Mar adentro
На филмов поштопото му стаив 6ка. Да го опишам како благо разочарување ќе биде комплимент со оглед на тоа како беше најавуван месеци уназад. Имав и релативно повисоки очекувања и од Џонтра, кој го имаше предложено Awakenings - еден од подобрите предлози во клубот. Тематиката на филмов иако интресна, сепак за мене е веќе помината и со вакви проблематики се занимавав повеќе во средно, па филмов не успеа да ми го заскокотка мозокот и да ме натера да размислувам за асистирано самоубиство, еутаназии и слично, ниту од морален ниту од правен аспект.
Освен што филмов не ме предизвика никако интелектуално, воопшто никако не ме предизвика ниту пак емотивно. Најсилна емоција што ја извади од мене беше аверзијата кон ретардираната Роса на која сеуште не и го сфаќам филмот, ниту пак ликот, ниту пак постоењето воопшто. Хавиер Бардем одглуми совршено, но скриптата не дозволи да воопшто се поврзам со него и го сожалувам или пак навивам за него, едноставно филмот не дозволи ние тука да имаме било какво мислење во овој проблем, туку само раскажуваше прикзна за еден човек со една рамна, неемотивна нарација.
Ликот на Јулиа исто така, скоро па неискористен. Филмов имаше голем проблем со следење на приказната. На многу наврати ќе тргнеше да гради приказна во некоја насока, за потоа комплетно да ја завшри без никаква поента. Билдапот со Јулиа беше еден од најветувачките во филмов. Се запознаа, се зближија, се заљубија, па си ветија дека заедно ќе умрат како Ромео и Јулија, ама ноуп, при крај на филмот све тоа се откажува, набрзина овој ја убедува Роса да му помогне да се самоубие и тоа е тоа. Антиклимакс е мал збор за развојот на филмов.
Како и да е, Everybody loves Raymond Ramon, и на крај пак си отиде човекот. Ако ништо барем се спаси од прикаските на Роса до смрт досадни.
6/10