FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.482
Поени од реакции
7.305
Le Pacte des loups / Brotherhood of the Wolf

Од сам старт со смешната/чудната монтажа не ми даде филмов да се внесам и така остана до крај. Од друга страна не ми беше досаден, иако на моменти предвидлив и шаблонски сепак лесно се гледаше, на моменти добро му функционираа мистериозните елементи.
Во целина прилично гледлив и толку, 6,5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.758
Поени од реакции
36.660
Le Pacte des loups го гледаа 6-мина и му дадоа средна оценка 7,8. Го испуштија:

- @Џонтра Волта (не го догледал, поточно :P ), @frizider , @Darklady - прв неизгледан
- @Комита Ултрас и @Imperatorot - втор неизгледан (жолт картон)

Следен предложувач е @frizider . Тој ми пиша дека се мислел помеѓу 3 други и на крај го избрал овој филм, затоа што наводно никој од форумот го немал гледано (иако според мојата листа на пријатели на LB, дури 19 души го гледале, од кои барем тројца се членови на Клубов):

193. Being There - Hal Ashby (1979)
26.02-10.03.2024, предложувач: @frizider

1708938040166.png
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.434
Поени од реакции
3.512
Being There - Hal Ashby

Добро лабаво фимче, иако имаше некои нелогичности, сепак беше ок комедија. На моменти кога е овој изгубен пред новинарите делува исто како Бајден. :tvg:

7/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.031
Eve me i mene, so nekolku zakasneti no se nadevam ke ve stignam. Zaglaviv po plateni servisi, imam sekade subscription a pak nemase nisto staro i kvalitetno posebno ovie od klubot pa si legnav na brasno i zemav tv box, oti laptop i torenti voopsto nemam nervi.

Taka

Le Trou (1960)

5 prepoteni mazi u edna tesna soba ne mi bese planirano, naprotiv, francuski crno bel film vo nedela so caj zvucese duri meditativno… no ete, pominav preku toa i pak ne mi legna, nesto mi ja kocese tenzijata, najverojatno danok si zemale dolgite sceni so kopanje i simulacija.

Mi strci tajmingot bas nokjta koga ke begaa, on bese staven pod test koga mu soopstija deka zena mu povlekla tuzbite. I ako sakase legalno da izleze nemase da e vozmozno bidejki e soucesnik vo begstvoti so toa sto imal sansa i ne prijavil. Izborot morase da se napravi vo momentot. I kako sto vika grande juve, mnogu logicki izbor i ocigledno za gledacite a i ne nekoja pregolema moralna dilema.

7/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Being There (1979)

Многу симпатично филмче. Ми остави голем впечаток уште првиот пат кога го гледав.
Питер Селерс во ретка сериозна улога каде што е одличен.
Филм за едноставен човек кој по игра на случајност ќе стане влијателен член на општествениот крем. Човек кој не е затруен од модерните потреби и начин на живот.
Последната сцена е сама по себе за една оцена повеќе.
Го препорачувам на сите кои сакаат бавни драми, исполнети со пораки за смислата на животот. Благодарност на предложувачот што што се потсетив пак на овој филм.

Од мене добива 8/10.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
Being there (1979)

Кај на познат под насловот „Добре дојдовте господине Ченс“. Ченс е еден, да се изразам политички коректно, ментално предизвикан средовечен човек, кој целиот свој живот не ја напуштил куќата во која живеел. Единствен контакт со надворешниот свет му е телевизорот. По смртта на сопственикот на куќата под чија заштита бил, принуден е да се исели и да се соочи со реалноста. А таа е дури и полоша од него и затоа лесно успева да се искачи високо по општествените скалила.

Ова е една многу суптилна и успешна алегорија, за тоа како телевизијата влијае на развојот на луѓето и како наметнува мислење и систем на вредности. За тоа како луѓето претпочитаат да го видат и да го препознаат само она што сакаат или она што им одговара. За тоа како нештото кажано од човек што изгледа елегантно, сериозно и смирено, облечен во одело по мерка, има повеќе тежина од вистината. И за тоа како веќе никој нема храброст да викне „царот е гол“, односно тие што ја гледаат голотијата и го викаат тоа се потиснати и маргинализирани во општеството.

Речиси половина век како е филмов снимен, а е потполни свеж и актуелен. Денес можеби и повеќе од времето кога е снимен. Питер Селерс маестрален во улогата на Ченс, исто добра улога и на Мелвин Даглас.

Ме воодушевија сцените каде што имаше дијалог кој сосема нормално си течеше, иако двете страни зборуваа за комплетно различни работи.

Мала тривија, филмот е снимен по книга на Јежи Кошински. Според негова книга беше и „Painted bird“ што го имавме во клубов.

8/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.031
Being There

2/5

Mi bese mnogu dosaden. Okej, mid poraka, eden dobar kadar na kraj i numerata od 2001 odiseja no se izmegu dosadno i iskreno cringe. Ne mi legna voopsto no moze da go sfatam appeal-ot. Mnogu dosaden pocetok, spored mene e izeden od vremeto iako nema da se soglasite poradi taa mid porakata od pogore.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.758
Поени од реакции
36.660
Being There

Убаво филмче. Единствена замерка ми беше тоа што ми се виде предолг, па некои од сцените кога цел останат свет го сфаќаше Чонси сериозно ми беа репетитивни, вишок и непотребни. Се останато - топ! Убаво кажа @moongoses погоре дека е успешна алегорија за влијанието на телевизијата, но не е само тоа: ова е алегорија и на политиката и политичките просеравања кои често се тотално бесмислени, алегорија и на целото општество што верува во и се поклонува на медиокритети, а препознав дури и Библиска алегорија - цел филм како да е направен врз некои од блаженствата од едно од Евангелијата (мислам дека беше Матеј): „Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно!“, „Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата“, „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“. Од таму ја најдов и логиката во последната сцена каде Чонси (алегорија на Исус) оди по вода. И морам да кажам: мене филмот ми беше тажен, иако e означен како комедија/драма. Буквално не најдов ни една единствена комична сцена во него, освен блуперсите на крај, на credits, на кои се изнасмеав. Супер предлог, ми фалат вакви филмови во Клубов, некако на времето како да имаше повеќе. 8/10 и од мене.

@Комита Ултрас , @grande-juve , @Џонтра Волта , @Violetova , @123456 , @frizider , @Darklady - уште 3 дена имате за Being There.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.434
Поени од реакции
3.512
Следен филм во клубот е:
Day of the Wacko (Dzień Świra) 2002 - Marek Koterski

1710108480163.png

Култен полски филм. Не знам да пишувам некои фенси воведи, ама филмот е јак, би требало да ви се допадне.

ПС: Го има и на јутјуб.
 
Последно уредено:

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.649
Поени од реакции
35.227
Being There

„Life is a state of mind“

Една провокативна и интелегентна сатира за едноставен човек во комплициран свет. Приказна за човечката перцепција, за политичко -друштвената хиерархија. На прв поглед делува праволиниски, ама испаѓа поприлично слоевит и филм за подлабока анализа, со многу симболи и пораки.
Сцената каде Селерс оди по водата маестрална. Првично добиваш впечаток дека е некоја плитка бара и доаѓа моментот кога го спушта чадорот во неа, за да докаже дека сепак е длабока, а не она што го гледаме.

8/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
Dzień Świra (2002)

Главниот лик е професор во средни години, со некакво компулсивно-опсесивно нарушување, во средовечна криза, под влијание на мајката, несреќно оженет и мечтае за својата неостварена љубов од младоста. Само фалеше да е сериски убиец на баби. Следиме хронолошки еден негов обичен(?) ден.

Филмов е деклариран како комедија, но јас не видов ништо комично или смешно во него. Повеќе влечеше накај фарса. Можеше да биде некаква егзистенцијалистичка драма, но очигледно на авторот му било поважно да прикаже што повеќе пцовки отколку да ги разработи ликот и приказната.

Премногу внатрешен монолог. Сцената со плажата ми беше најдосадна. Вредеше само прекрасното небо и тоа кога го имаше, затоа што во еден кадар беше сончево, во следниот облачно, па пак сонце итн.

Едно што можам да заклучам, е дека живееме во време кога го прогласуваме за чудак некој што се буни за тоа што сопствениците ги носат кучињата да серат по паркови, за соседите и работниците што се прегласни уште од зори, за луѓе што немаат осет на јавни места и куп други социјални моменти.

5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.758
Поени од реакции
36.660
Day of the Wacko

Не ми се допадна филмов. Претставен е еден обичен ден на еден човек кој го мрази цел свет, па и себеси и само наоѓа нешто што му смета за да се кара. А му смета се. Единствена личност која се чини не ја мрази е син му, ама и кај него му смета што ги носи панталоните спуштени под газот. Не ме купи уште од старт со сцените кога си го миеше газот и органот и кога опишуваше како се мијат, па се до крај. Досадничок, ама сепак гледлив. Од мене само 5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom