FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Just Mercy (2019)

Уште еден филм во кој поединец тргнува против неправдите во системот за да им помогне на немоќните. Овојпат тоа е тазе завршен адвокат кој одлучува да им помогне на неправедно осудените на смрт. Не ни објаснија кој и како го финансираше, но со оглед дека е вистинска приказна може тој момент да се земе здраво за готово.

Ваквите драми немаат амбиција да воведуваат новини во филмскиот израз или да експериментираат со драматургијата, туку се држат строго до воспоставените канони.

Приказната тече линеарно, но и кастингот и ликовите се црно-бели, а не мислам на бојата на кожата. Освен што нè запознава со конкретниот лик и неговата судбина, не нуди ништо што веќе не е видено.

Убаво е да се види како победува правдата и како може да се успее во нешто што е однапред предодредено на неуспех. Лошо е што на крај никој од виновниците не сноси последици.

7/10
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
Just Mercy (2019)

Тажна приказна и тажно во каков свет живееме. За жал ова е реалноста од пред 50 години, пред 20, па дури и сега. Било и ќе биде, неправдата е дел од едно општество.
Филмот како филм не понуди ништо ново, истиот филм има уште 20тина други наслови и прилично истата приказна само други ликови. Не ми сметаат вакви филмови, тажна и вистинска приказна секогаш ќе биде инспирација за Холивуд, поготово кај обесправено население.
Црната пропаганда беше на најјако пуштена, да не се лажеме. Покрај тажната приказна на човекот, потажно е што режисерот не успеа да не поврзе повеќе со карактерот на Волтер.
Добар дел од филмот, ако не и 70% беше посветен на овој со потечениве усти Мајл Џордан. На моменти делуваше како да е негова борбата, а не на Волтер.

Би сакал да кажам добра глума и од Џејми, ама премалку го имаше во филмов, иако ете важеше како главен лик.
За крај, филмот како филм беше океј, немав мака да го догледам, ама залудно потрошени 2 часа затоа што сметам дека сите сме го гледале филмов барем 20 пати.

5/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Just Mercy (2019)

Ако фрла Путин нуклеарки, прво нека го погоди југов на САД.
Ми имаше филмов Mississippi burning vibes, иако тој не беше судско-процесна драма ама беше за борба за здрав разум.

Обожавам да гледам филмови што ме тераат да мразам rednecks уште повеќе, иако филмов може да беше полн со пропаганда ама па толку затуцан народ на едно место, браво.
Солиден филм, ми држеше внимание скоро цел филм, интересна приказна, чепна во еден од поголемите проблеми со смртната казна "што ако осудениот е сепак невин".
Актерскава екипа ми беше добра, Џордан го немам гледано во филм настрана од блокбастериве и беше добро да се гледа во драма. Бри Ларсон не ни ја познав, дури на пола филм ми текна дека е уствари таа, изгледа очекував да биде некој Марвел лик со два изрази на лицето, поздрав до неа.

За некој кој сака да гледа филмови според вистински приказни или legal драми може да го ѕирне. Фала на предложувачот за филмот.
Од мене добива 7/10, можеше многу подобар да биде ама можеше и многу полош да биде.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
А Cure for Wellness, многу глуп филм. Не ни сфатив што сака да каже освен што е безвезен надреален обид за хорор со овој мрцково што личи на млад Бред Пит. Ништо добро не видов, апсолутно ниедна позитивна критика немам да кажам. Не знам што сте гледале ама не ме изненадувате, ве навикнав веќе. :D Ова ако е како Шатер Ајленд ондак јас сум ист како Боб Марли.
Нафрлани реченициве исто како сцениве, тотално без потреба. Добра мотивација за да продолжам со негледање на филмови периодов.

Чиста 2ка. аукурац
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.705
Поени од реакции
35.430
Just Mercy (2019)

Black lives matter :rolleyes:
Црнците се добри/невини/угнетувани, а белците се лошите/злобните/угнетувачите. Ме потсеќа на едно племе што вирее на овие простори. Нејсе.

Судска драма инспирирана од вистинска приказна. Грешките на корумпираниот правосуден систем, правните лавиринти, оправданоста на смртната казна.
Харвардски образован адвокат оди во Алабама да ги брани погрешно осудените или оние на кои не им е пружена соодветна правна одбрана. И сето тоа про боно.
Не дека нема вакви приказни, не дека не се случуваат вакви настани денес, туку пренападно сакаат да се прикажат расните односи и расизмот. Да се претстават нееднаквостите и предрасудите на американскиот Југ, притоа демонстрирајќи ја моќта на поединецот да му пркоси на системското угнетување.

Предвидливо сценарио, со ок ликови. Ќе ми беше поубедливо доколку Џордан беше белец адвокат:icon_mrgr:

6/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Just Mercy

Секоја неправда, посебно кога е во прашање човечки живот, заслужува да биде пренесена. Страшно што сѐ се случува, страшни судбини во филмов... Но освен базирањето според вистинска приказна и солидната глума, филмот како филм некако ми беше рамен. Немав проблем дека е шаблонски, едноставно ликовите некако не ми кликнаа. Ниту да ги мразам ниту да ги сакам, како цел фокус да беше само да се пренесе тоа што се случувало и иако сочуствував со тоа, не сочуствував со филмот на потребното ниво.

Сабајле 7 му ставив, малку ми спласна во меѓувреме, 6,5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
@frizider е следен. Ако не се јави до вечер, до 20:00, јас ќе ви кажам кој е неговиот предлог.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Just Mercy да беше снимен у 90тите може и ќе изнудеше некоја емоција, у денешно време мех, исфорсирана воук приказна, преувеличени настани, истерана пропаганда.

5/10.

Lock stock and two smoking barrels
10/10
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
После неколку месеци пауза од клубов i'm back. Се надевам дека сум добредојден. :D

Lock, Stock and Two Smoking Barrels

Класичен британски бантер. Не знам ни да го опишам чувствово шо го иам после филмов, најлесно би било да кажам дека ми врие во стомаков од ко го изгледав,чувство блиску до PTSD. Слабо гледав филмови од кога прекинав со филм клубов и филмовизијата, па беше добро за промена да се гледа нешто вакво и да се излезе од филмска комфорт зона. Имав проблем со концентрација во последно време, што и да гледав повеќе време поминував со скролање на телефон, но овој пат го изгледав со целосно внимание, ептен возеше неизвесноста. Реално не мораше онака да заврши, но немаше да се осеќам вака ако беше поинаку. Турлитава од приказна и евенти со добра доза на лесен британски хумор.

7/10 од мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom