FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
@Zlatikevichius рекордно најмала гледаност е ова??

Заврши стариот круг со мене, ама имаме нов член,иде после мене или во новиот круг последна ?
Имавме ситуација со форумот. Јас, а и сите кои се на Телеком со интернет не можеа да отворат форум од минатиот вторник, значи цели седум дена. Имало проблем со рутирањето, јас и не разбирам баш што значи тоа, но еве конечно е средено. Продолжуваме со Dead Man's Shoes до недела, 20.10. После ќе направиме мало прекршување на правилата за кое ќе ви кажам подоцна.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.057
Поени од реакции
6.715
Имавме ситуација со форумот. Јас, а и сите кои се на Телеком со интернет не можеа да отворат форум од минатиот вторник, значи цели седум дена. Имало проблем со рутирањето, јас и не разбирам баш што значи тоа, но еве конечно е средено. Продолжуваме со Dead Man's Shoes до недела, 20.10. После ќе направиме мало прекршување на правилата за кое ќе ви кажам подоцна.
И јас го имав истиот проблем, не можев со денови да се најавам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
Dead Man's Shoes

Филмов мене ме потсети на The Crow франшизата. Имавме еден Crow и во клубов, на почетокот, првиот, со Брендон Ли, кобниот за него. Буквално истата приказна е. И уште на почетокот на филмот, кога почнаа со тие флеш-бековите, претпоставував дека малиот е мртов. Во сцената кога брат му се соочи со Сони и кога му рече да се тргне на страна, а овој само замина малку подалеку, и иако го спомнаа, Сони не се ни заврте кон него, веќе бев 100% сигурен дека е мртов, и дека е само сенка која го следи брат му додека овој се одмаздуваше. Во поглед на приказната, да, болна, но не е ништо што не е веќе видено, па така, не ме запрепасти. Глумата беше на ниво. Сцените снимени надвор, исто ми се допаднаа, имаше некои убави кадри, но тие внатре - пре-shaky ми делуваше камерата, а тоа многу го мразам. И за крај, ептен ме разочара крајот. Што ако му даде нож на тој да го убие? Ако му беше до умирање, што не си направи нешто самиот на себеси, туку отиде да го мољака него за да му го зарие ножот. Малку без врска ми беше одлуката. Ќе беше појако да го кокнеше и него, и ко некој bad-ass да заминеше негде, или пак, уште појако - да се претвореше во гавран и да се испоставеше дека и он е мртов. :pos: 7/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
И за крај, ептен ме разочара крајот. Што ако му даде нож на тој да го убие? Ако му беше до умирање, што не си направи нешто самиот на себеси, туку отиде да го мољака него за да му го зарие ножот. Малку без врска ми беше одлуката.
Јас таа ситуација вака ја разбрав. Тој беше единствениот од бандата што излезе на прав пат. Се пресели, основа семејство и чесно работеше. И најважно, имаше грижа на совест за тоа што му го направиле на детето, за разлика од сите останати. Така за него поголема казна е да живее со убиството на осветникот, отколку да биде убиен. Иако малку наивна беше таа сцена, некако многу лесно го кандиса да го прободе со ножот.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.057
Поени од реакции
6.715
Јас таа ситуација вака ја разбрав. Тој беше единствениот од бандата што излезе на прав пат. Се пресели, основа семејство и чесно работеше. И најважно, имаше грижа на совест за тоа што му го направиле на детето, за разлика од сите останати. Така за него поголема казна е да живее со убиството на осветникот, отколку да биде убиен. Иако малку наивна беше таа сцена, некако многу лесно го кандиса да го прободе со ножот.
Хммм, дали е лесно? Флешбековите со децата ни укажуваа дека и не баш лесна. Му викаше дека не знае на што е способен и тогаш ги имаше флешбекоите со Ричард и децата негови, паааа доволно би било тоа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
97 филм, Dead Man's Shoes го гледаа само четворица (пак) и му дадоа средна оценка 7,0. Го испуштија: @Corvus , @Vlatko_Gjorce (прв неизгледан), @wot (втор неизгледан) и @devilko (трет неизгледан, он веќе се прости од нас, му посакуваме успех кај и да оди, со желба да ни се врати назад што поскоро).

Е сега вака:

Доаѓа крајот на годината. Доаѓа датумот кога беше основан клубот. Се ближи и 100-от филм. Се ближи време на одлуки, на преиспитувања на ставови... Затоа одлучив малку да ги прекршиме правилата (на тој начин ќе дадеме шанса и на @__Vita____ да може да предложи филм во кругов, секако, ако изгледа и напише рецензија за уште 2 филма). Како? На крајот од кругот одлучив да дадеме шанса на тројца поранешни членови кои не учествувале во кругот сепак да предложат филмови. Со тоа ќе ја зголемеме шареноликоста на предлозите, и ќе се навратиме назад на некои луѓе чии предлози како да ги подзаборавивме. Критериумот со кој ги избрав тројцата е бројот на изгледани филмови од почетокот на клубот до денес. Така, наредните 3 филма ќе ги предложат:

98 филм: @Хоуп (56 филма изгледани)
99 филм: @grande-juve (76 филма изгледани)
100 филм: @Anon (78 филма изгледани)

101 филм: @__Vita____ (ако изгледа уште минимум 2 филма од наредните 3)

Потоа ќе правиме што ќе правиме.

@Хоуп , повели, микрофонот е твој!
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
wow, rude.

Енивеј, за филмов имам јас некое поделено мислење. Ми почна некако чудно па не ме заинтересира ептен на почеток, после тоа кога почна овој да бедесува низ гратчево ми фати око, средината воглавно ми беше забавна. Малку ме потсети на Кил Бил со флешбековите и све тоа, ама мора па да спомнам дека ми беше до одреден степен too much. Ај овие кога го малтретираа ваму таму океј, ама на крај кога го однесоа кај што се самоуби ептен too much ми беше. Поприлично касно јас сфатив дека е починат братов, а може и подобро така, отприлика кај последниот дури кога стигна со вендетата. Мора да ја пофалам глумата на братов, јас не бев сигурна дали е стварно ретардиран актеров што глуми или ептен добро глуми ретардиран. Се на се, не беше филмов лош, и доста краток, кудос за тоа, и брзо помина, немаше некое непотребно влечење во приказната, ама од друга страна па не ми изгледа за ептен запамтлив, па за тоа му дадов некоја ни ваму ни таму оценка

6/10
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Јас пак решив да не ве давам со некои тешки филмови и пак одбрав забавен филм и исто мислам дека на сите ќе ви биде ок. Додека си листав што да ви предложам случајно го видов и се изненадив колку од вас не сте го гледале. Повелете и забавувајте се!
The Sting (1973)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Хммм, дали е лесно? Флешбековите со децата ни укажуваа дека и не баш лесна. Му викаше дека не знае на што е способен и тогаш ги имаше флешбекоите со Ричард и децата негови, паааа доволно би било тоа.
Да, но чиви беа флешбековите? И тоа за време на целиот филм.
Многу добар филм, дури и на репризата, иако кога веќе се знае крајот го нема истиот ефект. Ќе се обидам да го гледам уште еднаш, ако не ќе пишам од претходните гледања.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
The Sting 1973
Стара школа филм, гангстери, мафиози, трикови, интересни ликови, неочекувани дешавки, преваранти, полиција, корупција, одмазда, долгови и многу забава. Јас првиот пат кога го гледав имав многу ниски очекувања пошто не сум баш некој голем љубител на гангстери и пукања по улици, ама пријатно се изненадив и без разлика дали е некој фан на драма или хорор или акција или романтика или ништо од ова или било што друго, никој нема да се пожали од добра забава. И вториот пат мене ми беше преинтересно пошто го имав заборавено текот сосема, скоро и како прв пат да го гледав. Жалосно што нема веќе ваква актерска екипа ни ваква атмосфера. Со друштвото што го гледав еден ми рече се знаев дека ќе се деси така, очекувано ептен ми беше се, добар филм ама предвидлив. Јас сепак тоа ќе го препишам на предрасудите за старите филмови зошто мене и втор пат филмот ме измами. Најдобро е да се гледа без никакви очекувања, ете на некој му е предвидлив на некој не, на крај краева е филм да не речам со култен статус и не се губи ништо ако се погледа.



Освен дека е добитник на оскар за најдобар филм и уште плус други 6 добиени оскари и вкупно 10 номинации, еве уште неколку fun facts за филмов.
* Robert Redford didn’t watch the movie until 2004.
* The diner they used was the same diner that would later be used in Back to the Future.
* Jack Nicholson turned down the same role that Robert Redford assumed.
* The costume designer won an Academy award for her part in the film.
* This was the only film that Robert Redford starred in without receiving an Academy award nomination.
И еден fun fact за мене, ми дојде флеш дека вака фалев некој друг филм мој, па после и за уште еден се сетив и најмалце три филмови имам фалено вака со оскарите и испаѓа демек бирам нешто ауу со оскари со глупости, иако оскарот никакво мерило за квалитет не е, напротив. Сосема случајно испаднало јас и академијата за неколку филмови да имаме ист вкус и јас дури сега кога ги дадов за предлог уствари и видов дека се наградени.​
8/10
ps:насловот ќе го смените?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom