- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 15.102
- Поени од реакции
- 37.559
Немав време бе, си пишав погоре. Морав што е можно побрзо, за да не ме чекате.Ме плени со презентацијата на филмов. Просто сум трогнат.
Немав време бе, си пишав погоре. Морав што е можно побрзо, за да не ме чекате.Ме плени со презентацијата на филмов. Просто сум трогнат.
Само лошо ќе се направи на филмот ако се презентираМе плени со презентацијата на филмов. Просто сум трогнат.
WB!Enemy (2013)
-Chaos is order yet undeciphered-
И јас филмов прв пат го гледав кога демек почнав да гледам "посериозни" филмови и кога бев во потрага по филмови што ќе ми се фатат за душа.. И ми се фати за душа.
Не дека нешто разбрав, не се ни сеќавам дали сум го мозгала на некој мој начин да го дешифрирам и како сум го дешифрирала, сега после второто гледање веќе имав изначитано се за него и сега се фрлив само на уживање. За приказната и цела таа симболика сте кажале, кажале многу, сме прочитале, сега демек јасно ни е и немам што да додадам пошто немав простор овој пат сама да го истражувам филмов, затоа што си поврзував делчиња за да фатам логика на се она што сум прочитала и такво ми беше дружењето овој пат со него, штета што не сум пишала нешто тогаш под првите импресии, затоа што јас сум убедена дека секој филм, без разлика дали е метафоричен, симболичен, со порака, или авторот сакал да каже нешто, најправилно е кога е слободно интерпретиран и кога секој еден гледач ќе си направи свое сценарио, сите се точни и се така е, не постои никаква вистина за филмот, сите вистини се точни
Атмосферата е онаква анксиозна, мрачна, депресивна, погодена.. Те прави да се осеќаш непријатно во сопствена кожа, исто како што се осеќа и главниот лик во својата, а музиката главен фактор за да ти го направи целото искуство вознемирувачко, може пак за година дена ќе заборавам што се дешавало во филмот, нема да се сетам дали финтата била со пајак или стоногалка, ама ќе се сетам на чувствата што ги разбудил кај мене филмов, онака во пакет заедно со се, исто како што се сетив сега на тоа после неколку години...
Читав дека прво улогава била понудена на Бејл, ама не му одговарал терминот на снимање. Јас лично си ги сакам и Бејл и Џејк, па може сега да ги видам заедно во еден ваков филм, нема да се бунам... : ))
И се извинувам што толку ве паузирам, ама таман да гледам еден филм веќе му завршил терминот, еве ќе гледам сега со овој да ве дружам повеќе и да гледам малку по малку од она што ми е пропуштено.
8/10 за овој филм.
Ате така, добро е. Ова сакав да го пишам.Кога загинува Ентони во сообраќајката на шофершајбата имаше мрежа.Тука Адам ја победува војната во потсвеста и го брка негативното од него т.е Ентони и се посветува само на жена му.
Крајната fucked up сцена е кога Адам го наоѓа клучот од секс клубот, паѓа во искушение и одма одлучува дека ќе оди. И тоа значи последната сцена со пајакот. Пајакот е жена му. Ентони is back on stage.
Кои бои, една боја, тмурно жута ебоите
Дали се обиде да го преведеш WTF и КК е тоа што мислам?Го постигнува оној WTF (КК) момент
Enemy (2013)
Обично пишувам мислење веднаш откако ќе го гледам предложениот филм. За овој си реков, да го оставам да слегне, за да можам да му ги испофаќам нишките. И што повеќе се трудам да го отплеткам, тоа се повеќе ми се заплеткува. Очигледно е дека авторот сакал да направи филм отворен за слободно толкување, повеќезначен, но малку повеќе ги исплеткал работите, па можни се многу делумни интерпретации на значењата.
Филмот може да се следи линеарно и функционира и така иако на тој начин не дава одговор на повеќе прашања. Но повеќе од јасно е дека дејствието не е прикажано линеарно туку е фрагментирано. Скинатата фотографија, телефонските повици и коментарот за боровинките од мајката се директни показатели за тоа. Реакциите на ликовите исто така укажуваат дека работите не се такви како што ги прикажува линеарниот тек. Има и други индиректни, но тие се повеќе навестувања кои може и поинаку да се толкуваат. За жал овие показатели доаѓаат кој крајот на филмот. Бо првата половина воопшто не се прикажани „правилата на игра“ како што е тоа во други филмови од овој тип, а со тоа и не се оправдуваат необичните постапки на ликовите. Тоа му овозможува на авторот полесно да го манипулира гледачот. Откако истите ќе се воспостават, доцна е за враќање наназад и барање на вистинската интерпретација. Затоа што со новиот поглед на работите, поставените постулати веќе наголемо чкрипат. Делчињата од слагалката веќе се измешани а веќе не знаеме која слика треба да ја составиме.
Кој е вистинскиот а кој е измислениот-потсвесниот-поделениот? Логиката вика дека професорот треба да е вистинскиот/првичниот. Затоа што не можеш да станеш професор по историја на факултет затоа што така ти дувнало едно утро. А имаме и објективен показател дека навистина е професор, постои на веб страницата на факултетот. Од друга па страна, ако одлепиш лесно можеш како актер да се пријавиш во агенција. Но и тој е исто така одамна присутен, бил статист во дури три филма, кои се достапни за изнајмување. Плус жена му го знае како актер, професорот и е непознат. Актерот е тој што сака боровинки, тоа го знае и мајка му, професорот не ги сака. Значи филмот вели дека професорот е „новиот“. Која нишка и да ја фатиме, се замрсува. Не можат да се одредат почетокот и крајот. Можат само да се следат до некаде и потоа да се смени правецот.
Ако ова го прифатиме, тогаш филмот е одличен. Го постигнува оној WTF (КК) момент, затоа што делува убедливо. Отвора простор за најразлични интерпретации. Ако не го прифатиме, тогаш станува нелогично претенциозно дело од типот сакам кажам не знам речам. Се зависи од точката на гледање, којашто и филмот не ја одредува туку вели одберете си ја. Јас одбрав да не прифатам.
Ми пречеше и тој постапокалиптичен колорит, како и отсутноста на туѓо присуство во филмот. Беа во вистинска функција на постигнување на атмосферата на филмот и на состојбата во која беше ликот, но не ми се допаѓаа. Премногу надреално изгледаа, уште една нота која треба да му даде уметничка тежина на филмот. За разлика пак музиката беше одлично вклопена.
Режисерот го постигнал тоа што сакал да го направи. Но јас не добив задоволителен филм.
6/10
Ништо не се деси?и што беше со филмот. бавен безвезален. што се деси ништо не се деси.
3/10