- Член од
- 3 март 2020
- Мислења
- 2.413
- Поени од реакции
- 5.066
Z (1969)
Филмот убаво снимен, си добил и Оскар, ОК, иако мислам дека наградите биле повеќе поддршка за вистинските случувања отколку за самиот филм.
Морав на крај од филмот да прочитам малку повеќе за случајот, да видам што се случило и кој дел од филмот е „секоја случајност со вистински настани и лица е намерна“.
Инаку, и денес има вакви работи, политички подметнувања, тепачки, убиства. Цело време очекував дека истражителот ќе потпадне под влијание и ќе ја забошоти цела ситуација. Ме збуни дека ја обелодени вистината. Уште повеќе ме збуни крајот: сите сведоци и вклучени од едната страна завршија со смрт, генералите и виновниците ослободени, истражителот осуден, забранети Аристотел, Толстој, долгите коси, буквата Зи ... хаос! 7 години воена диктатура се случила во Грција.
Ама дека не се сакаме со соседиве баш, не им ја знаеме ни историјата толку детално (како што и тие не ја знаат нашата).
7/10