The Constant Gardener
Прво, камерата беше за никаде, ко да се договориле ајде кое е најлошото место за да се постави камерата таму ќе ја поставиме. Почетните сцени дури беа и смешни од што поима немаа како се снимени. Понатаму ајде некако се подобри.
Второ, каде бе со ваков тек на настани? Кои се ликовиве? Се знаеше ли кој јаде кој пие? Еден саат гледав така, колку да помине првиот саат, ништо не ме допра, ништо не почуствував, ништо не ни сфатив. Сите фаци ми беа монотони, се осеќав ко од прва да ги снимале сцениве, па луѓево се смееја уз сред сериозни сцени, а па кога беше сериозно, камерава одлетуваше, не те остава да почуствуваш нешто. Ќе беше мноооогу подобро, барем по мој вкус, да не беше камерава на ауто пилот во поголемиот дел од филмов. Си има време и место за вакво снимање, тука не беше ни местото ни времето.
Трето, како бе да се поврзам со ликовиве кога на овој му умира жената, рандом ликов повраќа и овој го теши, uhmm what? Па и имево е хируршки перфектно, ко што спомна над мене СК, го изгубија детето овој си продолжи да си копка по градината цел филм ахахахах. Детево го губат, а се однесуваат ко клучевите од колата да ги изгубиле хаха. Очекував повеќе од Ралф реално, за мене е сосема добар глумец, можеше барем малце да ме залаже со некоја емоција. Рејчел беше коректна. Дани Хјустон ко теле беше цел филм, тоа може дека и ликов му беше теле у приказнава. Ни ги набуткаа разно разни ликови колку да се пополни квотата од актери.
Пази колку глупа сцена, го прибира девојчево у авионов и овој му вика не може оти така му било наредено, а слетуваат во ПУСТИНА. Па и овој после му се извинуваше оти му викаше да го качат девојчето хахаха. Треба егзорцизам да му се изврши на филмов, стварно можело да испадне сосема добар филм, има материјал. Приказната гледано настрана од се, ми се свиѓа, се осеќам дека книгава уствари би ја сакал. Видов дека било и по вистински случај, али не е нешто ново, нешто што не сме го знаеле до сега.
Добра замисла, лоша егзекуција, 4/10.