Se7en meets Prisoners.
Пореметеноста од првиот дел со сличен заплет на овој од вториот дел.
Туку после забавниот и фамилијарниот француски филм, пак убиствено депресивен и морничав филм како Submarino (макар што ова е друг вид на морничавост).
Треба да имаш пореметен мозок за да го смислиш ова што го правеше Тролов. Ама како што кажа Златикевичиус, освен тоа чувство на гадотија и одбивност, немаше некоја друга емоција во филмов, нешто што на пример во Prisoners го имаше. Можеби да се разработеше таа семејна драма кај првото семејство чие дете го најдоа на дрвото и нивниот живот после тоа што го поминале филмов ќе имаше подобар ефект, барем кај мене. Не дека беше лош филмот, далеку од тоа, ама пак ми фалеше нешто за да бидам фасциниран од него и да се поврзам повеќе со ликовите.
Глумата на инспекторов беше одлична, нема збор тука, Тролов исто, нема шанси да не го мразиш. Ме разочара тоа што беше прикажан како човек што е малку понеинтелигентен од другите, со некоја блага ретардација, а сепак успева да прави некои работи за кои треба доста планирање и како успеваше да дознава дека семејствата треба да одат на одмор некаде баш тогаш кога он ги напаѓа, тој дел не го објаснија воопшто (па и што беше финтата со млеката, зошто ги крадел).
Клишеа ко клишеа мора да ги има, на толку изгледани филмови и на уште повеќе снимени, ќе се повторуваат некои работи и не ми смета тоа, се додека сите тие клишеа се добро вклопени во филмот.
Се на се, добар трилер, интересна детективска приказна и 7/10 од мене.