FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.127
Поени од реакции
34.963
WITHNAIL & I

Конечно и јас најдов време за филмов. Кога ви ги видов оценките, искрено очекував нешто како 24 Hour Party People или тој еден друг британски што го имавме во Клубов, со Бенедикт Кумбербах и дека ќе се досадувам до бесвест, но сосема поинаков филм гледав: забавен, со добар хумор и добра глума. Сосема ОК филмче. Имаше сцени каде се згазив од смеење, како на пример со кокошката, или со Монти ко му се пушташе на Ај, или со бикот. :pos: Последната сцена, кога се разделија, навистина остава без здив, особено монологот на Витнејл на крај. Се на се - интересен филм, убав. Далеку од другите 2 кои ги спомнав погоре. 7/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Gilda (1946)

They don't make them like they used to.

После повторно гледање на филмот после пет години, сеуште е одличен како првиот пат. Иако е категоризиран како film-noir, сепак според мене му фалат некои аспекти за да биде класичен film-noir, но тоа не го намалува квалитетот на филмот воопшто.
Приказната е солидна: американец комарџија кој животот го доведеува до Аргентина и пробивајќи се низ подземјето налетува на неговата поранешна љубов од Америка, and things start to go south from there.
За Рита Хејворт и нејзиниот лик во филмов може да се напише цела дисертација. Одлична изведба која не остава никого рамнодушен. Сеуште си ја слушам од време на време Put the blame on Mame. Глен форд ми е еден од поомилените глумци од тој период и овде си е одличен.
Им го препорачувам на сите обожаватели на класични филмови, film-noirs, Рита Хејворт или сите што сакаат да гледаат одличен филм.
Благодарност што се предложи во клубов, па добив можност да го изгледам пак.

Од мене добива силна 8/10, што лесно во иднина може да стане и 9.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
166
Поени од реакции
769
Изгледана уште пред неколку дена, Гилда и понатаму продолжува да ме прогонува. Случајноста ќе ја сфатам како знак дека е време да споделам импресии.

Да имам 15% од самодовербата на Гилда, кај ли ќе ми е крајот? И покрај тоа што за мене Софија Лорен останува најубавата жена:pipi:, сѐ уште не можам да се доначудам на магнетната појава и дозираната кокетност на Рита. Поголем впечаток од нејзината изведба ми оставија само дијалозите, со нетрпение ја исчекував секоја наредна реплика. Каква игра на суети, бркотница на мачка и глушец каде улогите постојано се менуваат. И Пио<3 во средина како медијатор и глас на разумот.

Ааамммааа...

Буквално последната минута ми расипа сѐ. Разбирам, фатализмот мора да ја одигра својата функција, но Гилда заслужува подобар крај од ова. 7ка
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.333
Поени од реакции
885
Gilda (1946)

Филм со Рита Хејворт .ликот и делото на оваа селебрети го мислам го иам анализирано претходно холивудска као звезда.,кафанска певачица филмот капитилистичко опшество казина дрога алхохол кафиќи коцка пороци .шоу со пари каоа забава као јакаа женска сите ја гледат му се восхитуваат ,зад себе има 5 брака ама неславо заврши нешто со алхохол и некоја болес доби .има и некоја уметницка димензиа филмо не е само благица павловска певаљка.:)
ocena 7
сличен филм е од овај период и the
The Great Sinner
1949
 
Последно уредено:

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.232
Поени од реакции
57.017
Го глеав уште минатата недела ама ме мрзеше да хејтам, ме мрзи и сега.

Не можам црно-бели филмови да гледам и тоа милион пати сум го кажал. Не ми се интересни, не ме привлекуваат, не ме предизвикуваат, поготово па овие старовремскиве каде и глумата е да не речам за нигде, извештачена и неприродна. Треба да е нешто стварно многу јако за да ми се засвиѓа и да ме држи заинтересиран.

Не е крив филмов јеби га, put the blame on (ma)me.

5ка оценка.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.732
Поени од реакции
2.551
Гилда (1946)

Ова е еден од класиците од четириесеттите, со неповторливите Хејворт и Форд. Одлични ликови, одлично сценарио со неверојатно осмислени реплики. Треба да ги прогуглам сценаристиве, да видам што друго имаат напишано.
Јасно ни беше уште веднаш дека двајцава се знаат и имаат заедничко минато, но јасно им беше и на ликовите. Не ги направија наивни за да не го гледаат очигледното, како што знае да е случај во доста филмови од минатото, а и од денешниве.
Прекрасни беа и песните, иако можеби последната изведба беше премногу.

Некој може ќе рече потсетува на Казабланка, друг ќе рече ликот на Гилда е самата Рита.

Малку и наместени делуваа средбата на почетокот и потерата до аеродромот, а без нив немаше да ја имаме приказната.

Би рекол, треба да е задолжителна лектира.

8/10
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.368
Поени од реакции
28.161
Gilda (1946)

Да пишуваш рецензија после мунгус нема никаква поента. Поготово кога се што сакаш да кажеш го има доловено на поубав начин. Океј освен можеби песните, кои не ме воодушевија нешто премногу (освен Put The Blame on Mame) ама како целина филмчево е топење. Сценава беше... :love: сакав да бидам тука.


Ликовите си беа скроз погодени, а глумата типична за тоа време и мене ми се допадна.
Once again, клубов го уживам ради вакви филмови. На своја рака никогаш не би ги пуштил, а уживам во нив.

9/10
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.104
Поени од реакции
8.170
Го глеав уште минатата недела ама ме мрзеше да хејтам, ме мрзи и сега.

Не можам црно-бели филмови да гледам и тоа милион пати сум го кажал. Не ми се интересни, не ме привлекуваат, не ме предизвикуваат, поготово па овие старовремскиве каде и глумата е да не речам за нигде, извештачена и неприродна. Треба да е нешто стварно многу јако за да ми се засвиѓа и да ме држи заинтересиран.

Не е крив филмов јеби га, put the blame on (ma)me.

5ка оценка.
Да те кова тетка ми

1661704373302.png






За Гилда, Глен го возеше цел филм му еб.м тоа глумчиштето 96% оцена од мене
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.573
Поени од реакции
34.969
8/10 (за Злате)

Утре ќе пишам детали за фаталната жена на сите времиња.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Gilda (1946)

Гилда е класичен спој на протагонизмот и на антагонизмот во едно.

Филмот нема скриени пораки, истите јасно се манифестираа преку философијата на Ото: оnly frustrated people smoke too much. Only lonely people are frustrated. Нејзината изразена арогантност (кон Џони) и доста динамичен живот воопшто не ми се допаднаа, и затоа одиме кон: аll bad things end up lonely (little one).

Очекував Џони да излезе од школката, од твојот тврдокорен став и карактер и по сета таа креативна строгост која ја одведе до извесна самоизолација поткрепена од меѓусебната омраза, и по нејзината евидентна желба за внимание, да има пресврт и да просведочиме љубовна епопеја на самиот крајот. Мислам дека можеше до подобар крај.

Глумата на Рита беше фантастична, но дали самата (Гилда) е дефиниција за женственоста? Ноуп.

Сакам филмчиња од златната ера на Холивуд, ми се допаѓа глумата, мултиталентираноста на најголемиот дел од глумците од тој период, џез атмосферата зачинета со настап на некоја џез дива, некомплексноста на приказните, лесниот наратив, па и неинтензивираноста на политичките мотиви. Приказната сама те вози. 7
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.481
Поени од реакции
7.304
Џабе пишувам кога не пишувам максимум неколку дена после гледање на филмот, ама искрено ме мрзеше.

Withnail & I

Доста смешни ситуации, јака хемија меѓу двајцата, луд вујко или што и да беше, мало британско местенце со тмурно време и многу убав крај. 8ца и после репризата.


Gilda

При крај малку изгуби динамика, ама до тогаш беше оштар ко нож, посебно сценариото кое беше уживање, заедно со хемијата, песните и Рита. 8ца и после репризата.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.127
Поени од реакции
34.963
@devilko , @Gazpapir , @Corvus (со оценка со се, иако е твој предлог :love:), @Anon , @Violetova , @__Vita____ , @Shutmanga , @Erich Zann - имате уште еден саат за Гилда. Јас морав да го испуштам, имам оправдание :sramezliv:. Ќе го гледам најбрзо што можам, ветувам.

После тој еден саат, it's @Anon 's turn. Има време до утре вечер до 20:00 да пише кој е неговиот предлог, ако не, јас ќе ви кажам.

Добра ноќ и слатки сништа. Јас се одјавувам. :P
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Gilda

First things first:


Колку е јака сценава од 1 до сценава?
Сценава.

Можам докторска дисертација да напишам за овие три минути од филмот, од говор на тело, преку дијалог, до гримаси и гласовна интонација. Не случајно ми е омилената сцена од сите филмови секогаш. Но нема сега тоа да го правам зашто искрено сцената сама за себе зборува.

Гилда. Кога се дискутира за некаков presence, секогаш мислите ми одат кон Гилда. Нема сцена што не ја украде и дијалог што не го издоминира. Фем фатал над сите фем фатали, алфа и омега на тоа што една жена треба да биде, и поим за интимидација. Сите погледи и потези би и ги украла, се што е таа, би била јас. Додека крадев од неа заборавив дека треба да застанам кај сентименталноста, затоашто нејзината пропаст за малку ќе беше предизвикана од тоа колку таа го сакаше Џони. Џони секако, не заслужи да биде сакан од жена како Гилда, но за тоа подоцна. Гилда е олицетворение на се она што модерните феминистки го мразат, а тоа за мене е таман па доволно да ја воспевам до бесконечноста и назад. Додека зборуваме за Гилда, не може да ја заборавиме и жената што и вдахна душа - Рита Хејворт. Несомнено една од, ако не и најубавата жена во Холивуд, единствената причина што ја немам досега објавено во темата наменета за тоа, е што не сакав да ја спојлам пред да го предложам филмов. Рита е нешто што нема никогаш да му се повтори на Холивуд. Сите денес можат да бидат згодни и убави, да научат да глумат, и да рецитираат линии. Но не секоја може да има таква харизма, шарм, и присуство какви што на Рита и се, претпоставувам, вродени. Тоа не се глуми, или го имаш, или го немаш, а денес се помалку го гледаме. Рита е неповторлив коктел на физичка убавина, самодоверба, и харизма и ќе умрам на овој рид ако треба. Секој поглед и потег измерен и пресметан, а истовремено толку природен и спонтан. Воопшто не изненадува фактот што никој не знае каде завршува Гилда, а каде започнува Рита. А тоа ме носи до друг ролмодел - Џесика Рабит. Рита е Џесика Рабит онолку колку што Хенри Кавил е Џејмс Бонд односно Гилда е Џесика Рабит, онолку колку што Наполеон Соло е Џејмс Бонд. Не знам колку од вас го разбраа ова ама не ми е гајле, морав да го споделам овој хот тејк. Она што не ми се свиѓаше кај Гилда сепак, е нејзината гореспомената сентименталност. Колку и да беше бедес, колку и да беше фатална и опасна, никогаш не избега од канџите на Џони, му го остави задоволството да ја малтретира и казнува, а тоа е големо но-но за вакви скоро па совршени ликови, јас да се прашував на крај ќе ги испуцаше и двајцата или ќе ги предадеше на симпатичниот детектив што делеше животни совети наоколу. Но, ќе замижиме малку на двете очи и ќе речеме дека несовршеностите во ликот се дел од нејзиниот шарм. Уживав во сцените со неа, уживав да ја гледам, и го мразев Џони со цело битие. Тоа е влијанието на Рита врз мене, симп сум, признавам.

Мажите. Нема да спомнувам мажи што не вреди да се спомнуваат, затоа еден шаутаут до симпатичниот детектив и грижливиот Ото. You the real MVPs.

Приказна. Се е кажано, голем дел од споредните ликови потсетуваат на голем дел од споредните ликови во Казабланка. А и самиот сетинг и приказна не се многу далеку од тоа. Последната сцена мене ми вришти на Казабланка. Углави малку на крај стварно со оној адвокатот во Монтевидео.

Музика. Put the blame on Mame и Amado Mio се песни што ги знам многу порано од филмот и бев скоро па шокирана кога сфатив дека оригинално потекнуваат од тука. Тоа само додаде на мојата импресија.

Што заборавив? Костими. Нема тука збор за аутфитите на Гилда, далеку попаметни луѓе од мене имаат кажано многу повеќе, особено за црниот фустан што го носеше кога ја изведуваше Put the blame on Mame, кој е инспириран од Портретот на Мадам Х, за којашто сосем случајно ме заинтригира една статија пред некое време и којашто и самата била заводничка и срцкршачка во високите паришки друштва пред многу години.

За крај, или барем за оние што издржаа да ја прочитаат до крај оваа турлитава од зборови такоречи рецензија, фала ви што ми го изгледавте предлогот, и што издвоивте 2 часа од вашиот распоред да ме испочитувате, appreciate it a lot <3

9/10

А, да. Сакав ова да го споделам со вас, уживајте!



Johnny is such a hard name to remember and so easy to forget.
 
Член од
18 март 2019
Мислења
437
Поени од реакции
1.981
Gilda

Иам неколку вакви Film-Noir гледано, сите предложени од филм клубов. Претходно мислев дека не би можел да доседам ваков филм, но кај сите до сега нешто ме привлекло и ми оставиле океј впечаток. Посебно ми се свиѓа "невиноста" во глумата од тој период, сценаријата не се ист калап како филмовите кои излегуваат денес, а и нема непотребни ефекти кои ужасно ми сметаат.

Кај "Gilda", самата приказна ме привлече уште од самиот почеток, но не очекував дека ќе замина во овој правец. Многу брзо се одвиваше дејството па после некое време стана провидно што ќе се слулува. Тоа и крајот ми беа мех за да неам компелтно добра пловидба низ филмот. За Rita Hayworth, иако појма неам која е, морам да се сложам дека пленеше со харизма и беше вистинско уживање да се гледа на екранот. А и ликов на Gilda беше ептен badass. Покрај тоа што ја имаше улогата на полу-антагонист требаше да има подобар крај.

Не знам се мислам меѓу 6.5 и 7, ама не можам да дадам 7, бидејќи толку сум давал на филмови што ми биле стварно добри и ми оставиле многу подлабок впечаток од овој. Така да нека тера со 6,5.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom