FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Kaмен филм со камен музика, зато шо факинг Јан Тирсен!

Че го гледам пак :D И че пишам подолг коментар тогаш, да обновам меморија.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.870
Го репризирав. И се прашувам на кои дроги сум бил пред десетина години, кога за прв пат го гледав, што сум го осакатил со толку слаба оценка (тогаш: 7/10). Ова е вистинско мало ремек дело! Почнувајќи од целата таа сатира кон двете општествени уредувања и кон двете републики кои подоцна станаа една, што на моменти ме потсетуваше на книгата на Дејан Новачиќ, „СФРЈ за повторувачи“, но секако, само по тонот, зашто истата беше за едно друго поднебје, поблиско до нас. Музиката - маестрална! Ма цела симфонија! Даниел Брул по Rush - 100% бев убеден дека го знам од некаде, и дури сега сфатив од каде. И тој беше маестрален, а и ликот кој го глумеше. Може ќе звучи ова малку југоносталгично, комуњарско, па дури и параноично, но сепак ќе го кажам - можеби комунизмот не бил некоја придобивка за општеството, но како што тогаш биле воспитувани младите, никогаш нема да бидат повторно. Да, може им биле испрани мозоците, но за некои работи и подобро да бидат испрани мозоците. Како на пример - јас би сакал да ми биде испран мозокот за да се однесувам онака како што Александар се однесуваше во филмов. Мое мислење е дека во денешно време, во Европа, со целата таа западна култура која ни е наметната, со целата таа шема на изместени вредности која исто така ни е наметната, лик како Александар е многу потешко да се роди или создаде. И се надевам дека ова ќе биде поттик за да се развие дискусија на таа тема, да не биде дека џабе сум го склопувал. :P

Ај назад за филмот сега - силна деветка од мене по второто гледање, десетина години подоцна.
(...)
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
И јас гледам дека сум му ставил на Летербокс 3.5/5 оцена на првото гледање. Не знам што сум мислел иако знам дека ми се допадна и тогаш ама филмов е pure gold.

Ние помладите во глобала секогаш сме слушале пофални зборови за тоа време. И иако кај истото имало и негативности, претежно се живеел подобар и посреќен живот тогаш од денес.
Но во источна Европа, онаму каде што бил советскиот комунизам, било сосема обратно од оној во Југославија.
Ова не ми беше прв филм што го имам гледано за Источна Германија и како се живеело таму,
The Lives of Others како ремек дело го прикажува животот во GDR, али филмов на маестрален начин успева да го исмее целото западно и источно општествено уредување.
Алал им вера за сатирата. . :cuc:
Брул секогаш ми оставал добри импресии (Rush, Inglorius Basterds, Woman in Gold, The Bourne Ultimatum, Burnt) иако тука е мошне млад и на самиот почеток, може да се предвиди дека ќе прерасне во актериште.
Полека, но сигурно ми станува омилен глумец. :)
Да ја ревидирам и оцената после второво гледање.. 8.5 *ц ц ц ц.. која циција. Не му става овој 9ка* :D
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Многу се израдував кога видов дека филмов ќе биде во клубов, прво ради тоа што ми беше желба за гледање веќе неколку години уназад, а второ што пред некоја недела сретнав некои цитати и ми се вроди желба за да го изгледам, па еве дојде приликата.

Одличен филм! Даниел Брул иако реално не ми е баш омилен глумец, некако одбивна фаца ми има, можеби знае да ги долови улогите ама антипатичен ми е многу. Целата приказна беше врвна, иако не ја знаев суштината на филмот, многу ми се допадна начинот на кој и ја прикажуваше лажната реалност на мајка си, па тоа со лажните вести беше нешто брилијантно :D . Многу ме насмеа кога мајка му од отворениот прозорец виде голем плакат на Кока Кола и целата се збуни :LOL:

Исто и јас се сложувам со Злате, од самите муабети од тоа време (бар јас кој сум 93 генерација), многу би сакал да се вратам во тој период од животот баш да го почувствувам на своја кожа сет тој дух кој владеел во тоа време и начин на воспитување. 8 за филмот! :aplauz:(y)
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Го гледав уште истиот ден кога беше предложен, ама дури сега ми текна да пишам... Добар филм, не ми беше ептен интересно да гледам како се живеело во ДДР, туку што се' Александар правеше за мајка му. Колку многу само се трудеше просторот околку мајка му да е сеуште Источна Германија, ѕидот да не е срушен. Посакувам јас да бев толку добар син... 8 од мене.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Го репризирав. И се прашувам на кои дроги сум бил пред десетина години, кога за прв пат го гледав, што сум го осакатил со толку слаба оценка (тогаш: 7/10).
И јас гледам дека сум му ставил на Летербокс 3.5/5 оцена на првото гледање. Не знам што сум мислел иако знам дека ми се допадна и тогаш ама филмов е pure gold.
Ima tuka neso, mene mi e prvo gledanje I zatoa kako vasite prvi oceni go oceniv.

Osven dobrata gluma I odlicnata muzika, nisto ne dopre do mene, duri apsurdno do bezkraj. Ne znam kakov komentar da ostavam. Nikoj ova ne bi go napravil, I ne, ne deka ne e tolku dobar sin kako Aleksandar. Ocigledno zivotot se podobri posle toa, zosto bi kriel do tocka da stane smesni I na granica psihopatsko. Vozbudata pri rusenje na dzidot I paganjeto na ureduvanjeto poveke bi predizvikal srcev udar da go dozivee, otkolku da I se kaze deka veke se desilo. Mozese poveke da go vkusi zivotot posle toa kakov bi bil, otkolku samo da ja doceka ceremonijata I da umre. So znam, razbiram zaso vi se dopaga, mozebi na vtoro gledanje nekad poveke ke uzivam.

3/5
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Мене до толку не ми се допадна, ако има нешто во тоа, и јас прв пат го гледав.

Не сум баш запознаена со таа историја и морав да гуглам за да видам што се дешавало пошто ме заинтересира колкави промени се случиле за да некому предизвикаат срцев удар и јас колку што разбрав, со обединувањето не се случувало ништо лошо понатаму па за да има потреба така да се крие. Можеле полека полека да и ја откријат вистината, место да ја остават да умре со лаги. А може и не умре со лаги затоа што девојката на Александар при крај и раскажуваше како е сега и што се случило за тие осум месеци додека била во кома, и можеби умре среќна и горда на својот син што го направи сето тоа само за да ја заштити. Ок беше, нешто интересно, нешто смешно, нешто досадно, нешто тажно, нешто требало да биде тажно а не беше...
7/10
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Сеa мoже и нa пaмет збoрaм, aмa у тoa време биле учени декa сoцијaлизмoт е сoвршенствo, декa се ќе нaдмине, декa никoј ништo не му мoже. Луѓетo ствaрнo верувaле вo сетo тoa. И сеa кoa ти 50 гoдини си верувaл декa еднo нештo е сoвршенo, зa некoлку месеци се дa се рaспaдне е сигурнo гoлем шoк.
Знaчи сaмaтa прoменa нa oпштественoтo уредувaње е шoкoт, a не фaктичките прoмени.

Oкеј питaње нa вкус е дaли нa некoј му се свиѓaл филмoв или не. Мене ми е ствaрнo јaк.
Вoт кaжa не билo реaлнo. Шo знaм мене пa бaш реaлнo ми изглеa филмoв. Секoј ден слушaме зa нештo неверoјaтнo штo гo нaпрaвилo дететo зa рoдителoт или oбрaтнo. Зoштo oвa би билo нереaлнo?

Генерaлнo мене филмoв ми се свиѓa, зaтoa и гo предлoжив. Не знaм дaли и јa требa дa гo oценувaм aмa еве aкo требa 9.5 oд мене :D

П.С @Хoуп и @Anon нејќaм црнo-бели и aнимирaни филмoви :*

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Еден куп луѓе уште ги бoли времетo нa Титo, пa никoј не умрел oд тaгa и жaл пo тoa време. И тие биле нaвикнaти и среќнo си живееле. И нa крaј преживеaле. И уште се живи. И декa биле нaвикнaти и слепo верувaле пa зaтoa бил тoлкaв шoк не е мерилo, зoштo имaш еден куп примери oкoлу тебе зa тaкви луѓе. Слепo штo верувaле вo нештo, биле зезнaти и се нaвикнувaле нa ситуaциите. Кaј ни е крaјoт aкo пoсле нештo рaзличнo oд штo сме нaвикнaти умирaме. Oк женaтa имaше слaбo срце и зaтoa пoстoеше ризик, aмa пaк..
А верувaм декa пoстoјaт тaкви децa креaтивци штo тaкa пoкaжувaaт љубoв. Мене пoнереaлнa ми е мaјкaтa и oнa штo мoже дa и се случи aкo дoзнaе, негo пoстaпките нa Алексaндaр.

И знaм декa не сaкaш црнo-бели и aнимирaни филмoви. Се нaдевaм декa следен пaт кoгa ќе ме тaгнеш ќе ми кaжеш нештo другo.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Преку сатира се прикажа како луѓето биле испрани и во заблуда во тоа време. Толку многу бил воздигнуван комунизмот што при негов пад жителите доживувале срцев удар не можејќи да поднесат да живеат во корумпираниот капитализам кој е дело на ѓаволот.
Реалноста била друга.. сите едвај чекале да се распадне комунистичкото уредување и да преминат во капитализам каде што можеле да си приуштат ново БМВ од платата, наместо да чекаат за Трабант 3 години, полни маркети со храна, светски брендови, високи плати и отворени држави. Па така и мајка му на Александар, иако била просветен работник и го воздигнувала комунизмот, длабоко во себе истиот го мразела, но поради репресија како и сите останати морала да ќути и да работи.
И денес источниот дел на Германија е многу посиромашен од западниот и сеуште се чувствуваат последиците од комунистичкото владеење.

Кај нас се гаи носталгија за времето на Тито не само од луѓето кои биле родени и живееле во Југославија него и оние кои се родени подоцна во независна Македонија, не затоа што им бил многу симпатичен лик Тито, него затоа што животниот стандард тогаш бил светлосни години понапред од животниот стандард денес.
И ние ако сега имаме германски стандард, ќе си правевме овакви сатирични филмови со кои ќе го исмевавме тоа време. :D[DOUBLEPOST=1466077810][/DOUBLEPOST]Ние може да направиме една компарација со денешново време, бидејќи ние сега го живееме некако тоа "комунистичко" време што они го живееле во GDR.
Кај нас денес е такво уредувањето каде што власта ги има(ше) сите права и врши(еше) репресија врз народот на секое поле во животот и истите мораа да се приклучат кон една партија за да можат да се вработат, поготово кога е во прашање државните институции.
Мајка му на Александар мораше да се приклучи кон КП за да работи во просвета, а при тоа беше влечена по разни настани каде што го ширеше комунизмот и возвишуваше лидерот на КП пред најмладите, пионерите :D
Кај нас денес 80% од младите би прифатиле со раширени раце можност за да се иселат од државава прескокнувајќи фиктивни ѕидови(земање бугарски пасош) само за да избегаат од тука.
Тогаш луѓето ја прескокнувале барикадата и ѕидот за да преминат во западна Германија(Татко му на Александар).
Народот бил угнетуван, прислушкуван(гледајте го The Lives of Others), оставен на просјачки стап колку да го помине месецот.
Истото ни се случува и нас. Денес имаме цела група од луѓе кои го воздигнуваат нашиот лидер, при тоа на истите им се врши притисок и се влечени по митинзи и разни собири. Некои од нив стварно веруваат во тоа, но повеќето го прават тоа од безизлез.
Да замислиме една фиктивна ситуација кога ќе се промени оваа власт и дојде друга кај нас, да испливаат сите работи на површина, да се почитуваат законите, да не се краде, платите да се покачат на минимални 500 евра, и животниот стандард на граѓаните да се зголеми толку, оваа група одма ќе ги промени своите светогледи и за некои си 10тина години од сега ќе може да си режираме овакви црни комедии за тоа каков ни бил животот тежок некогаш. За жал, ова е само утопија, кај нас тешко нешто да се промени на подобро. :D
Може малце е off topic ама чисто за да се долови животот на германците во GDR.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.870
Филмов не го исмева само комунизмот, туку и капитализмот и бирократијата. Се сеќавате на сцената каде банкарот не им ги прифаќа старите пари од ДДР за да ги замени за нови? Зошто: затоа што рокот истекол пред два дена. Одговорот е безмалку апсурден. Ние секојдневно се соочуваме со слични ситуации, каде буквално сме ебани од државата, институциите, оние кои ја имаат моќта, па сме навикнале. Имаше и други моменти, ама не можам од телефон.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не се согласувам дека сите биле приморани да веруваат и да го промовираат социјализмот. Претпоставувам дека тие што владееле со луѓето, како и денес уствари, кур ги боли за идеологија и само сакаат да лапаат пари, ама оние обичните граѓани, ако може така да кажам, сигурно верувале во идеологија.
Не дека и од нив сите верувале, ама дека баш сите биле приморани да веруваат сигурно не.
Кристиане не верувам дека била приморана. Океј и она сама у еден дел од филмот си кажува дека не отишла со маж и у западот зошто и било страв, зошто било тешко да извади дозвола и такви работи, ама нејзиното вклучување во општествениот и политички живот мислам дека дошло без некоја принуда од надвор.

@Хоуп се слагам дека се преживува смена на општествено уредување, никој не вика дека не се преживува тоа, ама работата е што едно е ако ти ја следиш тековно промената, а друго е коа наеднаш ќе ти кажат дека се се сменило и реално е тоа шок.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.870
@Хоуп се слагам дека се преживува смена на општествено уредување, никој не вика дека не се преживува тоа, ама работата е што едно е ако ти ја следиш тековно промената, а друго е коа наеднаш ќе ти кажат дека се се сменило и реално е тоа шок.
Да, и плус тоа, она доживеа инфаркт кога го виде син и меѓу протестантите, или кога го приведоа, не се сеќавам. Тоа беше шокот заради кој ѝ се влоши состојбата и нели докторот рече дека не смее да се возбудува, зашто од преголема возбуда или стрес може да доживее уште еден срцев удар. Затоа беше целата работа со криењето.[DOUBLEPOST=1466096244][/DOUBLEPOST]@grande-juve , @Spiegel , @Џонтра Волта , @Anon , @ob1 , @Leo Bonnie , @џимеј , @Erich Zann , @dejan_k , @Iceboy , @Хефест - уште три и пол дена имате. ;)
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Ха, добро филмче.
Иако мразам историја и го гледав со предрасуди (ич не ми е гајле за west/east germany, социјализам, комунизам) и мислев дека главниот фокус ќе биде на „политиката уништува животи/семејства“, сепак пријатно ме изненади.
Момчето глумеше одлично и се сложив со неговите постапки.
Иронијата во животот со лаги и што сме спремни да направиме за оние кои ги сакаме...
8/10
Многу јак момент ми беше со старчето вториот пат кога бараше по контињери овој „...еее внучко, до контињери не дотераа...“ :D
Also, the movie needed more Lara. Кјутченце.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom