FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

The Sea Inside, филм на Алехандро Аменабар со Хавиер Бардем и Белен Руеда во главните улоги.
Го сакам Хавиер Бардем, само уште да кажеш каде да го најдеме со превод.
На Нетфликс одма пребарав, го нема :)
 
Го сакам Хавиер Бардем, само уште да кажеш каде да го најдеме со превод.
На Нетфликс одма пребарав, го нема :)
Не знаеш шпански?
Јас без превод си ги гледам, се ги разбирам.
Благодарение на Руби, Есмералда, Росалинда и злобните близначки Паола и ја заборавив другата.
 
Следен филм што ќе го гледате е The Sea Inside (2004) или на шпански Mar adentro.
Од форумов само 3ца го имаат гледано, од клубов само 1 и уште еден на вочлист го има ставено.
Искрено се изненадив кога видов дека има толку слаба популарност тука а станува збор за доста познат филм и високо рејтингуван според имдб. Има и Оскар земено за најдобар странски филм таа година.
Го гледав пред неколку месеци и одма знаев дека овој ќе биде мојот предлог за клубов. Можда не е баш филм за летно време, затоа и добро ќе ми дојдеше потенцијално одложување на клубов бар до есен али нема врска ај, нека не замарам.

The Sea Inside, филм на Алехандро Аменабар со Хавиер Бардем и Белен Руеда во главните улоги.
Станува збор за вистинска приказна за Рамон Сампедро кој доживува несреќа и останува целосно парализиран 28 години, за сето тоа време за него се грижи семејството односно брат му, снаа му и внукот. За сето тоа време Рамон цврсто стои на ставот дека сака да умре и се бори за еутаназија.

Мирна драма, гледлива, убав филм, мене ми фалеа малце поише емоции па затоа 8ца му дадов.

Да видиме вие што ќе кажете.
Повелете.

нели ке го начукаше до јаја од 4 часа филм што е ова за сиромашни ни даваш од 2 часа цццц :P
 
Не знаеш шпански?
Јас без превод си ги гледам, се ги разбирам.
Благодарение на Руби, Есмералда, Росалинда и злобните близначки Паола и ја заборавив другата.
Баш сè дека ги разбираш не ти верувам, ама добро. :D
 
Од форумов само 3ца го имаат гледано, од клубов само 1 и уште еден на вочлист го има ставено.
Да бе, и мораше баш јас да бидам тој еден :(:mad:

И нели доста беше од филмови за болни што патат со години? :)
 
Баш сè дека ги разбираш не ти верувам, ама добро. :D
Жими се. Озбилно разбирам се.
Не знам да правам муабет ич, ама 100 % ги разбирам. Ај како да ти докажам?
 
Жими се. Озбилно разбирам се.
Не знам да правам муабет ич, ама 100 % ги разбирам. Ај како да ти докажам?
javi mu se na telefon zbori mu na spanski hhhhh
 
Жими се. Озбилно разбирам се.
Не знам да правам муабет ич, ама 100 % ги разбирам. Ај како да ти докажам?
Преведи го филмов да не се мачи Виолетова да бара преводи :LOL:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom