- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.168
- Поени од реакции
- 10.136
Пред да го гледам не знаев ништо за филмов, освен дека е номиниран за Оскар. Почнува интересно и исто ко Џонтра очекував приказнава да се движи во релација Елизабет (тетката)-Курт. Само за разлика од Џонтра, мене не ми беше досаден цел филм, само некој си пола саат.
Приказнава не е типична воена, историска, љубовна тралалајка, туку добро истемпирана драма во која и војната и историјата и љубовта се во споредна улога.
Ми се свиѓаше како започна во времето пред Втора Светска и како продолжува по војната. Обновата по војната, уписот на ФЛУ, запознавањето со девојката и нивните средби подоцна.
Немаше никакво лигавење или љубовни патетики ко што некои спомнаа. Не е воопшто љубовен филм.
Јас го сфатив филмов како потрага по самиот себе и обид да се пронајдеш во што најдобро пливаш. И покрај тоа што последниов саат баш за ова се работеше, некако напорно ми беше да се гледа целиот тој процес на трагање во кој дел од уметноста би пливал главниот лик. Веројатно и самата должина на филмов си го направи своето.
Но сепак крајот беше одлична завршница. Тоа што е, го најде во исконот, кога бил дете, кога бил духовно најчист. Се најде себе таму каде што сè започна, во класичната уметност, а не во вртењето врвца со компир или ковањето шајки на маса и измислување приказна како тоа што го правеа другиве е уметност.
Паула Бер (Елизабет - девојката) ми беше прав eye candy. Има таква харизма што и кога филмов не се врти околу неа, држи внимание. Ја гледав скоро и во Ундин, и таму беше mesmerizing. Супер беше и главниов лик, Курт.
Технички исто беше одличен филмов во поглед на костими, сценографија и музика. Единствена замерка поради која не му дадов поголема оцена е должината. Да беше пола саат пократок, ќе беше 10, вака 8/10.

Последно уредено од модератор: