FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
:pos:
Кажи ми како јас ова да го трансформирам во нормална оценка?
Otvoreno za interpretacija :pos:

1 bi bilo 1 2 3 4
2 bi bilo 5 6 7
3 bi bilo 8 9 10

Ke probam da ti pisam nekoja normalna ocena od rakav koga ke gi gledam predlozite. Se comittnav veke za prestojnata godina, sakam da smenam bidejki ovaa skala ke me tera da ocenuvam po cuvstvo mnogu poveke a i plus ke

Barfly denes uste mi e vo misli, pogodeno kako za Nedela popladne koga poleka se nadoblachuva mislata deka utre e Ponedelnik i ne ti se odi na rabota, zosto uopste imame potreba od vakvo opstestvo kade ogromen del od vremeto i energijata ti odat na rabota koja ne ja ni sakas i rado bi dzabolebaral vo ime na umetnosta i istrazuval covecki dlabocini i iskustva niz opiodi kako Henry.

Fuck :D
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Barfly (1987)

Донекаде несфатлива ми е популатноста на Буковски. Во најголем дел од неговите книги обработува досадни автобиографски епизоди од неговиот досаден животот како алкохоличар. И секогаш мора да има женска придружба. Книгите се преплавени со кратки, бесцелни и досадни реплики. Буковски, како писател, воопшто не ми лежи.

Сега, копилето, по сите книтики кон филмот дека претставува убивање на време, се јавува во својство на сценарист...и повторно тематски приказ на епизода од неговиот досаден живот како алкохоличар.

Хенри е алкохоличар, живее ден за ден, во едни исти партали времето го поминува во Golden Horn, каде или се навраќа да се изгребе за пијачка или да се проба со шанкерот. Но Хенри не е само алкохоличар, иако тоа е неговиот најпрестижен орден кој како сидро го влече кон дното и ја сузбива неговата креативност и го убива неговиот талент, па дури и му отежнува да најде и да задржи одредена работа. Тој е добродушен, карактер, шармер, но и клошар и голтар. Со последните пари и купува пијачка на Ванда, а кога добива нешто повеќе кеш, несебично бара нова тура за своите пријатели, останатите клошари, кои денгубат во збирното место, барот, А Golden Horn.

Дури и кога добива шанса да живее на повисока нога, со цел да се посвети на пишувањето, одбива, и му се враќа на отпадничкиот живот. 4,5


RRR (2022)

Навистина книгата не треба да се суди по своите корици. Долгометражен, како минисерија, но секоја секунда е исполнета со музика, емоција или акција. Прекрасна спојка на акција, авантура, драма и трилер во едно.

Дури и сцените, направени за гола драматичност, како кога оди сам против сите и го загушува отпорот, пукање во лет, колата лета во воздух поради куршум во тркалото или кога фрла тигар преку рамо како да е обичен партал, те оставаат во потполно уживање. Убава номенклатура од тематики, наменети за забава, а во позадина оди приказната за опторот против, тогаш, најголемата империја на светот. Интересно склопена приказна. Дури и специјалните ефекти беа навистина одлични.

Песната, кога играа, беше доста заразна. :icon_mrgr:

Секако, уште еднаш му се извинувам на предложувачот за закаснетата рецензија. 8,5
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Барска мушичка (1987)

Одлична глума на Рурк во ликот на локален пијаница секогаш спремен за тепачка заради рекреација. Исто и алкохолот си го користи рекреативно, не е дека нема избор како повеќето од останатите ликови во барот. Самиот тој е главното сиже во филмот, се запознаваме со неговиот карактер, начин и поглед на живот и сите прилики и неприлики во кои упаѓа во тој краток сегмент од неговиот живот.
Додека трае експозицијата убаво си врви филмот, но некаде после една третина почнува да стагнира. Дотогаш е јасно дека нема класичен заплет, со тоа и расплет, а до крај се дознава и дека нема ни промена на самите ликови. Одолева да се промени и под влијание на двата женски лика кои покажуваат интерес за него, заради истите причини но од различни побуди.

Некако одеднаш ми дојде неговиот успех во пишувањто со оглед дека дотогаш воопшто не беше спомната таа негова активност, иако на неколку пати имаше кадри каде чкртка по нотесот.

Крајот е го заокружува филмот - со тепачка помеѓу него и барменот. Исходот воопшто не е битен, самиот ритуал е.

Гледлив филм, но освен изведбата на главните актери не нуди ништо друго вредно за паметење.

6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.991
Поени од реакции
37.274
161. Barfly (1987)

Немам читано ништо од Буковски. Но имав познаник на кој на времето му беше толкав идол што сметаше дека сета естетика во живеењето произлегува од алкохолот, тепачките и пичките. Не се бањаше па смрдеше на километар. Косата да земеш да му ја исчешлаш ќе излезеше еден литар масло од неа. Беше дрзок кон сите, без ни едно влакно на јазикот и толку одбивен што не верувам дека ни сам себе се сакаше. Е, единствено што не му одеше во прилог на тоа да личи на идолот беше што имаше парица - во тоа време кога ретко кој имаше компјутер, тој имаше. И тоа со интернет поврзан. А сепак не сакаше да седи во нормално живеалиште, туку живееше во дупка која ги исполнуваше неговите критериуми за естетика. До таа мера беше отиден што неколкупати го имав видено како си разговара со мониторот на компјутерот. Ко ќе одеше по улица си зборуваше сам со себеси. Не можете ни да си го замислите колку беше вон овој свет, си живееше во некој негов. Дури - ова искрено мене во тоа време ме запрепасти, па дури и денес ми изгледа чудно: си најде мецена, во сред Скопје. Богата постара милфица си го прибра дома и го финансираше излегувањето на неговата книжевност од печат во замена за сексуални услуги, веројатно. Не знам до кај отиде таа приказна, зашто по игра на случајност нашите патишта се разидоа, само знам дека од него не испадна Буковски.

Затоа, се чувствувам дека иако не сум го читал Буковски, го знаев! И по ова веројатно мислите дека филмов не ми се допадна, но напротив. И покрај тоа што немам желба да читам ништо негово, зашто сметам дека неговите дела можат да бидат WOW само за пубертетлии со бубулици, во што може и грешам, но ете, некоја одбивност сум створил и не би сакал да пробувам да ги разоткривам митовите или да ги рушам моите стереотипи. Небитно. За филмов - ми се допадна. Обично сакам biopics за писатели, па така и овој. Забавен од почеток до крај, Мики Рурк растури во улогата, имаше интересни реплики, иако не многу of a сценарио... Сепак, генерално позитивен впечаток.

7/10

P.S. Се згазив од смеа на репликава:
Tully: That whole thing was dumb! Childish. The impetuous act of a spoiled asshole.
Henry: So, you hired a dick to find an asshole.
:pos: :pos: :pos:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
Barfly

Не. Освен Мики Рурк, филмот нема што друго да понуди. Целата одбивност кон читање книги ми беше створена ради истово копиле што беше омилен автор на мојата не толку драга класна професорка во средно. Ми водеше некој инат па нонстоп ми даваше задача да му ги читам делата и буквално не наоѓав никаква поента во неговиот живот. Не знам зошто ликов е популарен, локални пијаници имаат подобри животни приказни и многу повеќе да кажат од него. Самото тоа што и филмот немаше никаков расплет ми додаде уште поголема одбивност. Далеку од тоа дека не е гледлив, ама залудно потрошено време.

Само ради Мики:
5/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Barfly

Всушност не ни има што многу да се пишува, брзо сфаќаме дека Хенри без разлика на сите ситни или крупни промени и случки кои му се случуваат, нема намера да се откаже од својот животен стил. Цело време пијан, има некоја дупка за преспивање, за јадење од време на време ќе се снајде, понекоја тепачка, не досаѓа на никој ама сака и он да биде оставен на мира... За него ова е слобода и ова го гледаме во круг цел филм.
Сепак некако влегува под кожа, лесно гледлив филм, а многу помага Мики Рурк со одличната глума.
И интересно, иако добродушен, али за таква пропалица на крај две женски кубеа коси меѓу себе :icon_mrgr: .. Добра тепачка беше.

Првиот пат кога сум го гледал којзнае кога, сум му ставил 9ка, сега добива 7/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ова ако ви е добра глума на пијан човек од Мики Рурк ондак Цацко од К-15 заслужува Оскар каков што ни Даниел Деј Луис не може да добие. :D
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
171
Поени од реакции
776
Немам ништо (паметно) да кажам, впрочем, ко Буковски. Единствено што сум читала од него е „Пошта“, кога имав 16. Простачкиот јазичен израз ме исклучи уште на почеток, ја исчитав механички водена од инает. Кога го пуштив Barfly некако се трудев да го одделам Кинаски од авторот, да го гледам самостојно, со свој живот, игнорирајќи ги заедничките точки. Замислата набрзо ми падна во вода бидејќи не е доволно на светот да му го оставиш својот љубен лик налик алтер его како книжевно наследство, не е доволно по него да снимаат филм, туку мора и да се појавиш во истиот. На шанк, секако, за впечатокот да е целосен. И ова е само ситен детаљ, веројатно освен Данавеј, нема нешто што не ми пречеше. Многу ретко се случува филм да ме изнервира. Well... :icon_lol:
Не знам што развлекувам непотребно, не ја поднесувам оваа философија на апатијата. 3/10
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.506
Поени од реакции
990
Barfly 1987
филм со мики рурк во неговите најдобри години и кариеера ,пропалица пијаница тепач од романите на чарлс бууковски не сум љубител ни на тој пистал и присталица на овај нацин на живот ,ама добро го и мат доловено тој аспект социален и начин на живот,мики рурк маестрално го глуми инема тука дилема, барови кафичи тоа го има и денес и тепачки некои трагични комични сутуации боемски живот преминат во зависност декаденција и курви и страдање ,и некои ќе речат тоае живот реалнос ,на некој што има поминато сличен ајфтајл мози ќе мусе допадне повеќе од мене оцена 7.0
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.991
Поени од реакции
37.274
That's all, folks! Завршивме со Barfly. Го гледаа единаесетмина (не на Оушн), и му дадоа средна оценка 5,7. Го испуштија:
@Corvus , @Darklady и @123456 - на сите прв неизгледан.

Одиме понатаму. Следен предложувач требаше да биде @__Vita____ но за жал таа не не дружи повеќе (има дури 9 филма во низа негледани), па затоа мораме да ја прескокнеме (@__Vita____ оди најдолу на листата на предложувачи и доколку до крајот на кругот се врати, ќе има можност да предложува) и одиме кај @zmija1 кој се одлучи за овој филм:

162. Er ist wieder da / Look Who’s Back (2015)
предложувач: @zmija1 (05.12 - 18.12.2022)

1670184012602.png

Ова е предпоследен филм во Клубот за годинава. Се надевам ќе уживаме!
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.695
Поени од реакции
35.405
Barfly

Доцнам ко гевгелиски автобус, се извинувам, имав оправдани причини :icon_mrgr:

Well,
Ова ми личеше на се, освен на боемски живот.
Ќе се вадам на тоа дека не ја сфатив поентата на филмов, затоа што јас навистина не разбрав која е поентата на филмов. Пијанење и животот на еден локален алкохоличар, тепачки, антисоцијално однесување и едно големо ништо. Никаков заплет, никаков расплет. Единствена светла точка ми беше Данавеј. Рурк ок, ништо посебно.

4/10

П.С. Се моли @Zlatikevichius да ми го избрише минусот :icon_mrgr:
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Ова ако ви е добра глума на пијан човек од Мики Рурк ондак Цацко од К-15 заслужува Оскар каков што ни Даниел Деј Луис не може да добие. :D
Мислам дека не е лесно да се глуми боем, дека Мики Рурк не е само пијаница во филмот. Затоа ме насмеа со коментарот. :)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Look who's back
Го гледав на Youtube, не најдов на друго место да има англиски превод.
Чуден филм, не знам што да кажам. Личи на политичка анализа за Германија. Претпоставував според основната идеја (Хитлер се буди во 2014 година) дека е комедија, ама мене не ми беше тоа. Можеби за Германците е смешно, што знам.
Малку се размрда филмот откако бабата го препозна, претходно малку и здодевно ми беше: едно по едно само разговори со обичните луѓе кои се жалат на емигрантите.
Веројатно најголемата вистина ја кажа на крајот: Мене не можеш да ме убиеш, јас живеам во вас.
6/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom