ПЛАНЕТА КОЈА УМИРА - Kajgana Showdown #05

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Уште од почетокот на Showdown-ите, темите ги одбирам да одговараат на периодот или на некој настан / празник во тој период. Долго мислев што да биде последната тема од летото (иако календарски летото трае до втората половина на септември, некако за сите нас завршува со почетокот на школската година на 1 септември). Ова беше едно навистина невообичаено лето. Лето во кое беа измерени највисоките температури во поновата историја, во кое видовме катастрофални поплави, торнада таму каде не им е место, пожари од кои настрада цел свет... Ова лето како да не предупреди дека дојде почетокот на крајот на планетата Земја. Пред некое време прочитав предвидување за исходот по климатските промени за 250 града во светот, меѓу кои и Скопје. Во 2050 во Скопје температурата во најтоплиот ден од годината ќе биде повисока за 8 степени од таа измерена денес! Заради сето ова, одлучив последната тема пред крајот на летниот распуст 2021 да ја посветам на планетата Земја, на климатските промени, на катастрофите кои демнат зад аголот. Така, темата ќе биде за

ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА, ПЛАНЕТА КОЈА УМИРА

maxresdefault.jpg

Дозволени се:
-филмови со/за природни катастрофи (поплави, цунамија, торнада, урагани...)
-филмови за климатските промени
-филмови со апокалиптични сценарија за планетата Земја предизвикани од климатските промени / човечкиот фактор
-филмови за уништените природни убавини на планетата Земја


Правилата:
-еднаш неделно ќе поставиме тема зададена од мене (секако, предлози во inbox ќе бидат добредојдени), во нова тема во подфорумов;
-секој член на Кајгана форумот може да постира наслов/и на минимум 1, а максимум 10 филма кои смета дека се најдобри, а одговараат на зададената тема;
-доколку некој пише наслов кој и вие сакате да го пишете, пишете го пак - колку повеќе пати е спомнат филмот тука, толку се поголеми шансите да се најде на финалната листа;
-по истекот на времето за предлози, јас ќе ги соберам сите ваши листи и ќе направам една, конечна листа која ќе биде објавена и во почетното мислење на темата, и во крајното, и дополнително, ќе биде направена и листа на Letterboxd за поголема прегледност;
-целта е да направиме листи на филмови на одредени теми, жанрови, со одредени актери, режисери или било какви други нешта кои ги поврзуваат, за кога некој ќе побара некаков предлог, да може лесно да најде;
-бројот на филмови кои ќе се најдат на крајната листа зависи само од вас: првично замислив да бидат исто како на LB - 20, но ако има голем интерес и многу спомнати наслови, може и да го зголемиме бројот;
-истото е и со правилата - од почеток сите спомнати 10 филма во секоја од вашите листи ќе бидат еднакви (еден mention = еден бод). Доколку на крај повеќе филмови имаат ист број бодови, во листата ќе влезат оние кои имаат повисока оценка на Letterboxd (зашто нели ова е инспирирано од таму). Понатаму, можеби ќе треба да го модифицираме процесот и да ги бодуваме филмовите, но се надевам дека нема да има потреба за тоа, зашто така ќе има ем повеќе работа за мене, ем ќе биде се покомплицирано.
Или пократко:

Одберете минимум 1, а максимум 10 филмови кои одговараат на описот од болдираниот текст погоре, кои според вас се најдобри и запишете ги насловите во коментар подолу, еден под друг (без бројки пред филмовите).

Ако некој пред вас го пишал филмот кој и вие го сакате, напишете го пак, така има поголеми шанси да се најде на крајната листа.

Дозволени се филмови од од било која држава, било кој жанр, сеедно е дали се играни, документарни, анимирани, кратки... Се е дозволено додека е на тема ФИЛМОВИ ЗА ПЛАНЕТАТА КОЈА УМИРА.
Автоматски споено мислење:

А, да, заборавив: на Letterboxd имаше дури 3 слични showdown-и како овој, од кои може да се изберат некои филмови кои одговараат и тука, па за инспирација, еве:
1. https://letterboxd.com/showdown/fantastic-planet/
2. https://letterboxd.com/showdown/the-perfect-storm/
3. https://letterboxd.com/showdown/the-worlds-end/
 
Последно уредено:

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.357
Поени од реакции
19.178
Ја иам траку за овакви филмови.
Ви гледајте, ја ке глеам и ке слушамо.
Јукатан, Арарат и Тунгуска, Пума Пунку.
Сфет нема да се сруши у наши године.
Бшш заради нас,сори за офтопик...

Ама траку, слушајте гу,исто како да сте гледале филм, е.

 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Јас мислев темава е за нешто ко Меланхолија кај што заканата е уништување на планетата од надворешни фактори, ова што си го навел е повеќе уништување главно на хомо сапиенсот, планетата си постоеше и пред нас, ќе си продолжи и по нас, ние сме тука само туристи :giggle:
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Mad Max
Mad Max 2
Mad Max 3
Mad Max Fury ROad
Waterworld
Postman
I am Legend
A Boy and his Dog
Book of ELi
12 Monkeys
A Quiet place
A quiet place 2
Reign Of Fire
Escape from New york
Escape from L.A
The Happening
Miracle Mile
The Hunger Games 1-4
The Divirgent series 1-3
The Maze Runner 1-3
Steel Dawn
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Јас избрав филмови со природни катастрофи, бидејќи @Zlatikevichius стави табла со Top Climate Change филмови. 12 Monkeys на пример ми е еден од омилените филмови но не знам дали вируси влегуваат во замислата на Злате.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
не знам дали вируси влегуваат во замислата на Злате.
Па има дел што вели: апокалиптични сценарија предизвикани од ... човечкиот фактор
Вирусите ги шират луѓето, некогаш ги пуштаат намерно од лабораторија...
Јас сега се мислам дали џабе го ставив Jurassic Park, дека не беше апокалипса, туку само проблем на еден остров :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Јас избрав филмови со природни катастрофи, бидејќи @Zlatikevichius стави табла со Top Climate Change филмови. 12 Monkeys на пример ми е еден од омилените филмови но не знам дали вируси влегуваат во замислата на Злате.
Screenshot_20210823_192412.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom