FILM CLUB (КРУГ 5) (201. The Dreamers: 16.09-29.09.2024)

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.484
Филмов е ок се дур не се качат во возот и стигнат во логорот. После Гвидо кога ќе му рече на детево ова е игра, детево ќе му рече е да бе ти мене будала ќе ме правиш и ќе си легнат, другиот ден детето ќе го истушираат, Гвидо ќе поработи па ќе го истушираат и него, мајкава ќе се спаси и ќе иде дома да се бања да ги исчисти лошите спомени од неа и оп пресврт, сапунот што ќе се бања со него ќе биде Гвидо. Цел живот ќе мокри во сон и ќе живее со трауми и ќе умре како полулуда осамена старица, сама во некоја социјална барака и по 10 дена ќе и го најдат телото.

Сурова реалност, тоа е. Нема бајки нема дворски шутови нема оптимизам ни хумор. И филмов ќе се викаше Животот не е фер и на постерот ќе имаше умрено бебе во јама. Животот е таков и кога се работи за сериозна ситуација каде 90% се шансите утре жив да те запалат, мораш по секоја цена да седнеш и да очајуваш, да плачеш над судбината што те снашла и до моментот дури да умреш да им кажуваш на сите, на деца, на роднини, на случајни минувачи дека ќе умреш и ќе умрат и тие..

И Шиндлеровата листа никогаш не би била листа без некој да се впише во неа, а се пишувале луѓе, се бореле да влезат во неа, а како може воопшто да помислат да се борат за некоја смотана листа кога веќе се во логорот? Наместо да седнат и да очајуваат се фатиле за некоја листа да се замараат. Бајки.

Има уште еден ваков филм, за еден евреин што ги лаже другите дека има радио и секој ден слуша дека војната е при крај (а за поседување радио, се добива казна стрелање ) само за да им ја одржува надежта и вољата за живот, затоа што човекот умира тогаш кога ќе прекине да се бори да преживее. А нашиов филм е ремек дело затоа што без разлика на се, животот е убав и вреди да се бориш за него. Како знаеш и умееш. Со дебилизам, со фантазија, со бајка и со бегање од реалноста. Битно, надежта да не ја убиваш :icon_mrgr:

Еве го тој со радиото, вториот е римејк, ама мене и тој ми беше добар.
Jacob the Liar (1974)
Jakob the Liar (1999)
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Филмов е ок се дур не се качат во возот и стигнат во логорот. После Гвидо кога ќе му рече на детево ова е игра, детево ќе му рече е да бе ти мене будала ќе ме правиш и ќе си легнат, другиот ден детето ќе го истушираат, Гвидо ќе поработи па ќе го истушираат и него, мајкава ќе се спаси и ќе иде дома да се бања да ги исчисти лошите спомени од неа и оп пресврт, сапунот што ќе се бања со него ќе биде Гвидо. Цел живот ќе мокри во сон и ќе живее со трауми и ќе умре како полулуда осамена старица, сама во некоја социјална барака и по 10 дена ќе и го најдат телото.

Сурова реалност, тоа е. Нема бајки нема дворски шутови нема оптимизам ни хумор. И филмов ќе се викаше Животот не е фер и на постерот ќе имаше умрено бебе во јама. Животот е таков и кога се работи за сериозна ситуација каде 90% се шансите утре жив да те запалат, мораш по секоја цена да седнеш и да очајуваш, да плачеш над судбината што те снашла и до моментот дури да умреш да им кажуваш на сите, на деца, на роднини, на случајни минувачи дека ќе умреш и ќе умрат и тие..

И Шиндлеровата листа никогаш не би била листа без некој да се впише во неа, а се пишувале луѓе, се бореле да влезат во неа, а како може воопшто да помислат да се борат за некоја смотана листа кога веќе се во логорот? Наместо да седнат и да очајуваат се фатиле за некоја листа да се замараат. Бајки.

Има уште еден ваков филм, за еден евреин што ги лаже другите дека има радио и секој ден слуша дека војната е при крај (а за поседување радио, се добива казна стрелање ) само за да им ја одржува надежта и вољата за живот, затоа што човекот умира тогаш кога ќе прекине да се бори да преживее. А нашиов филм е ремек дело затоа што без разлика на се, животот е убав и вреди да се бориш за него. Како знаеш и умееш. Со дебилизам, со фантазија, со бајка и со бегање од реалноста. Битно, надежта да не ја убиваш :icon_mrgr:

Еве го тој со радиото, вториот е римејк, ама мене и тој ми беше добар.
Jacob the Liar (1974)
Jakob the Liar (1999)
Тие штo се тепaa дa бидaт нa листaтa нa Шиндлер имaa шaнсa зa живoт, се бoреa зa живoт a не глумеa клoвнoви. Живoтoт е убaв тoчнo, кaквa шaнсa зa живoт имa Гвидo и зoштo прaви будaлa oд себе? Знaм зa дa не гo рaстaжи син му и дa не му јa кaже сурoвaтa вистинa. Другo?
Ете тoa е тoa штo ме нервирa вo филмoв, без пoтребa се глупирa и тoa гo сметaaт зa нештo wow. Негoвoтo глупирaње му гo спaси живoтoт? Бидејќи луѓетo нa Шиндлер беa спaсени.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.873
Поени од реакции
6.050
Тие штo се тепaa дa бидaт нa листaтa нa Шиндлер имaa шaнсa зa живoт, се бoреa зa живoт a не глумеa клoвнoви. Живoтoт е убaв тoчнo, кaквa шaнсa зa живoт имa Гвидo и зoштo прaви будaлa oд себе? Знaм зa дa не гo рaстaжи син му и дa не му јa кaже сурoвaтa вистинa. Другo?
Ете тoa е тoa штo ме нервирa вo филмoв, без пoтребa се глупирa и тoa гo сметaaт зa нештo wow. Негoвoтo глупирaње му гo спaси живoтoт? Бидејќи луѓетo нa Шиндлер беa спaсени.
Го спаси животот на син му, за разлика од животите на другите деца кои ги направиа сапун. И сето тоа го направи на таков начин да син му ниту осети дека е во војна, ниту па да има трауми после во животот.
И као демек ова само се дешава на филм, а во реалниот живот се им кажуваат на децата. Јас немам до сега слушнато и видено од некои нормални родители да му рекле на детето малечко дека немаат за леб, дека се отепуваат од работа, дека се вараат меѓу себе, дека се пред развод... секогаш проблемите ги криеле од нас, а доколку не ги криеле, тоа дете има трауми кои ги влече понатаму во целиот живот.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Го спаси животот на син му, за разлика од животите на другите деца кои ги направиа сапун. И сето тоа го направи на таков начин да син му ниту осети дека е во војна, ниту па да има трауми после во животот.
И као демек ова само се дешава на филм, а во реалниот живот се им кажуваат на децата. Јас немам до сега слушнато и видено од некои нормални родители да му рекле на детето малечко дека немаат за леб, дека се отепуваат од работа, дека се вараат меѓу себе, дека се пред развод... секогаш проблемите ги криеле од нас, а доколку не ги криеле, тоа дете има трауми кои ги влече понатаму во целиот живот.
Па глупи тие другите што не глумеа кловнови и не си ги забавуваа децата. И тие што не влегоа на листата на Шиндлер исто глупи, наместо да земат да играат карти, шах, нешто да се смеат, тие ништо. Исто и оние што биле во Аушвиц и што тагувале заедно со децата и се соочиле со тоа дека нема назад веќе, наместо да земеле да им продаваат приказни на децата тие тагувале.
Мислам стварно, не ми се допаѓа филмов, што да правам.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Јас пред се да му се извинам на @Iceboy што не сум во можност да му го изгледам предлогот. Мене ми е филмов многу тежок да го гледам сред испитна, меѓутоа му ветувам на Ајси дека ќе најдам време да го изгледам по завршувањето на истата.

Без разлика, мене овој филм ми е гледан милион пати и уште толку пати да го гледам, секогаш сцената со марширањето ќе ми остава грутка во грлото, и тежина после гледање. Може зашто секогаш првото гледање е пресудно за филм, а јас овој го гледав кога бев отрпилика на иста возраст со Џошуа. Што е добар пример, за тоа колку е паднат квалитетот на македонските програми денес, во однос на тогаш.
Мене овој филм секогаш ќе ми значи многу, може никогаш нема да го листам како all time fav, може нема да го гледам ритуално еднаш годишно, меѓутоа е филм за којшто човек се врзува, од една или од друга причина, некогаш таа не мора да биде ни самата содржина на филмот, туку она што го создава од гледачот.
Anywayz, иако не сакам, и иако сите овие години мислев дека филмот и однесувањето на Гвидо се self-explanatory, не било така и еве имам сега нагон да си го оправдам ставот за тоа зошто овој филм ќе биде запаметен како класик.

Гвидо е родител од којшто секој родител треба да учи, и којшто на секој родител треба да му е идол. Зашто Гвидо е далеку од кловн, а овој филм, добитник на 3 Оскари, е далеку од исмевање на жртвите од WWII. Еве, јас родител не сум, меѓутоа и без тоа знам дека соочен со ќорсокак, најлесно е да се свиткаш и да потонеш во self-pity колнејќи си ја несреќната судбина, зашто секогаш без разлика на проблемот е најлесно да се предадеш. Меѓутоа, Гвидо е татко. Гвидо ако не за себе, мора да биде столб за син му. Гвидо мора, до самата смрт да го зачува детството на син му. Гвидо се што прави, прави за син му. Има големина во тоа, има nobility. Нималку не е лесно да глумиш безгрижност и забава во моменти кога животот ти виси на конец, кога носиш совест за тоа што жената што ја сакаш е во концентрационен логор - заради тебе, кога си под психички и физички притисок 24/7 во факинг Аушвиц. Има тежина во тоа што го правеше Гвидо, нему му беше јасно дека дете од 5 години, е премало да се соочи со војната, со геноцидот, со теророт расеан низ Европа, дека дете од 5 години е премало да порасне. И тој со.. бивањето кловн го зачува детството на син му, му овозможи да биде дете кога треба да биде дете. Тоа е обврска што секој родител ја има, а Гвидо не го спречи смрт, уште помалку војна да си ја изврши обврската како родител.
Има многу љубов во тој филм, многу храброст, многу жртва....

Во секој случај, да не должам понатаму, 9/10 од мене.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.418
Поени од реакции
35.785
@MDI , јас имам само една молба до тебе: те молам, за едно 10-тина, 15 години, кога ќе имаш деца, најди сила во себе и изгледај го повторно филмов. Само толку!
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
@MDI , јас имам само една молба до тебе: те молам, за едно 10-тина, 15 години, кога ќе имаш деца, најди сила во себе и изгледај го повторно филмов. Само толку!
Ај aкo пoстoи фoрумoв ќе пишaм дaли сум гo сменил мислењетo.
 
W

wicked_1

Гостин
This is how you write a story.
Најверојатно еден од најдобрите филмови некогаш направени.

Мислам дека ни самиот Бенињи не би можел да објасни сега како му успеа да креира една таква емоционална сторија на комедичен сет во која балансира помеѓу екстремни спротивности како љубов и надеж од една страна, и ужаси и терори од друга.

9.5/10
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.390
Поени од реакции
25.192
Со големо катастрофално задоцнување го изгледав својот предложен филм The Hottest State, a тек којзнае кога ќе ги гледам вашите.
Се зезам. Ветив ќе бидам поредовен. :)

Филмот во сеќавање ми останал ист како што го гледав сега, само после речиси 6 години од првото гледање па до сега, со некое поголемо гледачко искуство и со малку повеќе животно искуство. Ми го донесе истиот оној ефект на кој се надевав.
Многу почитувам кога еден филм се обидува да биде искрен, а овој филм го прави токму тоа, Итан Хок во сценариото а потоа и во реализацијата се обидува да биде искрен, се гледа дека му значи и како што прочитав, создаден е според книгата која е некој вид на автобиографија.

Не знам од каде да почнам, но ете ќе се обидам да се надоврзам на постот од @wot . Јебига, кога сите други беа 5-ки :D Ќе бидам краток:

Од аспект на сценариото, мислам дека точно е доловено токму она што можат да го направат двајца 20 годишни. Ликот на Вилијам е пред се - наивен, па после неискусен, несигурен во себе, осамен, а наивноста го прави да биде и лажго.
Проблемот кај него е што мислам дека него му беше воопшто и прво искуство со девојка и врска, затоа толку се заеба. Зошто мислам така: во сцената кога требаше да имаат секс во Мексико за прв пат и кога тој беше нервозен и рече дека подобро да спијат, се осети онаа несигурност со која ти е страв дека ќе се избрукаш при редење кондом затоа што не знаеш како. После во следната сцена се клецкаа без, и воопшто кога другата девојка отиде дома кај него за да се ебат, тој го направи истото.
Многу вешто го прикриваше тоа, преку наивната слика што сакаше да ја остави кај себе дека е ебач, до префрлањето дека тој раскинувал и знаел како е (тоа и го префрлаше на Сара во сцената со роденденот, демек - знам дека лажеш, и јас сум го правел тоа) што немаше врска... Дури и по тоа како се држи и облекува ликот може да се забележи каков е - Вилијам со неговите смешни кошули, шатирана коса, исти фармерки, а по држењето - при секоја кавга во кадарот стоеше подалеку од Сара. Во сцената кога Вилијам слуша дека Сара имала дечко, кога се наоѓаат кај мајка и и излегуваат на тремот, тој се држи на другата страна од тремот додека не ја почувствува повторно блиска. Секогаш кога Сара ќе речеше нешто што Вилијам не сака да го чуе, овој се оддалечуваше подалеку во кадарот и можеше да се забележи тој јазик на тело кој е толку тешко да се долови ако претходно не се доживеал и тука ја гледам таа искреност на Итан Хок.

Сара е една топ женска, целосна спротивност на Вилијам, веќе поминала низ тие води, знае дека од него најправилно е да очекува само убаво да си помине и ништо друго, лаже на неколку пати. Расте исто така во дисфункционална средина, кога единственото на што се сеќава е како го чешала грбот на татко и до посинување.
Кога му кажува на Вилијам (исто на тремот...) за бившиот дечко, мислам дека се чувствува колку го лаже, и според телефонскиот повик со мајката кога требаше да се венчаваат, сфати дека згреши, не дека нејзината мајка ја натера на тоа. Многу се протнуваше идејата за контрацепција, несакана бременост и слично, мислам дека Сара страдаше токму од тоа, поминала низ некој абортус и се откажала од факултет, секогаш таа вечна тема да се биде млад и сам во Њу Јорк. Нејзините постапки се од оној вид на луѓе кои можат без секого. Во држењето и облекувањето исто така се гледа контрастот, секогаш е во црвениот капут и ги држи рацете склопчени, дури и во најтоплите предели на Мексико мора врз себе да носи некое ќебе, било што што ќе изгледа дека се штити себеси. Низ сето тоа, единствено успеа да ја потфати магијата на добриот секс и оној момент кога си далеку од дома и мислиш дека се е дозволено.

Потоа, кога доаѓа моментот кога двајца се разединуваат. Втората половина од филмот не троши време и влегува клизачи. Еј јеботе што може да направи еден телефонски повик за роденден, или таа посесивност што настанува кога уште не ти мавнало во главата дека нешто завршило, па се претвораш во животно и се обвинуваш себеси. Колку детска наивност постои во постапките на Вилијам да се обвинува себеси за резултатот од врската, и колку тоа одговара на возраста која ја толкува. Се сеќавам многу одамна, овде на форумов, имаше еден пар дечко и девојка, во своите тинејџерски денови, и пукна блам дека кога таа му го испушила на некој друг, дечко и и се извинил. Многу, многу заебана психологија.

Од третата страна на сценариото, моментите со неговите родители - Вилијам не отиде ниту кај едниот ниту кај другиот за да тера правда, туку едноставно затоа што бараше утеха. Интересен момент е кога неговата мајка му раскажува за дечкото, а овој не ја слуша, па таа му вели дека може да се заљубиш милион пати. Колку само далечно изгледа тоа за некој на кој штотуку му завршила врската, дека „кур што ќе помине“.
Истото се случи и кога отиде кај татко му. Кога овој му рече „не знам, може сум бил заљубен“ Вилијам изреагира како што баш доаѓа - да чувствува завист, дека некој друг, а кој друг ако не сопствениот татко, надживеал некој тежок момент.

Последната сцена е се она што може да се побара од добро структуиран филм - да се врати на почетокот, а ликовите да не се повеќе истите од тогаш. Имаше добар офф скрин дијалог од нивната прва средба, додека овој ја слуша неа кај што пее. Мислам дека Сара за прв пат го побара затоа што почна да и недостига, по некоја логика... И за прв пат беа облечени различно, со што помалку облека на нив. Кога Вилијам седна на масата, се виде дека тој е тој што е изменет, додека оваа се обиде да биде што поразумна, ми се допадна како на крајот тој беше тој што всушност замина, што се почувствува навистина слободен. Погледот кој Сара го остави на него додека заминува не е случаен, има многу во него, оној непотребен очај кога сфаќаш дека поминало време, а не си нашол некој навистина така добар.

Во однос на камерата и монтажата, совршено функционира во однос да го движи филмот, хенд хелд камерата мислам беше тука за да ја долови внатрешната состојба на ликовите, а монтажата на off screen дијалог за да ги прикаже оние безвезни мисли кои доаѓаат додека се возиш во автобус или воз и упорно, упорно го ревидираш времето, се потсеќаш на секој ебан детаљ, се трудиш да запаметиш што повеќе за нешто да ти остане, па ти доаѓаат работи кои никогаш не се случиле, дијалози кои си сакал да ги кажеш но си се сетил после 3 години во сабота навечер додека пиете ракија со другарите, такви некои глупости.

Тоа е од мене :) Малечок филм, и повторно ќе речам - искрен во намерата и покрај техничките грешки, сигурно е направен на мускули и има бајаги снимачки денови и бајаги локации, па авторот на крајот се откажал од плата за да го сними тој еден кадар што му недостига. Не знам, мене ми личи на таквите филмови. Каде жртвуваш многу за да го снимиш макар тој еден филм кој „ќе го промени светот“.
:)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Sooo, where do i begin?

За мене беше, е и ќе остане all time favourite филмов.
Памтам дека прв пат го гледав па на некои 9-10 години мои, можеби и еден од првите филмови од неанглиско говорно подрачје (ако исклучиме филмови и серии од Балканов). Знам дека татко ми ме натера да го гледаме, го даваа по телевизииве наши (Corvus убаво кажа погоре, порано овакви филмови на ТВ на редовна база, вчера гледам најава на Сител за филм со Жан Клод Ван Дам кога има 25 години максимум, го најавуваат мислиш La La Land ќе го даваат пред кино премиера да има), откако го изгледав ги умрев по дома со гифот од погоре, кога Џошуа излегува од шкафчето и се дере Buongorno principessa (ако не се пише овака ова, ќе извињавате). Уште тогаш знам дека се заљубив во филмов, ама копиљ ко копиљ, шо сум разбирал, пола и повеќе филм не сум го разбрал сигурно, само во глава ми останаа таа фраза. После некое време пак го фатив на ТВ, за конечно да дојде ред да го спуштам и да го изгледам од почеток до крај и да видам дали ќе останам фасциниран како и првиот пат. Таков сплет на емоции ниеден друг филм не постигнал кај мене, во ниеден друг филм се немам смеено толку, а во исто време да гледаш ужаси наоколу, уште кога знаеш какво време било тоа и што се се случувало.

На страна оној „кловновскиот хумор“ на Гвидо, има и суптилен хумор на моменти, пример на крајот, кога почнуваат да убиваат се живо и диво во кампов, Гвидо му вика на Бартоломео, „Ти остани тука ако сакаш, јас си одам, ќе се видиме понатаму, може фабрика за наковални во Италија“ (а пола филм претходно ги гледаме како носат наковални на сите страни).
Сцените со сапунот, кога преведува од германски, вереникот на Дора и јајцата, цела сцена со свадбата кога ќе дојде со коњот, се е тоа толку забавно направено, толку ненападно, толку многу се чувствува љубовта на Гвидо кон Дора и Џошуа и искрено стварно не знам како може тоа да ви делува исфорсирано. Првиот дел е ром-ком кој трае околу 50 минути, а има подобар ефект како таков од 95% од ром-ком филмовите што се направени.

Да, се зборува за едно од најмрачните времиња на човечката историја, ама татковата љубов на Гвидо не може да дозволи да биде уништено детсвото на Џошуа, не може и не сака да ја уништи невиноста кое што ја има едно 5 годишно дете. И што знае 5 годишно дете за светот па не би можело да поверува дека ова е игра? Дури и таа невиност се прикажува суптилно кога нема да сака да си отиде дома оти надвор врне и може да настине или кога си игра со тенџерето и лажицата додека е сам во собата. Реално, Џошуа ќе умреше да не беше неговата омраза кон туширање, тука Гвидо ништо немаше да може да направи, да не дојдеше Џошуа во работилницата и да не се скри таму, туку да отидеше на туширање филмот ќе завршеше таму. Ама се спаси и после тоа дојде Гвидо кој мораше да го крие на сите страни, под кревет, најгоре на креветите, покриен со ќебе во количката што ја буткаше, on plain sight заедно со германските деца.

Дора е исто посебен лик, реши да отиде во скоро па сигурна смрт со семејството, бидејќи беше свесна дека ништо нема да може да направи од дома, едноставно сакаше да помине уште малку време со нив. Ги разделија, па не ги виде ниту еднаш, ама Гвидо се погрижи да бидат заедно на моменти додека зборуваше на разгласот и кога пушташе музика од грамофонот.

Докторот е ликот кој сите треба да го замразат, а тој беше ставен тука за да се покаже дека без разлика на се што се случувало во концетрационите логори и на бојното поле, аристократите од ариевската раса едноставно си продолжиле да го живеат животот како ништо да не се случува, оделе на работа, си решавале загатки, исто како и претходно, не ги интересира ништо за другите, за него проблемот со загатката му беше најтешкото нешто во животот, а не тоа што илјадници луѓе умирале секој ден.

Крајот е феноменален, маршот на Гвидо кон смртта е посебен, дури и после маршот, кога Џошуа не го гледаше имаше насмевка на лицето знаејќи дека го насмеа син му за последен пат, дека сепак успеа да го спаси него и неговото детство и дека иако ќе умре ја освои главната награда.

100/10 со rewatch value, со триста пати изгледан, со емоции, со ежење кога конечно на крај ќе се соединат Џошуа со мајка му, со уште повеќе ежење кога ќе се слушнат истрелите и сфаќаш дека Гвидо е мртов...
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.740
Поени од реакции
2.554
„Животот е убав“ прв пат го гледав во кино во времето кога излезе. Не се сеќавам дали беше пред или после оскарите. Се работи за одличен филм, кој на еден интересен, да не речам бајковит начин ни прикажува дел од животот за Гвидо.
Ликот на Гвидо е едноставен, симпатичен, оптимистичен, забавен и тешко е да не се соживеете со него. Она што мене лично не ми се допаѓа се елементите на слепстик комедија присутни во целиот филм вклучувајќи го и ликот на Гвидо кој по однесувањето и геговите многу потсеќа на глумата на Чарли Чаплин или Џери Луис.
Свршеникот на Дора е класичен смотан лик, авторитет од позиција на сила кој не гледа подалеку од носот и нормално на крај останува без девојката.
Филмот успева да функционира затоа што во него нема негативни ликови, нема приказ на зло и терор иако половината се случува во концентрационен логор. Сликата на логорот е прилично ублажена за да може да функционираат хуморот и невозможната ситуација која Гвидо ја конструира за својот син. На моменти дури и премногу наивно.

Музиката беше сосема соодветна, без наметнување. Монтажата и камерата одлични, сосема на ниво, ништо претенциозно. Колоритетот соодветно се промени во вториот дел, од топли бои премина на затворско сивило. Единствено забележливо беше тресењето на камерата во неколкуте сцени со возење. До толку ли не можеа да употребат некој систем за стабилизација?

Филмот изгуби некои од оскарите од „Вљубениот Шекспир“, а зема пред „Спасувањето на војникот Рајан“, но тоа повеќе кажува за кредибилитетот на самите оскари отколку за филмот.

Од мене 7/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.418
Поени од реакции
35.785
Уште една чиста ко солза десетка од мене. За мене ова беше трето гледање на филмот, но интересно - прво како родител, па имаше дури и засилен ефект. Неповторливо ремек дело за љубовта, за жртвувањето, за животот и сите негови убавини. Јас како таков го гледав, а не како филм за ужасите на војната и холокаустот. Не знам што друго да пишам кога уште имам кнедла во грлото која никако не можам да ја голтнам. А и онака го мислам истото како повеќето од вас, а вие веќе сѐ сте си пишале.

Само уште ова - кадар кој треба да оди во темата „Еден совршен кадар“:
Screenshot_2.jpg

EDIT: Не земајќи ги во предвид Crouching Tiger, Hidden Dragon и Letters From Iwo Jima кои се кинеско-тајванско-американска и јапонско-американска копродукција, и францускиот The Artist кој е нем филм, како и неколкуте британски, ирски и канадски кои се на англиски јазик, Life is Beautiful и Amour на Ханеке се единствените два странски филма кои биле номинирани за Оскар за најдобар филм во последниве 20 години. Или, поупростено: Life is Beautiful и Amour на Ханеке се единствените два филма кои освоиле Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје и се натпреварувале за главниот Оскар во последниве 20 години.
 
Последно уредено:
G

grande-juve

Гостин
за љубовта, за жртвувањето, за животот и сите негови убавини. Јас како таков го гледав, а не како филм за ужасите на војната и холокаустот.
Да не ме сфати некој погрешно и да се навреди, ама по мене така и требаше да се глеа филмов, и тоа му е првичната поента.. а во позадина се ужасите на холокаустот, ама и покрај тоа се постигнува и тој ефект, посебно во сцената со маглата и мртвите тела.
Инаку за се поврзано со камповите, холокаустот и евреите, Бенини и продуцентите(еден исто Евреј) ептен истражувале и вршеле интервјуа со преживените. Заборавив точно ама мислам неколку години, баш поради ризикот филмов погрешно да биде сфатен и слично. Имало и еден преживеан цело време на снимањето за цел тој сетинг и атмосфера изгледа релно. После прикажување на филмов Бенини добива од Евреите и некое признание(заборавив сеа точно кое).. така да самите Евреи(барем генерално) не го сфатиле и виделе како нешто невкусно, ублажено и слично.

И уште една интересна информација, дистрибутерите на филмов буткале јако Гвидо да преживее, сметале дека така финансиски поисплатливо ќе било.. за среќа не успеале, ќе се заебеше крајот.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Филм со душа.
За разлика од некои членови кои пишаа како на почеток ликот на Бенини е нападен за мене е баш спротивно, сцената со возењето и читањето поезија па се до спонтаниот поздрав на Гвидо e одлично отворање на неговиот карактер.
Совршен баланс од комедија и драма, без чизи моменти и без премногу драма на крајот, перфектно реализиран цел проект
За карактерите нема што да напишам, читајќи ве се комплетираше големата слика за La Vita e Bella, и не остана ништо за да допишам па :
Има тежина во тоа што го правеше Гвидо, нему му беше јасно дека дете од 5 години, е премало да се соочи со војната, со геноцидот, со теророт расеан низ Европа, дека дете од 5 години е премало да порасне. И тој со.. бивањето кловн го зачува детството на син му, му овозможи да биде дете кога треба да биде дете. Тоа е обврска што секој родител ја има, а Гвидо не го спречи смрт, уште помалку војна да си ја изврши обврската како родител.
Има многу љубов во тој филм, многу храброст, многу жртва....
10/10

п.с.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.418
Поени од реакции
35.785
Каков почеток на годината! Браво момци и девојки, вака да останете до крајот на 2017, со ист ентузијазам! Само да расчистиме неколку работи:

@џимеј - останува 9 за The Hottest State?
@Corvus - уште не ја видов твојата оценка за The Hottest State
@Вокерка - welcome to the club! Бидејќи знаеме дека цело време нѐ демнеше од позадина, те охрабрувам ако можеш да пишеш збор-два и за останатите кои си ги гледала. Ако не успееш, ќе гледам според letterboxd профилот да ги означам со жолто филмовите кои си ги гледала во листата на членови.

До сега 16 души го гледале Life is Beautiful, што е прв пат по цели 18 филма, или прв пат по 08.05.2016. Но ние можеме уште! @Anon , @wot , @џимеј , @Shawn Spencer - вие што чекате? @ManUtdChampions , @ob1 , @Erich Zann , @Хефест - вие рековте ќе се вратите? Па еве убава можност да се вратите на почетокот од годинава. @dejan_k - сигурен си дека не сме се вратиле на старите патеки? Ни фалиш!

И останатите! Знам дека можете! ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom