Eat, Pray, Love (2010)
Во главната улога е писателката на книгата која е всушност патепис или мемоари по која е снимен истоимениов филм.
А тој почна многу чудно, со некои празни муабети каде се запознаваме со исто толку празниот лик на Лиз, која не знае што сака ниту од својот сопруг, па подоцна и од својот партнер, ниту од себе.
Затоа тргнува на едно патување низ светот, да се најде себе си. Односно низ три различни земји и култури каде што според насловот на филмот во првата ужива во храната и во неработење, во втората духовно се наоѓа себе, во третата ја наоѓа љубовта. Со тоа што сега духовно издигната конечно ја прифаќа. Не знаеме до кога, затоа што филмот заврши.
Делот во Италија, освен што отвора апетит, повторно исполнет со празни муабети и прилично досаден. Делот во Индија можеби беше и најинтересен, благодарејќи на ликот од Тексас. Делот на Бали пројде заради егзотиката на местото, не заради ликот што живее на Бали затоа што може да живее каде сака, бидејќи работи со увоз и извоз, за на крај да мора да остане на Бали заради работата.
Во филмот, особено во почетниот ден имаше многу чудни кадри, некои недовршени движења на камера, долни ракурси, обични дијалошки сцени монтирани како акциони, како да насила го крателе филмов.
Сè на сè, прилично шуплив и неинтересен филм, во кој најверојатно ќе се пронајдат ликови како Лиз, но кои ја немаат таа можност да патуваат по светот кога ќе им текне, да престојуваат со месеци на егзотични места и да се хранат ресторани.
5/10