме на старите патеки, па затоа, еве, ве молам сите соберете сила и гледајте го предлогов на @wot , во портокалова фаза секако не можете многу да шетате надвор. ;)

А за @wot - какви клизачи и какво изненадување ми направи и мене, немате поим! Да не ви покажувам сега конверзации меѓу мене и него во врска со неговиот избор на филм, и тука, и на фејсбук, но верувајте дека овој кој го има предложено не беше ни спомнат, никаде. Последниот договор кој падна, беше за сосема друг филм. :D Не знам што го спотерало ноќеска по полноќ да се премисли, но се надевам на арно ќе е, оти за прв пат имаме ваков жанр, а во периодов може и тоа ни е баш потребно заради поголема гледаност - малку порелаксирано филмче. Искрено, јас му се радувам, и едвај чекам да бидам послободен и да му седнам (веројатно во петок). Се надевам исто и вие![DOUBLEPOST=1466504071][/DOUBLEPOST]А, да, и - @wot - смени во насловот - 20.06 - 03.07.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ќе ги надополнам ја, овој Ленин ми изгледа на добар така да сигурно ќе биде гледан. Ме мрзи некако да глеам филмови у задње време а и неам време многу многу. :icon_mrgr:
 
G

grande-juve

Гостин
Летово сум на пауза од филмови, прва сериозна пауза после доолго време :D.. само по некоја серија и спортски настани на тв. Мислења тука не пишувам зашо глупо е од пред 2-3 години глеани филмови да ги анализирам, плус и се забораваат :D. Би требало накај септември/октомври да надокнадам и во двава клуба.

Конгресов баш ради Вот го имам гледано, мада мене само ок ми беше, али дефинитивно заслужува да се изгледа ради интересната замисла и Робинчето.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Вечер ќе го гледам Ленин и утре ќе пишам мислење и оценка
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Летово сум на пауза од филмови, прва сериозна пауза после доолго време :D.. само по некоја серија и спортски настани на тв. Мислења тука не пишувам зашо глупо е од пред 2-3 години глеани филмови да ги анализирам, плус и се забораваат :D. Би требало накај септември/октомври да надокнадам и во двава клуба.

Конгресов баш ради Вот го имам гледано, мада мене само ок ми беше, али дефинитивно заслужува да се изгледа ради интересната замисла и Робинчето.
Сaкaш дa ми кaжеш декa јa сум небитен пa зaтoa не пишa ништo зa гудбaј ленин ?
Рaзoчaрувaчки...

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Грешка имате во насловот, мислам до 03.07 треба да го изгледаме, а не до 27ми овој месец .
Освен ако има некоја промена а јас да не прочитав.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Good Bye Lenin! Ова не е филм за мене. Со ова сакам да си дадам оправдување за послабата оцена која следува. Но, прво ќе почнам со тоа што ми се допадна во филмот. Дефинитивно музиката. Инспиративна и одлично се вклопува. Приказната - одлична, ама некако пусто и осиромашено претставена. Глумата на Алекс, па ок... иако ништо спектакуларно. Сметам дека друг глумец подобро би ја изнесол улогата. Овој глумец беше скаран со фацијалните експресии. Барем таков впечаток стекнав јас.
Ова не е филм за мене, затоа што историските компоненти ми беа неинтересни. Воопшто не ми се воодушевувачки настаните кои се прикажани. Филмот почна одлично... ама како што тече приказната губи од значење и привлечност која го окупира вниманието. Кога го почнав филмов бев воодушевен, за на крај да го завршам со лабави впечатоци. На крајот ми беше јасно дека ништо не ме допре. И со досега напишаното не сакам да кажам дека ова е лош филм... туку само дека ова не е филм за мене. Глумецот имаше иритирачка фаца (како некој од бекстрит бојс ми беше). Ама мислам дека дури ни тоа не ми беше проблем. Имаше нешто монотоно во филмов. Сепак, за да не ја нарушам позитивнава дистрибуција на оценки, ќе му дадам 5... иако уживањето што ми го пружи филмов налага многу пониска оцена.
Искрено се радувам на новиов предлог од @wot . Симнат филм кој чека да се изгледа, а ветува многу.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.826
Поени од реакции
36.846
Грешка имате во насловот, мислам до 03.07 треба да го изгледаме, а не до 27ми овој месец .
Освен ако има некоја промена а јас да не прочитав.
Му реков на @wot да смени...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Ха, вотче ботче знае да извади ваков филм.
Првата третина од филмот одличен, после почна трипи анимација која по дифолт буди омраза во мене но и дадов шанса.
Трпев трипи срања и стигна мојот омилен дел од анимацијата а тоа беше сцената кога ќе ја презентира тој портокаловиот новата пилула и кога ќе го снајпнат.
Тоа беше единствената сцена од анимираниот дел која што ми се допадна и релативно долго траеше. Другите делови ептен трипи срања кои не ги гледав со уживање.
Халуцинира, не халуцинира, сон е, не е сон, овој свет, оној свет... nahh, just too trippy for my taste.
Очекував многу повеќе фокус на синот, кој беше даден, но доцна.
7/10 само ради првата третина од филмот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom