FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
9 мај 2019
Мислења
171
Поени од реакции
776
Со секој нов изгледан филм на Робин Вилијамс мислам дека токму тоа е неговата најдобра улога. Good morning, Vietnam никако не би бил ваков без него, камелеон! И како да ме чекаат малку филмови, па сега сакам да го гледам Come inside my mind.

Ме растажи кога комплетно го цензурираа, ми ја врати вербата по застојот и запознавањето со војниците. Борба да се задржи ведрината и здравиот дух во така непостојана, несигурна средина.
Damn

7.5/10

p.s. Да ги имам самодовербата и упорноста на Стивен. Sir, in my heart, I know I'm funny. О, жалче!
Ми се допаѓа оваа отстапка од општата слика за персонификација на смртта. Добро, Пит > срп и качулка, нели :icon_mrgr:
И контрастот во односот меѓу Вилијам и Сузан. Сигурен и авторитарен со него како господар на неговиот живот, а збунет со неа поради светот што го осознава.

Можам да се бранам дека музиката максимално ме изманипулира ама...
I love you now. I'll love you always.
79351.jpg
Но, колку и да ја задоволи мојата лигава, романтичарска природа поделена сум околу крајот. Зарем не беше смртта најсигурната, неодминлива работа на светот?

Ќе бидам и малку контрадикторна ама доколку излезам надвор од она што мене лично ме погоди, сметам дека романсата донекаде го спречи да го оствари својот полн потенцијал. Сепак адутот на овој филм е Хопкинс. 65 years. Don't they go by in a blink?

7/10

Смртта како призрак, бестелесна, е сеприсутна. Им ги знае најдлабоките тајни (во канцеларијата го врати Дру на сеќавањето кога препишувал на испит) но, сетилниот свет го открива со Џо. Прв пат мириса, бакнува жена, врзува вратоврска. Замисли @Џонтра Волта, тука си од почетокот на времето и дури сега откриваш путер од кикирики. Оттаму е и фасцинацијата кон нешто толку едноставно, барем јас вака си ги објаснувам промените.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.327
Зарем не беше смртта најсигурната, неодминлива работа на светот?
Не. Љубовта е посилна, затоа љубовта победи. Смртта се заљуби и затоа омекна и и го врати Бред Пит Први на ќерката.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Meet Joe Black (1998)

Се ми се чини дека филмов имаше нормална должина кога го гледав првиот пат, а и на некои сцени воопшто не се сеќавав. Можно е за прикажување во нашиве кина да го потскратиле, а можно е и да имам дупки во памтењето. Иако првово си беше пракса, поверојатно е второво :)

Поуката е кого и да го игра Бред Пит, веднаш се заљубуваш во него :)

Преку главните ликови филмот преку ликовите и дијалогот ни дава многу убави гледишта за смислата на животот, љубовта, семејните вредности, достоинството, прифаќањето на смртта и други суштински животни проблеми. Многу ми се допадна како Периш на смртта ѝ ја објасни љубовта.
Ликовите допадливи иако типизирани, добрите момци победија, лошиот си го доби своето, на крајот сите среќни.
Инаку сосема е неприфатливо како смртта знаеше дека ликов мамел на испит, а појма немаше каде бил и кого видел ликот веднаш пред да му го земе телото. И куп други работи што некој со век од многу милиони помножени со еони, не може да не ги знае. Па дури сега се сетила да дојде да научи нешто ново и тоа баш кај што има девојка за заљубување. А можеше да отиде каде било, Тибет на пример.
Но бидејќи е бајка, може да поминеме преку некои вакви работи.

Беше предолг, некои сцени особено на крајот непотребно развлечени. Сѐ на сѐ, солидно.

7/10
Автоматски споено мислење:

Ама кога веќе ја носиш смртта како човечки лик, не може да не знае што е путер од кикирики а да знае за тоа агенцијата што ја измислија на крај за да го откачат Дрју.
Агенцијата не е измислена, IRS беше, по наше УЈП. Дека нели, само даноците и смртта се сигурни. Евтин штос на втор слој.

Не го сфатив крајот кога Сузан му рече на Џо, би сакала да го познаваше татко ми. Кога умре стариот? И кој беше тој што се врати во телото на Бред Пит? Во кого се заљуби Сузан?
Сузан всушност се заљуби во сликата што си ја создаде за типот во ресторанчето. Затоа што понатаму во целиот филм тој беше сосема друг лик кој само изгледаше како ликот во кој се заљуби, но неа тоа воопшто не и пречеше и не се ни запраша што не е во ред. Што може да се каже дека иде во прилог на тоа дека љубовта е слепа.

Не. Љубовта е посилна, затоа љубовта победи. Смртта се заљуби и затоа омекна и и го врати Бред Пит Први на ќерката.
Смртта дојде по Вилијам и кога престана да ѝ биде интересно си го зеде со неа. Навистина да омекнеше, ќе го оставеше човекот да си поживее, тукушто наполни 65. Башка ја научи многу работи, па можеше и во име на благодарност да го стори тоа.
А за телото, може и да речеме дека само го позајми да го користи додека е на земјата. Е да, не го врати од каде што го зема, туку баш кај девојката. Ама затоа ќе имаат за објаснување кој е, кај бил итн. :)
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Агенцијата не е измислена, IRS беше, по наше УЈП. Дека нели, само даноците и смртта се сигурни. Евтин штос на втор слој
Знам. Мислев на ситуацијата што ја измислија кажувајќи дека е агент од ИРС.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.400
8/10

Го имав гледано оддамна,генерално се сеќавав но го прегледав неделава пак.
Ентони Хопкинс тешка категорија на актерство, нема што да се коментира. Неколку пати имам кажано и пак ќе кажам дека ми е во топ 3.

Добар филм, остава траг на тебе откако ќе заврши. Те тера да се прашаш и размислиш, да негираш или потврдиш. Провоцирачки филм кој навлегува во егзистенцијални прашања за животот, љубовта и смртта.
Солидна актерска екипа, солидна приказна дава добро интроспективно истражување на човечкот.

Крајот не ми се допаѓа воопшто барем нешто да беше поблиску до реалноста не таква отстапка да ми направи а и музикава мене лично не ми беше милозвучна едноставно не ја поврзав со темиве во филмот ја би за нешто налик Ludovico Einaudi.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Meet Joe Black

Интересна замисла, Смртта во неколку дена да види како функционираат нејзините "жртви", почнува да ужива во малите и големите задоволства, за на крај дури да не сака да се врати, пропратено со пораки дека животот е убав и треба да го живееме чесно и максимално. Можда и поглавна тема е љубовта, преку романсата меѓу Клер Форлани и двата ликови на Бред Пит. Ама изведбата ич не ми се допадна. Полн со шаблонски ликови кои се однесуваат чудно, дупки во приказната, кринџ моменти и премногу раздолжени сцени. Го чувствував како кола што ме вози со 50 на саат на автопат и едвај чекав да се симнам. Единствено Тони Хопкинс имаше смисла.

5/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Definition of the word 'Sleuth':

1. noun - a person who investigates crimes; a detective
2. verb - carry out a careful investigation into crime or mystery

Повторно дојде мојот ред да ви предложам филм во клубов. Морам да признам дека овој пат се помачив повеќе во наоѓање филм кој го немаат гледано многу членови, од тие што ги имам на Letterboxd го има гледано само moongose. Размислував помеѓу 10 филмови во кои имаше црно-бели, воени, драми, историски, научна фантастика и трилери. Овој пат се одлучив за мистерија-трилер филм.

Филмот се вика Sleuth од 1972 година (https://letterboxd.com/film/sleuth/). Режиран од Joseph L. Mankiewicz (All about Eve, Cleopatra, Guys and dolls, Suddenly last summer...) и со легендарните Laurence Olivier и Michael Caine во главните улоги. Филмот бил номиниран за најдобар режисер а двајцата главни глумци биле номинирани за најдобар актер.

image-w1280.jpg

Како што е ред со сите мистерии ви препорачувам да не читате ништо за филмот пред да го гледате, се со цел да уживате повеќе во него.
Се надевам дека ќе уживате во филмот како и јас и ги очекувам вашите рецензии.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Кога гледам филм би сакал да гледам филм, а не да слушам филм, нарочито трилер мистерија.
Ова тука беше класично слушање на филм, 2 актери натака навака се моткаат и се утепуваат од зборење. Бла бла бла бла ми скурчи, у огромен дел од филмот веќе не ги ни пратев што праат муабет.
Мех приказна, The Game на Финчер ми е мех ради глупата приказна а не па ова овде.
Мајкл Кејн стар >>>>>>> Мајкл Кејн млад.
Истотака не ми се свиѓаат овие стари британски филмови кои сакаат да се сериозни а уствари не се, цело време им виси некој комичен тон што не ми се свиѓа. Башка и глумата од тој период крш.

Просечен филм, иако убаво почна и мислев ќе биде нешто покомплицирано и поинтересно ама после 3-40 минути ми стана јасно дека ќе останем цел филм у куќата со овие двајца. Едвај чекав да заврши и ми беше гајле за крајот.

6ка едвај.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.327
Со задоцнување од една недела (контрола на работа, мноооогу прекувремени часови :( ) еве ја анализата за Meet Joe Black:

Го гледаа 12 души и му дадоа средна оценка 7,5 (потполно идентичен резултат како и претходниот филм). Го испуштија:
- @Gazpapir - прв неизгледан
- @Комита Ултрас - втор неизгледан, жолт картон
- @wot - трет неизгледан, црвен (со оглед на тоа што се ближи твојот термин за предложување, најди време please да ѕирнеш нешто)..

Веќе почнавте со 176 филм, нема потреба дополнително да го претставувам.

Една напомена - следниот, 177 филм ќе биде последен пред малата летна пауза: јас ќе бидам на одмор од 13.07, па нема да бидам во можност да модерирам. Од 17.07 до 30.07 правиме пауза во Клубот.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Sleuth
Двајца глумци цел филм, ама не ми сметаше тој дел.
Навистина само нешто зборуваат и се објаснуваат, акција нема многу, ама крајот не ми се допадна. Еве се мислам како би сакала да завршеше филмот, немам појма, ама не така како што заврши.
7/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Sleuth (1972)

Обожавам филмови во кои дејството се одвива само на едно место и целото само преку дијалог на протагонистите. Исто така обожавам мистерии и трилери, па овој филм ми беше совршен микс од сите овие категории.
Самиот заплет ми беше доста забавен. Првиот пат кога го гледав не го познав Мајкл Кејн дека е маскиран како инспекторот, а бидејќи не знаевме што се случило со Кејн претходно приказната дека е навистина мртов имаше смисла. Овој филм покажа дека е тешко да направиш совршено убиство ако од другата страна имаш паметен детектив.
Вистинско уживање беше да се гледаат двајцата британски титани како се надмудруваат помеѓу себе кој да биде попаметниот, кој ќе биде победникот. Совршена глума на Оливиер и Кејн, новата и генерацијата што полека си заминува. Мајкл Кејн ми е секогаш шармантен во првите негови улоги во Британија со неговиот специфичен акцент.
Рајан Џонсон треба цела планина леб да изеде за да сними ваков филм.

Од мене добива 8/10.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Првиот пат кога го гледав не го познав Мајкл Кејн дека е маскиран како инспекторот
Ме збуни овој дел, па само што проверив: јас сум го гледала тој од 2007 со Мајкл Кејн и Џуд Ло во улога на швалерот. :D
Се надевам се важи? :D
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Ме збуни овој дел, па само што проверив: јас сум го гледала тој од 2007 со Мајкл Кејн и Џуд Ло во улога на швалерот. :D
Се надевам се важи? :D
Не ми е гледан тој мене, ама обично одбегнувам remakes освен ако нема подобри оцени од оригиналот.

Злате треба да кажи дали ќе ја прифати оцената :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom