- Член од
- 27 јуни 2007
- Мислења
- 2.157
- Поени од реакции
- 507
The Congress. Повеќе ми се допаѓа или повеќе не ми се допаѓа? И јас самиот не сум сигурен. Но, во едно сум сигурен - ова е филм кој не ме остави рамнодушен. Филм кој во еден момент е одличен, а во следниот е ужасен и обратно. Но, да почнам од некаде. Глумата на Робин е извонредна. За пофалба е и глумата на дечкото што го играше нејзиниот син. Го имам гледано во уште 2 филма и мислам дека е нова надеж. Амбиентот - дискретно футуристички, дијалозите - одмерени и паметни (без претерани објаснувања), почетокот на филмов - фантастичен. Се беше одлично до анимираниот дел. Анимираниот дел беше тежок, напорен за следење, неповрзан, нелогичен и пренатрупан. Всушност тоа е единствениот дел од целиот филм кој не ми се допадна и мислам дека требало да се заокружи поинаку. Како и да е, последните минути откриваат многу. Се се разјаснува на крајот. Одличен крај. Што се би направил човекот за повторно да биде среќен; за повторно да биде со луѓето што ги сака? Повторно халуцинации. Подобро отколку досадно и мачно чекање на смртта. Можеби таму повторно ќе го сретне синот. Па дури и ако е се само производ на нејзиниот ум... сето тоа е побезболно. Одлично. На некој начин филмов ме потсети на еден од моите омилени филмови Vanilla Sky во кој на сличен начин се поправа светот. Со замина на светот со друг свет кој не постои... односно се случува само во главата на ликот.
Ова е филм за последиците од изборот. Вистински или погрешен избор? Од само еден единствен избор, но во оној момент кога сме стуткани во аголот од собата и нема каде да избегаме. Филм кој остава простор за размислување на животот и постоењето; за она што можеби не чека во иднина, или кој знае... можеби веќе го живееме, а не сме ниту свесни за тоа. Мислам дека љубителите на ваквите филмови ќе го препознаат квалитетот и ќе му дадат шанса (на анимираниот дел).
Сеуште не сум сигурен која оцена ја заслужува филмов. Да беше анимираниот дел посреден и поразбирлив, па да знам што гледам една добра половина од филмот... сигурно ќе добиеше 10. А вака ќе морам да се одлучам за 8-ка. Во името на ампулите, халуцинациите и лажните светови кои понекогаш се навистина поубави од реалноста.