Додека чекам да ми се симне The Boss Baby ми се отвори window да пишам тука за филмов. Прашање е само што да пишам. Анон вика нема што да пишеш, се е пишано.... па ај си реков да им кажам дека тарантулите не плетат мрежа да им се најде за во иднина да не прават паралели за тарантули и мрежи. Ама после па си реков Глеј никој не ги објаснил очигледните плотхоли во филмов, вот не читај понатака пред да ти го расипам со библиски метафори :*
Искрено да ви кажам, покрај тоа што многумина низ годиниве ми го имаат препорачано филмов, и сите тие ми го имаат препорачано со таков ентузијазам и импресија мислев дека easily ќе му ставам 10, instead му ставив 8ца зашто ептен имав underwhelming чувство по гледањето, тоа никогаш не е добро за филм, особено за ваков филм. Фајкла за сиромашни беше коментарот што го имав откако го изгледав. Само што Фајкла успеа да deliver за билдапот, а овој не. Не знам, знаете не можам да се вадам сега на работи како еј имаше плотхолс, НЕ СМЕЕ ВАКОВ ФИЛМ ДА ИМА ПЛОТХОЛС, ама па и Фајкла има плотхолс и пак му иам шибнато 10ка, затоа воопшто и не сакам да навлегувам во сето тоа што немаше логика. На крај се се сведува на тоа дали филмот предзивикал кај мене тоа што требало да предизвика. Фајкла ме преврти од ум, овој не. Може и затоашто упорно ми кажуваа дека нема да го сфатам, и како што се случува секогаш кога ми го кажуваат тоа, го сфатив prematurely. Памтам дека истото ми се случи и со Мементо, не е прашање на паметност, прашање е на спремност, и истата таа спремност е куршум у глава за овие филмови.
Кога станува збор за плотот, реков дека нема да навлегувам ама сакам да спомнам некои работи што ми немаа смисла. Прво преголема улога имаше жена му, преку која што ние го следевме филмот. Единствен лик на којшто му верува гледачот додека го гледа филмот е жената на Антони/Даниел како год. Таа е риалити чекот на филмот. И кога имаш reality check character во филм во којшто не знаеш на што си, барем не го ставај во толку интимна врска со главниот лик. Колку само идиотски ми беше фактот што филмот раскажува за жена којашто е омажена и трудна од човек со double personality И НЕ Е СВЕСНА ЗА ТОА! Па оди таму на факултетот па се чуди као леле Даниел овој личи исто како тебе, дафак? Тоа беше клучна сцена да те наведе на некој погрешен пат зашто имаш лик од страна што ти кажува дека се работи за двајца различни луѓе, ама сето тоа makes 0 sense зашто таа ако е во брак со поделена личност, би го знаела тоа. И на крај сфаќаш дека се што правела личноста преку која ти си го следел филмот, нема смисла. А за симболиката со пајакот толку сеедно ми беше, што на крај последната сцена коа заврши бев во некој И шо сеа? муд. Крајна импресија за филмов е дека сака да биде нешто, ама не знае како. Sucker сум јас за вакви идеи па на пристрасност и му ја дадов оценката што му ја дадов, зашто вистински ме заинтригира филмов, ме заинтересира, ме држеше стабилно низ сите 91 минути што ги гледав и во глобала е и повеќе од солиден филм.