devilko
♆ wicked one ♆
- Член од
- 28 август 2014
- Мислења
- 1.893
- Поени од реакции
- 6.167
Јас го изгледав уште минатата недела, само сум заборавил да искоментирам овде.
Многу добар филм, но и помалку чуден.
Чуден затоа што го содржи во себе тој стар стил на глумење и интерпретирање на настаните кој не е својствен за поновите филмови на кои сум навикнал. Понекогаш овој начин ми се допаѓа, а по некогаш ме иритира, но мора да се премолчува кога е во прашање филм од тие години и да се оддаде признание за неговото достигнување.
Сторијата од денешен аспект е скоро па невозможна и помалку комична, но за тоа време била мошне реалистична и возможна.
Низ целиот филм ми поминуваше жичка дека истиот е наменет повеќе за гледачките, отколку за гледачите. Верувам дека они го доживеале поинаку отколку ние.
Кај мене, воопшто не се јави чувство на досадување, напротив истиот го следев внимателно и посакував да ја откријам разврската.
Морам да признаам дека не го намирисав плот-твистот, мислев дека филмот ќе оди во потполно друга насока.
Баш поради тоа што обожавам кога филм ќе успее да ме прелаже, од мене има една многу добра 8ца.