NETWORK
Не се сеќавам чиј предлог беше филмов, и зошто не го гледав во терминот, ама еве, му дојде редот сега. И не знам како поминал кај вас, но кај мене дефинитивно лошо. Uber-досаден филм, мислам дека му подлегнал на забот на времето. Да, имаше одлични реплики, да, сценариото, глумата беа супер, да, идејата беше одлична, ама цело време се чувствував како едвај да чекам да заврши. Некако и знаев како ќе заврши, претпоставував. Можеби не дека ќе го убијат Хауард, ама дека дефинитивно ќе умре.
Филмов е критика за телевизијата и за нејзината моќ, можеби затоа некако како да не може да се смести во денешен контекст, зашто по мое мислење телевизијата одамна ја има изгубено моќта која ја имала. Ама ако, на пример, се исфрли телевизијата и во истиот контекст се вметнат социјалните мрежи, конкретно и посебно фејсбук, мислам дека буквално може да одговара со ова денес.
Само 5/10 зашто едвај доседов пред телевизор.