Си беше еднаш еден филм. Заработи многу пари на кино благајните во Америка, го фалеа филмските критичари, влезе во повеќето листи на најдобрите филмови од таа година, но како и секој сличен на него, наскоро беше подзаборавен. Но кога и да се сетеше некој на него, се сеќаваше со насмевка и едно „ееех, добар беше тој филм“. Сѐ додека татковците на филмот, желни да заработат многу повеќе пари, не одлучија да ја молзат истата крава. Направија продолжение. Sequel. На стара слава, во име на првиот филм, и вториот заработи многу пари. И луѓето пак беа насмеани, но не од задоволство, туку од тоа колку очаен беше вториот. Толку беше лош, што гледачите почнаа да му се потсмеваат и на неговиот претходник, заборавајќи колку добар беше тој. Приказната обично не завршува тука, туку следат уште продолженија, ама ние тука ќе ја запреме.
Ќе пробаме на направиме, не sequel, туку reboot на нашиот стар, добар, сакан Film Club. Но не со цел да заработиме пари или слава како што тоа бидува во филмскиот свет, туку за да пробаме да го вратиме ова на старите патеки, како што заслужува, а и да видиме дали значителните измени во правилата ќе направат да има повеќе членови кои ќе ги гледаат филмовите и ќе коментираат. Е сега, кога се во прашање правилата: поентата е да направиме да не се толку строги како претходно, да нема исфрлање ако некој не ги гледа филмовите и слично, туку сѐ ќе биде малце полежерно, поедноставно и полиберално. Ајде, еве, конечно правилата.
Од стариот клуб остануваат истите, со црвено ќе бидат обележани новите и измените во старите:
1. The first rule of Film Club is: you do not talk about Film Club!
2. Како клубовите на читатели. Идентично!
Сите гледаме еден ист филм (поточно - иста верзија на еден ист филм) и потоа го коментираме истиот.
3.
Секој кој сака може да стане член на клубот! Потребно е само да имате волја, и да одвоите по 2 часа време
секоја недела за да изгледате еден филм предложен од некој од членовите на Film Club (FC).
4. Да, исто како и во читачките клубови, и тука
самите членови на FC ќе ги предложуваат филмовите.
Кога еден филм ќе биде предложен, првиот кој ќе го изгледа и ќе пише коментар за него во темава, ќе има право да го предложува следниот филм, следната недела. За тоа кој предложува следен ќе може да се информирате во истиот Google документ кој го користевме за стариот клуб: ЛИСТА НА ЧЛЕНОВИ НА FILM CLUB, само во посебен sheet. При коментирање на филмот не треба и да предложувате филм, тоа ќе го направите кога ќе ви дојде времето.
NOTE: Секој предлог за филм ќе биде прво разгледан од модераторите на подфорумот Филм и ТВ (@џимеј и @wot ) и јас, како креатор на клубот. Ова - со цел да не ни изумрат милиони мозочни клетки ако некој предложи нешто како „Патот на кенгурите“, што еднаш се случи.
5. Предложениот филм МОРА да може да се најде за download преку некој од тракер сајтовите во минимум 720p. резолуција (HD). Секако, по договор, некои исклучоци може би биле дозволени (пример, ако станува збор за македонски филм, и сл).
6. Имајте разбирање за предлозите, почитувајте го мислењето на другиот. Да не се расправаме со муабети од типот - леле колку глупав филм, јас не го гледам!
7. Letterboxd листата останува истата: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/ што значи продолжуваме таму каде што застанавме, и...
8. ...не смее да се предложи филм кој веќе бил предложен во клубот, било стариот, било овој.
9. Доколку некој веќе го има гледано предложениот филм, препораката е да го репризира додека го гледаме сите, затоа што и репризите се бројат во Moviespotting.
10. Темава ќе биде spoiler free, што значи не ја отварајте пред да го гледате филмот!
11. Нормално, правилата на форумов важат и во темава, затоа be careful!
12. Почнуваме од денес, недела, 16 февруари 2020, со првиот филм, а дискусијата за него ќе трае до 22 февруари 2020 (една недела), по што почнуваме со вториот филм. Се одлучив за една недела, наместо две недели, затоа што со смената на начинот на предложување, постои веројатност да коментираш денес, а да чекаш за да предложуваш филм дури по 2-3 месеци. Затоа, мислам дека една недела е доволна.
13. Once member of Film Club, always member of Film Club. Значи членството во клубот не може да се изгуби! Ако го гледаш филмот и коментираш за истиот, ќе имаш можност да предложуваш филм во иднина, ако не, нема. Ама членството не го губиш.
14. За разлика од претходно, нема да ги контактирам предложувачите во приватни пораки, ќе проверувате во документот чиј ред за предложување е, и во недела го предложувате филмот. Останатите членови на клубот ќе ве потсетат, доколку некој заборавил.
15. Се одлучив секој нов филм да почнува во недела, наместо во понеделник, зашто сметам дека во недела луѓето се послободни, па можат да го симнат филмот, па дури и да го изгледаат. Значи почнуваме со нов филм СЕКОЈА НЕДЕЛА!
___________________________________________________________
Сега мало појаснување за начинот на кој ќе ги додавам предложувачите во листата: прво правило е: кој коментира прв, тој ќе предложува прв. Пример: оваа недела имаме ФИЛМ 1, за него коментираат ЧЛЕН 1, ЧЛЕН 2 и ЧЛЕН 3, следната недела ќе предложува ЧЛЕН 1, наредната ЧЛЕН 2, па по 3 недели ЧЛЕН 3. Следната недела, кога ЧЛЕН 1 ќе го предложи ФИЛМ 2, коментира прво ЧЛЕН 2, па ЧЛЕН 1. По 4 недели пак ќе предложува ЧЛЕН 2, па по 5 недели пак ЧЛЕН 1. Значи кој повеќе гледа и коментира, повеќе ќе предложува. Simple as that! Ако не ви е јасно, едноставно, најлесно е да не се трудите да сфатите и само да погледнете на
ЛИСТА НА ЧЛЕНОВИ НА FILM CLUB кој треба да предложува следен.
Можете да давате сугестии, околу клубот и правилата, колку сакате, но се што е во насока на зголемување на моите обврски при „модерирањето“ на Film Club, ќе биде одбиено без образложение, зашто една од причините зашто Film Club 1 згасна е моето немање време.
Затоа и се направени измените во правилата, затоа што на овој начин сметам дека филмот ќе си функционира нормално и без моја голема инволвираност во него.
Инаку идејата за новиов клуб трае уште од згаснувањето на стариот, пред 2 месеци, само чекав да поминат Оскарите и да завршиме со изборот ТОП 100 од декадата, па еве, може да почнеме.
Ги молам само
@wot и
@џимеј да го менуваат насловот на тамава еднаш неделно, за што јас ќе ги потсетувам. Затоа што, нормално, јас не можам.
И толку. Почнуваме со првиот филм. Јас го затворив претходниот клуб, јас ќе го отворам новиов. Ви посакувам многу забава, многу нови филмови, и клубов да трае, ако ништо друго, барем повеќе од 4 години, колку што траеше стариот.
____________________________________________________________
Првиот филм кој ќе го гледаме тука, или 102 филм севкупно, ќе биде еден филм понов филм, од 2018, кој иако неколкупати го препорачував на форумов, според Letterboxd, сѐ уште никој не го изгледа. Тоа е единствениот филм кој кај мене имаше толку мешани чувства, што буквално не знаев како да го оценам. Затоа и на Letterboxd ми стои уште неоценет. Единствен таков! Филмот е со еден од моите најомилени актери, Ендрју Гарфилд, во главна улога, во режија на Дејвид Роберт Мичел, режисерот на хоророт It Follows. Филмот е доста експериментален, има вајб од филмовите на некои од најдобрите режисери кои ги знам, како Линч, Кјубрик... и многу референци од купишта класици кои ги знаеме - ете, предизвик: да ги препознаете. Станува збор за филмот
UNDER THE SILVER LAKE .
Се надевам деке ќе ви се допадне. Или не. Сеедно. Важно да го гледате и да коментирате! Се надевам дека нема овој наш sequel да биде ниво пред оригиналниот Film Club, туку дека ќе го надмине.
Па да почнеме!