Le Trou
Филм единствено за процесот на спремање бегство од затвор, без никаква музика, без позадински приказни на главните ликови(освен делчиња за новиот затвореник), што е можно поедноставно... а тоа некогаш е најтешко да се постигне, затоа и толку многу напнати сцени има, дури и пребарувањето низ храна.
Како и првиот пат и сега од старт до крај бев максимално внесен, дали ќе ги откријат при претресите, дали ќе ги слушнат, дали ќе ги пробијат ѕидовите... На крај се претпоставуваше дека овој ги издаде, ама моментот ние кога дефинитивно дознаваме, кога Гео го врти стакленцето и одеднаш гледаме 50 полицајци... as good as it gets.
Четворицата затвореници за кои едноставно навиваме без ништо да знаеме за нив, одлично одглумени со максимална харизма. Младичот исто погоден, ја немав дилема, го пцуев на крај, он си изигра логички за него ама пак, жално и фрустрирачки беше цела работа да им падне во вода баш кога сѐ беше спремно.
И технички врвен, внимателно снимен, секој детаљ запазен.
9,5/10
Среќна нова, се гледаме со нови филмчиња во 24та