FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Леле Клаудија Кардинале најјака жена у историја, каки курац Мерлин Монро, Моника Белучи, Брижит Бардо.. Каца (сигурно така би ја викале кога би била македонка :facepalm: ) е врх врхова. :love::love::love::love::love:

Овој па Леоне со какво портокалово суштество се обидел да ја спои, среќа го напунија со барут на почетокот, каков никаков џинџер е тоа. :D
Ама Хенри Фонда искористи, лапаше цицка све му ебам старо. :icon_mrgr:

Добар е филмов ама не ми е подобар од другите на Серџо со Клинт Иствуд, класа е Блонди, најјак каубоец у историја заедно со Ли ван Клиф.
Можел да ги вметне место Бронсон и Фонда, штакурац. :icon_lol:

Ама оваа оваа ух :drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk:
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Му се извињaвaм нa вoт штo не гo глеaв кoнгрес aмa ќе се пoтрудaм дa гo глеaм зaеднo сo oвoј и дa пишaм кoментaр зa двaтa

Sent from my LG-H815 using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Го изгледав, конечно! конечно, оти едвај успеав да го изгледам, не дека е лош, баш напротив, туку дека бев неколку пати спречен да го догледам. Бавно дејство, без да се случат многу работи во 3 часа, ама цело време се осеќаше некоја напнатост, која би била дури и поголема да не го сецкав ептен често, ама тоа е тоа... ако некогаш го репризирам, ќе пробам тоа да биде без да го прекинувам. 8/10
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Ај за Koнгресот на вот да пишам, само шо го догледав.
Истрипан филм до немајкаде. На моменти ме потсетуваше на Waking life, само малку понесреден и позбркан и посиромашен со мудрување. Имаше добри реплики, онака интересни за размислување. Првите 40-тина минути ја разглобуваат и навестуваат идејата која следува (впрочем ова беше делот до кој гледаше и сестра ми со мене :P) после ко дојде анимацијата си замина.
За разлика од одредени форумски ликови на кои не им се допаднал анимираниот дел и чекале да заврши филмот, мене ми беше апсолутно ок и интересна. Иако навидум едноставна (визуелно), сепак во согласност со идејата беше таман. Има нешто визионерско во филмов и оригинално, нешто што го нема во поновиве филмови, особено од 2010-та наваму. Јако искуство пред се' 8 нека е.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Го изгледав Конгрес (извинување за закаснувањето) и... добра идеја, но слаба реализација, или пак истата кај мене не успеа да допре. :)
Солиден почеток, но после почнав да се губам во анимацијата. Не затоа што беше премногу трипи(а и беше поприлично), не ми сметаше тоа толку, колку негледливоста. Одлично Злате го долови тоа.
Позитивна страна: Робин. :love: Не знам што, ама има нешто посебно во неа што ме привлекува. Можеби бојата на гласот? Who knows.. :D
Се на се, просечен филм со можност за нешто повеќе, кое не успеа да го достигне.
6 од мене.

Следниов вестерн. Оф, оф :D Сум го гледал како дете со татко ми, обожаваше тогаш да гледа вестерни. И тоа посебно му беа драги овој и The Good, the Bad and the Ugly.
Поради тоа што тогаш бев толку мал што гледав лежејќи на него, апсолутно ништо не се сеќавам од филмов, па затоа ќе пробам да го репризирам. Се плашам само дали ќе стигнам на време. :toe:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Серџо Леоне и Мориконе се комбинација за маестрален вестерн. За нијанса послаб од неговиот најдобар и највисоко рангиран, но доста интересен. Постепено градење на сите карактери. Одлична актерска екипа на едно место. Фонда која фаца е у пм, со тоа очите плави. Земајќи ја во предвид годината кога истиот е правен, доста труд е вложен во филмот.
Приказната секако е за пофалба и немам никаква замерка или некоја идеја со која би ја подигнал на повисоко ниво. Си владееа дијалозите во препознатливиот стил со интересни мислења и ставање капачиња. На сам почеток особено внимание привлекува ликот со хармониката, па кога ќе прсне она познатото музиче кое го имаме слушано и во македонските народни приказни, убавини :D
Стандардно вистинско уживање се дуелите и секавичните стрелања. Некој чинам наназад пиша дека филмот бил малку поспор, јас би рекол малку попретпазиво се градеа ситуациите, онака внимателно доста посветено разглобени. И по навика крајот кај филмовите на Серџо си го краси делото.

9 од мене.

За утре како предлог очекувајте нешто заминато и несекојдневно :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.826
Поени од реакции
36.846
Морам вака, набрзина, зашто немам многу време за ништо деновиве. Once Upon a Time in the West, предлогот на @Leo Bonnie го гледаа само 5-мина (повторно од истите причини, претпоставувам). Средна оценка од нив - 8,8. Не го гледаа:

1 филм: @devilko , @Zlatikevichius , @wot , @dejan_k ,
2 филм: @MyloXyloto , @Bojan Van Buuren , @Хоуп
@Leo Bonnie - фали и твојот коментар и оценка

Јас не успеав да го гледам зашто периодов се немам завртено дома, буквално. Обврски на работа, други приватни обврски, уредуваме по дома (фасади, гипс картони и слични ствари), па така, морав да паузирам малку со филмови, ама ќе надоместам (августот, претпоставувам).

Следен за предложување филм е @Erich Zann (@Krk1 , @Chovek и @џимеј ги прескокнуваме, но и тие како и сите со црвен картон можат во секое време да се вратат и да си го вратат редот). Неговиот предлог ќе го гледаме во периодот 18.07-31.07. До вечер ќе ви презентира тој сам кој е филмот и зошто го одбрал баш него.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Се двоумев меѓу два филма, Lunacy и Naked 1993, и се одлучив за првиов.


Lunacy (2005) според мене е еден од оние must see филмови затоа што пружи едно несекојдневно филмско искуство кое останува со гледачот долг период по завршувањето на филмот.
Крајно специфичен филм чие сценарио се темели дел на Алан По и дел на Мarquis de Sade.
На моменти наликува на хорор но би рекол дека не е хорор. Повеќе е умешна психолошка игра на култниот режисер Jan Švankmajer, кој често пати знае да вметне во своите дела надреализам. Инаку неговото влијание врз останатите режисери е огромно и до ден денешен. Трејдмарк по кој се препознава Јан е оригиналната анимација која чат-пат ќе ја забележите и сами во текот на филмот.
Lunacy или будалаштињава, ретардирлуков, ментал дисордеров не случајно е ставен како наслов. Цензурата и пофалбата можат да ја замачкаат критиката, па така во овој филм режисерот се одлучува да оди до крајности, без да се автоцензурира себеси во начинот на прикажување на некои работи.

Претпоставувам дека на многумина може да им се види тежок и заебан филмот, НО издржете до крај, таму е jaготката на тортата! :D

p.s Филмот е чешки, јас го гледав со српски превод oд Titlovi, пошто има и малку заебани разговори кои чинам на англиски ќе ми избегаа. Ако не најдите торент од оваа верзија за која ви велам пишете ми во порака ќе ви пратам.

 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
дај торент, само ако е од пајрат беј или кат не, тие ги најдов

кај го најде овој само двд рипови има па и уште застарениот xvid па и уште по максимум 2 сидери имаат торентите
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
6/10 само ради стоп моушн анимациите иначе 7/10
Троа малку повеќе језив филм но сепак гледлив и интересен.
Не сум запознаен ни со Едгар Алан По ниту со Маркиз Де Сад.
За маркизот имам само пофални зборови, алал да му е, одлично одглуми.
Таа негова лудост, ментално смеење и висока интелигенција беа врв.
Многу внимателно го слушав кога му објаснуваше за религија и за мајка природа на сиротиов.
Филмов ти остава да размислуваш за многу работи а и во самиот филм не знаеш кој е луд кој е здрав дури ни откако ќе се запознаеш целосно со ситуацијата.
13 процедура е кастрација така?
@Erich Zann што поточно сметаш дека е јаготката на тортата?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
6/10 само ради стоп моушн анимациите иначе 7/10
Троа малку повеќе језив филм но сепак гледлив и интересен.
Не сум запознаен ни со Едгар Алан По ниту со Маркиз Де Сад.
За маркизот имам само пофални зборови, алал да му е, одлично одглуми.
Таа негова лудост, ментално смеење и висока интелигенција беа врв.
Многу внимателно го слушав кога му објаснуваше за религија и за мајка природа на сиротиов.
Филмов ти остава да размислуваш за многу работи а и во самиот филм не знаеш кој е луд кој е здрав дури ни откако ќе се запознаеш целосно со ситуацијата.
13 процедура е кастрација така?
@Erich Zann што поточно сметаш дека е јаготката на тортата?
Два моменти. Првин на крајот иди мајндфакот каде режисерот открива што се случува позади целото однесување на Маркизот. И тука кога ќе ги ослободат вистинските доктори се поставува едно друго прашање-Кој е побудала, дали будалите што успеале да избегаат и да ја завземат болницата, или самите доктори кои после долг период и трауми се враќаат назад? Kaко дополнително интересно прашање е начинот на лечење и неговата ефикасност. Овие будаливе да ги речам имаа скроз либерален пристап, слобода на пациентите, што нели се гледаше од сцената кога ќе влезат првпат во местово, со снегот, со санкањето по скали, со фрлањето со кесиња полни боја и слично. Кај другиве пристапот е скроз тирански, со сечење и сакатење на делови од телото.

Летечките парчиња, месо, очи, јазици кои беа прикажани преку анимација, не се така поставени залудно. Истите тие ја навестуваат и објаснуваат филозофијата на маркизот и неговиот луд другар доктор. Па така парчињата деловите кои недостасуваат се менливи, можат да се заменуваат, дури и да бидат на крајот исечени, преработени и спакувани, затоа што тие се само храна за либидото, односно изопачениот нивни сексуален нагон.

И особено интересен е моментот што почетокот и крајот се изнедначуваат, т.е лудоста кај главниот лик се потврдува на еден специфичен начин кога двајцата ќелавки со нивниот крипи лик ќе пробат да го скротат.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Once Upon a Time in the West. Сум слушнал за филмов. Сите имаат пофални зборови. Јас не ги љубам вестерните. Класика или не, мене не ми беше ништо посебно. Приказната не ме воодушеви, туку ми беше и напорна. Светла точка во филмов е Клаудија со својот еротски поглед и секако музиката на Мориконе. Ги сакам филмовите со неговата музика, ми имаат посебен шарм. Од мене само 5.
Lunacy. Какво лудило од филм. Доволно е да се погледне само екипата која стои позади проектов за да ти стане јасно дека ќе биде фантастично возење. Сепак ако морам да го опишам со само еден збор, тоа би бил најверојатно зборот: ГРОЗОТА.
За глумата на маркизот, па и на сите други немам никаква замерка. Приказната - конфузна, луцидна и морничава. Атмосферата во целиот филм е крајно језива. На моменти добивав впечаток дека нема поента. Нешто како уметност ради уметност. Но, секако грешев. Филмов и тоа како има опасни пораки и градење на приказната. На интересен начин ми беше доловена заблудата со „слободата“ на живеењет.
Месото и очите кои се движеа низ целиот филм придонеасоа за тоа, да се јави одредена одбивност. Јака симболика, но сепак, ја нагризува душата. Ликот на маркизот - фантастичен.
Она што мене ми беше најинтересно, беа пристапите на лекување на двајцата доктори. Првиот, лудакот, се залагаше за апсолутна слобода, која што во денешно време не би можеле ниту да ја замислиме. Вториот пак, тој вистинскиот доктор, применуваше метод кој беше далеку подрастичен. Ако одреден дел од телото те соблазнува (односно ако телесната желба преовладува), тогаш дај да го ликвидираме (да не речам исечеме). Вториов метод е навистина ужасен и поразително е тоа што во одредени општества се применува и понатаму. Два спротивни пристапи. Но според мене, ниту едниот ниту другиот го немаат посакуваниот ефект.
Што друго би можел да кажам, осевен дека сум голем обожавател на делото на По. Запознаен сум со неговите стравови и фобии, меѓу кои секако најголемата - дека ќе биде погребан жив. Токму поради него, за филмов давам една 6.
Зошто 6?
Затоа што ме умори. Не беше пријатен за гледање и по него се чувствував како исцеден лимон. Можеби да ги немаше честите секвенци со месата и очите кои шетаа ќе добиеше подобра оценка. Исто така беше најавен како хорор, а јас не би го сместил во таа група на филмови. Повеќе има психолошки елементи, отколку хорор елементи. Сепак, мислам дека 6 е најсоодветната оценка ако во предвид се земат и добрите и лошите аспекти на овој филм.
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Mило ми е што филмот ви постигнал мачниња и гадење до некаде :D Тоа е тој ефекет кон кој целел режисерот Јан, да без цензура ги прикажи некои работи кои наведуваат на размислување.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.826
Поени од реакции
36.846
Конечно, после скоро 3 недели и 4 прекинувања, го завршив Once Upon a Time in the West и мојот впечаток е сличен како на @dejan_k (sorry @Leo Bonnie ). Едноставно, вестерните никогаш не биле my cup of tea. Не дека не гледам и дека не би гледал, но од се такво што имам гледано, на прсти се бројат оние во кои сум уживал и ми се допаднале. Ќе образложам малку зошто:

1. Тоа што е преспор, точно, така е. Но, обично мене темпото на одвивање на дејството и не ми смета многу. Еве, на пример, прв толку спор филм на кој ми текнува е Three Colors: Blue на Кишловски, но сепак филмот го имам репризирано многу пати и секој пат ми е вистинско уживање во вистинско парче уметност. Овде не е тоа случај. Можеби затоа што дејството во тој на Кишловски е бавно, но секој еден кадар изобилува со мноштво метафори, скриени пораки и во секој кадар ништо не е ставено таму случајно. Овде: во кадарот гледаме лик, на пример, и тоа трае, и трае (...) и единствено нешто од кое може да извлечеме некаква порака се неговите очи (добро, да, и музиката за која се согласувам дека е маестрална). Тоа ми е досадно: гледам кадар кој не нуди информации, или кој информациите што ги нуди ги исцрпува уште во првата секунда, а јас го гледам истото уште многу секунди. Може малце глупаво е, или може јас не знам правилно да го срочам овој мој впечаток преку зборови, но тоа е дефинитивно првата работа која ми смета кај вестерните, па и овде.

2. Недостаток на дијалог. Да, и мене тоа ми смета исто како на @Anon . Забележав дека вестерните кои ми оставиле добар впечаток, како поновите на Тарантино или True Grit, римејкот на Коенови не беа ни одблизу слични на овој во поглед на дијалозите. Тоа се драмишта со вестерн примеси или вестерни со елементи на добра драма, а ова е чист вестерн. Веројатно така најдобро би можел да ги опишам разликите.

3. Насилството и убивањата. На едно предавање на Милчо Манчевски на ФЛФ во Скопје, пред десетина години, во времето кога јас бев студент, на студентско прашање дали го оправдува приказот на насилство во филмовите, одговори дека не го оправдува, но само во филмовите каде истото е прикажано како лесно, интересно и забавно. Наспроти - во оние филмови каде насилството може да ти предизвика мачнина, истото би било оправдано, според него. До некаде и јас го делам неговото мислење. Насилството и убивањето ниту се нешто убаво, ниту е нешто лесно, ни па забавно, па да биде претставено како забава за гледачот. Токму затоа и обично вестерните и акционите филмови (пред сѐ оние од типот на Рамбо, Mission Impossible и сл.) ми се неубави, неинтересни и неомилени. Истото е случајот и овде: толку многу пукање, толку многу убиства, а никој солза да не пушти. Прво: ми делува нереално за филм кој почива на темелите на реалното, и второ: ми се грози од фактот што сето тоа е прикажано како забава за гледачот. Знам дека овој мој став може да предизвика полемики и да се јават луѓе кои ќе пробаат да го оспорат, но едноставно, таков е мојот впечаток и не можам против тоа.

4. Едноставно, без многу образложувања: мене ова ми беше убер-досадно искуство и едвај чекав да заврши, а никако да заврши. Од толку што ми беше досадно, дури и пола од дејството во филмот не го ни разбрав. Досадно, левел - кружење околу 7,5 столици. :P

Е сега: разбирам зошто има култен статус филмов и зошто во рамки на неговиот жанр е сместен на врвот. Несомнено го следи стриктно канонот и го почитува манифестот на жанрот вестерн. Како што сите кажавте: продукцискиот дизајн, костимите и музиката се врв, јас би додал - и глумата, зашто секој од актерите е на висина на задачата и го доловува најреално можно токму тоа кое веројатно било побарано од него. Разбирам и зошто толку се воздигнува Серџо Леоне како мајстор на жанрот. Ги разбирам и сите ваши и туѓи оценки и ранкинзи меѓу најдобрите филмови во историјата, зашто сето ова некому му се допаѓа. Јас, едноставно заради сето тоа погоре го сметам за not my cup of tea, па оттаму и лошата оценка која му ја дадов: само 5/10. No harsh feelings, guys.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Пак каснам со гледањето, ама овој пат не баш по моја вина. Едноставно морав да го репризирам во друштво со татко ми. А такво нешто можам да си дозволам само во Недела кога и двајцата сме слободни.
Веќе сте исцрпиле скоро се погоре за филмот. Гледам дека истиот буди различни емоции кај оние што го гледале, кај некои воодушевување, кај други разочарување и досада.
Моите впечатоци се некаде на средина, во некоја сива зона. Има од се по нешто. Несомнено е дека се работи за култен филм, посебно кога се работи за вестерни што мене и не ми се баш омилени.
Билд апот на актерите беше одличен, но можеби малку би го забрзал дејството и би ги скратил сцените кога се фокусираат на лицето. Личеа како да траеа цела вечност.
Приказната беше интересна и истата не ми беше премногу позната иако веќе напишав дека сум го гледал филмот многу, многу одамна. На дејствието на истиот и не се сеќавав баш превише, па уживав како да го гледам прв пат. Освен во моментите кога татко ми ме спојлнуваше пред да се случи сцената:
"Го гледаш овој ирецот? е ирецов со фамилијата сега ќе го скинат Fonda и бандата негова. И после ќе дојде Claudia Cardinale која беше најака глумица на времето, какви Marilyn Monroe и Brigitte Bardot, она беше правата бомба. Ја имав на постер дома во собата. Сега ќе ја видиш. "

" Иначе и Хенри Фонда беше многу убав човек на времето, и ќерка му е актерка Џејн Фонда исто глумица, многу сексипилна беше и она, глумеше во добри филмови. Си гледал некој филм со неа? Ааа не си гледал. Епа кај ќе гледаш, кога постари филмови од `90 не гледаш. Не знаеш ти што е убаво."

" Само не знам кај го нашле овој Чарлс Бронсон, ја нема таа фаца да глуми овде. Требало Клинт Иствуд да го земат. E на времето имав усна хармоника како неговата и знаев да ја свирам мелодијава. Знаеш уствари од кај му е хармониката? Фонда му ја дал, ама не ти кажувам како, гледај го, ќе видиш на крај." :ROFLMAO:

И така пола филм ми го раскажа уште пред да заврши, а и додека го гледав ми се вртеа некои флешови како почетната сцена кога ќе биде од другата страна на возот, или пак тоа дека го држел брат му на раменици за да не биде обесен.
Но сепак брзо ми поминаа тие скоро 3 саати и не се досадував. А се разбира кој најмногу уживаше во нив. :D
Оцена 8, само затоа што не сум некој љубител на вестерни, а и поради непотребно долгите сцени.

П.с Aко може некој добар човек да се најде и да ми пушти торент од Lunacy во инбокс оти на Коди го нема, Kickass е исклучен, а на Пајрат беј не можам да го најдам. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom