Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Интересен е The Death Of Stalin, или е чисто америчка спрдња колку да се налутат русиве? Вреди да се ѕирне или не? :icon_mrgr:
На мене ми беше интересна сатира со стварно добар хумор на моменти. Секако американизирано, али па и тоа го заслужува режимот на Сталин. Но сепак, мислам дека е забранет филмов во Русија :D
 
Интересен е The Death Of Stalin, или е чисто америчка спрдња колку да се налутат русиве? Вреди да се ѕирне или не? :icon_mrgr:
Британски е. Или поточно - француско-британско-белгиска копродукција. Нема ништо американско во него.
 
Спрдња е, два пати дали се насмеав, најдобра сцена беше таа на концертот на почеток. Иначе Daddy's Home 2 просек. Полош комичар од Мел Гибсон не сум видел. Време е више Дејвид Спејд, Роб Шнајдер и Хепи Гилмор да снимат нов филм, уште од grown ups двојката немам саглам комедија изгледано.
 
Време е више Дејвид Спејд, Роб Шнајдер и Хепи Гилмор да снимат нов филм, уште од grown ups двојката немам саглам комедија изгледано.

Ти ова сериозно го мислиш...:unsure:

Инаку The Ridiculous 6 ти е со овие погоре што ги наброја.... глупости на кило.
 
Ти ова сериозно го мислиш...:unsure:

Инаку The Ridiculous 6 ти е со овие погоре што ги наброја.... глупости на кило.

1510042718143
 
Ептен негативни критики за Insidious: The last Key. Го ѕирна некој?
 
Дури го гледав The shape of water имав чувство како да сум забегал во creepy секцијата со видеа на Pornhub.

Вчера си го репризирав The Shawshank Redemption и после такво нешто, такво ремек дело, после завршетокот на филмот човек не може а да не размислува за целата приказна со денови. Тоа за мене е филмска величина и приказна во вистинска смисла на зборот.Кога велам ремек дело не се водам од рејтинзи туку гледам да бидам објективен, и не ме интересира дека двата филма немаат никаква допирна точка, друга ми е поентата.
Филмов веројатно ќе лапне некој оскар, со оглед на бројот на номинации и сега поентата. Колку само филмишта од минатото не добиле оскар, некои не биле ни номинирани а подоцна станале култни. И сега ова срање ќе добие оскар/и? Оскарите по мене не се меродавни за квалитетот на филмот, ако некогаш воопшто и биле ондак последниве неколку годнини се дно.
Филмот си има светли моменти, нарочито глумата ама пак приказната која режисерот се обидува да ја долови е во голема мера скарана со логиката. Тоа што филмот е фантазија никако не го оправдува тој недостаток. Предвидлив глуп завршеток што до некаде и не може да се замери многу пошто филмот е романса а обично романсите имаат таков црн/бел крај.
Некаде прочитав дека креаторот на делово бил и еден од сценаристите на Хобитот, така да не е ни чудо што таква епска приказна успеале да ја усерат во три продолженија.

Да не филозофирам премногу мене лично филмот не ми се допадна. Можеби пропуштам нешто оти гледам доста позитивни критики, а јас лично сум далеку од компетентен да критикувам пошто моите знаења поврзани со кинематографијата се ептен скромни. Но вака, од позиција на рандом гледач не сум импресиониран. Обидот за неконвенционална романтична приказна измешана со шокантни сцени кои ни напушен не би ми дошле на памет, не го прават филмот ништо посебно, а уште помалку надокнадуваат за отсуството на бројни елементи, пред се добра приказна. За нелогичностите да не правам ни муабет.
Можеби ја пропуштам поентата, не знам.
 
Последно уредено:
Само што го изгледав The Shape of the Water...
На натпревар помеѓу Охрид и Влазними сум се забавувал повеќе.
Умрев од досада, а моментот кога ја отепаа мачката си реков е тоа е тоа, да ти ебам филм и све да ти ебам мрш таму.
 
Ednas i ja da se soglasam so metata.

The Square (y)

Sorry dzimay, we had a good run.
Ова ти е коментар во афект, сигурно со ладна глава не би го пишал коментаров :(
А од друга страна, знам дека се палиш на претенциозни европски срања така што не можам против тоа :(
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Дечки, со особено задоволство би сакал да го означам почетокот на процесот за номинирање за третите по ред (неофицијално четврти) годишни Кајгана Филмски Награди, за 2017. Ви го спремив формуларот, секој член може да предложува кои да бидат номинирани во 15-те категории кои традиционално ги имаме. Малку ја олеснив работата, со тоа што ви дадов насоки што би можеле да предложувате за номинација, но тоа не значи дека не можете да одберете нешто што не сум ставил како избор. Во секое прашање имате Other опција на крајот од прашањето, каде наместо било кој филм од листата можете да одберете друг, кој го нема на листата. Доколку било што не ви е јасно, слободно можете да ме прашате.

Процесот на номинирање ќе трае минимум 1 недела, значи првично имате време до 11.03.2018, 20:00 часот. Потоа ќе бидат сумирани резултатите, и ќе бидат објавени номинациите, во посебна тема. Одпосле ќе се гласа кој е најдобриот во секоја категорија.

Еве го ФОРМУЛАРОТ. Бујрум!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom